Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Граматичка категорија вид кај глаголите

Според траењето на дејството глаголите по вид можат да бидат: свршени и несвршени глаголи.

Несвршени глаголи означуваат дејство во траење, што се одвива / нема свој крај.

Пр.гледа, чита, оди, пее, спие...

Свршени глаголи означуваат дејство кое е целосно завршено.

Пр. прочита, запеа, преспа,падна...

префикс/претставка

про- чита прочита

свршен
глагол
до- дочита

несвршен глагол

Кај несвршените глаголи има подгрупа а тоа се повторливи глаголи кои означуваат дејства кои се
одвиваат со прекини, со повторувања.

Пр.размавнува, разлистува, потпевнува, потсконува,тропнува...

Видски двојки(несвршен / свршен глагол), чиј вид може да се определи само ако се прочита целата
реченица.

Пр. Јана вечера. (несвршен глагол)

Јана вечера и стана да земе вода. (свршен глагол)

Томе телефонира. (несвршен глагол)

Томе телефонира и излезе надвор. (свршен глагол)

Вежби:

Определи ја категоријата вид на глаголите во речениците:

1.Тетка ми надгради еден кат на куќата.

надгради- менлив збор, глагол,3л, еднина, минато време, свршен по вид

2.Секогаш кога доаѓа, тропнува тивко на вратата.


доаѓа-м.з., глагол, 3л, еднина, сегашно време, несвршен по вид

тропнува- м.з., глагол, 3л, еднина, сегашно време, несвршен по вид

3.Додека чисти, потсвирнува некоја мелодија.

чисти- м.з., глагол, 3л, еднина, сегашно време, несвршен по вид

потсвирнува- м.з., глагол, 3л, еднина, сегашно време,повторлив по вид

4.Одеднаш заврна, а јас носев чадор.

заврна -безличен глагол

носев- м.з., глагол, 1л, еднина,минато време,несвршен по вид

Свршените глаголи трансформирај ги во несвршени:

1.Лиле истрча пред зградата.

2.Напишавме лектира за утре.

3.Тони тропна на масата.

4.Тие испеаја убава песна.

You might also like