ЕСЕЈ КОМПЈУТЕРСКО ПРАВО

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Факултетза правни науки, меѓународни односи и дипломатија

Есеј по предметот:

КОМПЈУТЕРСКО ПРАВО

ТЕМА:

СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ КРИВИЧНИ


ДЕЛА, ВРЗ ОСНОВА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ И
КРИМИНАЛИСИТИКАТА

Ментор: Студент:
Проф. Магдалена Пунчева Мартин
Илиевски
Бр. Индекс 070/19
Скопје, 2020
ВОВЕД .................................................................................................................................... 3

Типови на компјутерски криминал .................................................................................. 6

Правна регулатива во Република Македонија ............................................................. 7

Органи за справување со компјутерски криминал во Република Македонија ..... 10

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА .......................................................................................... 12


ВОВЕД

Компјутерскиот криминалитет е криминал на сегашноста и иднината, констатација која


е вистинита, бидејќи компјутерите влегоа во сите сфери на општеството, така што
речиси е непоимливо идното функционирање без нив. Компјутерот за индустријата
претставува трета индустриска револуција за целокупното човештво, изум кој го
олеснува животот од сите аспекти, изум кој овозможи брза комуникација и размена на
информации и го стави ,,светот на дланка“ или светот го направи глобално
комуникациско село. Секоја ѕвезда што сјае има и своја темна страна, така и моќта на
компјутерот покрај огромните позитивни страни има и негативни можности. Тие им
овозможуваат на вештите компјутерџии кои имаат криминални аспирации да си ги
остварат, а можноста да бидат откриени и санкционирани зависи од моќта, знаењето и
вештината на органите на прогон, за откривање, расветлување и докажување на
криминалот со елементи на компјутерски криминалитет. Глобалната комуникациска
мрежа создава огромни можности за криминални однесувања при што компјутерот се
јавува во улога на средство за извршување на криминална активност или пак
претставува објект на напад на вештите криминалци кои усовршувајќи го своето
знаење на компјутерите изнаоѓаат и нови начини за остварување и на нивните
криминални цели кои во најголемиот број случаи се сведуваат на стекнување огромни
финансиски добивки, со оставање мали можности да бидат откриени и осудени за
сторениот криминал. Компјутерската револуција која се засили во текот на
осумдесетите и посебно во деведесетите години од минатиот век, како и ширењето на
глобалните светски компјутерски мрежи донесоа (како и секое ново технолошко
достигнување) нови облици на општествено неприфатливи однесувања, а кои на
соодветен начин треба да се инкриминираат. Меѓутоа, се покажа дека националните
законодавства тешко се приспособуваат и инкриминирањето на новите појавни облици
на криминал оди доста бавно. Имено, современиот свет, историски гледано, припаѓа во
постмодерната ера, чија битна специфичност е сите сериозни проблеми на општеството
да стануваат глобални, па така и компјутерскиот криминалитет станува доста брзо
глобален проблем за кој треба да се изнаоѓаат решенија на глобален, светски план.
Решенијата донесени глобално, треба да се приспособуваат национално преку
прифаќање на препораките од бројните меѓународни конвенции, донесени по
согледување на проблемот од страна на посебно формираните експертски тимови за
истражување на компјутерскиот криминал како придобивка на современиот начин на
комуникација и компјутеризацијата во сите општествени сфери. Ниту во историјата, а
ниту денес, ниеден нормативен акт не успеал до крај да ги опфати сите релевантни
општествени односи и се поставува прашање зошто некои општествено опасни и
негативни појави подолг период правно не се регулирани, односно инкриминирани. Со
оглед на фактот дека компјутерите и компјутерските мрежи во денешно време се
користат во сите сфери на општеството за подобрување на работењето, комуникацијата
и сл. се создаваат можности и за нивна злоупотреба во криминални цели.
Криминалците ги користат компјутерите и компјутерските системи со цел остварување
на ,,брз заработувачка,, со вложување на малку труд, но многу знаења и вештини, а
стекнување со високи криминални приноси. Тие го познаваат и казненото право и
непостоењето на казнени одредби за конкретни криминални поведенија и се одлучуваат
за криминални активности кои не се санкционирани (реалност во практиката на
полициските органи претставуваа криминалните ситуации со употреба на лажни
платежни катички, а тоа поведение е инкриминирано во македонското казнено право во
2009 година, а криминални случаи беа регистрирани и во 2007 и 2008 година, па
сторителите беа осомничувани за – компјутерска измама). Тоа беа првите криминални
ситуации на организирани криминални групи кои извршија криминални делувања во
повеќе градови на Република Македонија, со инволвираност на сторители од Бугарија и
Србија. Глобалниот виртуелен свет стана погодно место за работење и приватна
комуникација и како таков е погоден амбиент за многу луѓе, а со самото тоа во текот на
деведесетите години од минатиот век стана многу интересен и за криминалците.
Вештите сторители на кривични дела од областа на компјутерскиот криминалитет или
како што уште се нарекува високотехнолошки криминал, вешто го искористија
Интернетот кој стана ,,учител на вештини“ за криминалците од другите области и тоа
во целиот свет. Ваквата врска на Интернетот и криминалот оформи два типа на
високотехнолошки криминал и тоа: напад на мрежа и користење на мрежата како
средство и место на извршување за другите криминални активности. Меѓународната
соработка помеѓу криминалците, благодарение на Интернетот многу е олеснета. Со
проширени граници на делување во своите различни појавни облици,
високотехнолошкиот криминал денеска поставува нови предизвици со кои се
загрозуваат граѓаните, колективната безбедност, како и економската стабилност на
многу држави. Последиците од компјутерскиот криминал во светот се сé поевидентни,
штетите од финансиските компјутерски кривични дела се сé поизразени, а листата на
појавни облици постојано се шири, така што тоа ја налага потребата и од поширока
меѓународна акција во борба против компјутерскиот криминал со современи методи и
средства, соработка и координација на соодветните институции од сите држави во
светот. Благодарејќи на огромната моќ на компјутерот во меморирањето и брзата
обработка на голем број податоци, автоматизираните информатички системи стануваат
се побројни и скоро незаменлив дел на севкупниот општествен живот на сите субјекти
(физички и правни лица) на сите нивоа во општеството. Така, компјутерот станува
секојдневен и незаобиколен дел, сегмент на сите сфери на општествениот живот од
производството, прометот, услугите, па се до највисоките безбедносни системи во
државите. Значајна криминалистичка карактеристика на компјутерскиот криминалитет
е тоа дека сторителот делува од една точка на Планетата Земја, а последицата или
последиците настануваат некаде далеку, на другиот крај од светот. Сторителот и
жртвата не се познаваат, не се познаваат лично и сторителите кои градат криминални
мрежи низ повеќе држави од светот и се поврзуваат со барање за остварување на
високопрофитни криминални цели и мали можности за откривање на нивниот
криминал. Ова најчесто им успева бидејќи за овој вид на криминални однесувања во
некои држави од светот не се инкриминирани кривични дела или постојат несоодветни
инкриминации. Сторителот на компјутерскиот криминал е посебен, софистициран,
продорен, технички поткован, бескурпулозен, опседнат, понекогаш осветољубив
поединец на кого е тешко да му се спротивставиме, а уште потешко да го спречиме во
криминалната намера. Сторителот ретко делува сам, тој има дарба на поврзување,
барање нови можности, формира криминална мрежа, која со тек на време добива
натпреварувачки аспирации во тоа кој ќе изнајде нови методи и технички можности за
криминално делување, а можностите за оставање на траги и докази од нивното
криминално делување ги сведуваат на минимум. Но, бидејќи современата
криминалистика, не признава ,,совршено злосторство“ или нема криминал без било
каква трага или доказ, со која се поврзува сторителот, со конкретното кривично дело, се
развива нова гранка на криминалистичката методика која ги усовршува методите,
средствата и знаењата во обезбедување на доказен материјал или постапка на
аквизиција на доказите и нивна презентација пред судските органи со цел
санкционирање на сторителите на компјутерските кривични дела. Но, дали и тоа е
секогаш можно. Дали она кон што се стремат националните законодавства е соодветно
инкриминирање на појавните облици на компјутерски криминал, прифаќање на
препораките на меѓународните документи и на некој начин се налага потреба да се
направи нивелирање на националните законодавства, со цел да се овозможи и успешно
водење и спроведување на меѓународни акции за расветлување и докажување на
транснационален компјутерски криминал. На сторителот на компјутерски криминал, за
кого во криминалистичката литература се зборува како за ,,гениј на злото“ треба да му
се застане на криминалниот пат со конкретни мерки, произлезени од добри законски
решенија, за да се открие и обезбеди сторителот, без оглед каде се наоѓа, каде
е ,,засолнет“ во светот, да се создаде ситуација и тој да биде изведен пред судот на
правдата. Компјутерскиот криминалитет според начинот на неговото извршување,
користењето на компјутерската технологија како средство и објект на криминален
напад го прават специфичен овој вид на криминалитет. По што тој се издвојува од
областа на класичниот и економско – финансискиот криминалитет, а посебно
обезбедувањето на електронскиот доказ е специфична постапка која бара соодветни
стручни знаења од повеќе области (информатика, право, криминалистика, форензика),
што укажува на потребата од посебна методика на истражување на компјутерските
инциденти и обезбедување на електронски докази кои ќе овозможат успешно водење на
кривичната постапка и донесување соодветна кривична санкција спрема сторителот,
сторителите. Но, од аспект на местото и просторот на извршување и криминално
делување овој криминалитет добива меѓународни димензии и за истражување на
криминалните делувања во две или повеќе држави е неопходна меѓународна соработка
на надлежните државни органи на прогон и единствено водење на кривична постапка
спрема стортелите, што ја налага потребата од хармонизација на националните
законодавства. Со оглед дека компјутерскиот криминалитет е современ облик на
криминалитет предизвикан или потпомогнат со развојот на информатичката
технологија, а пројавува и обележја на организиран криминалитет постои тешкотија во
лоцирањето и одредувањето на најзначајните теоретски и практични проблеми сврзани
со неговото откривање, докажување, разјаснување и превенирање. Се чини дека во
врска со ова криминалистичката практика е пред теоријата и тоа од проста причина што
сé уште не се создадени теоретски системи и потсистеми на знаења на ниво на
криминалистички методики за борба против компјутерскиот криминалитет.
Криминалистичкото истражувањето на компјутерскиот криминалитет е сложена
постапка во која се неопходни стручни знаења од повеќе области, а тоа е возможно
само со тимска и стручна работа на стручни и компетентни лица, кои со својата
стручност, знаење и способности треба да придонесат за успешно планирање,
координирање и водење на истрага за расветлување и докажување на компјутерските
инциденти кои имаат елементи на кривично дело предвидено со кривичен законик, а
посебно при обезбедување на цврст и несоборлив електронски доказ, прифатлив за
судските органи кои треба да ја водат кривичната постапка и да изречат санкција за
сторителите, но и при водење на паралелна постапка за утврдување на видот и висината
на противправната имотна корист или било кој вид на предизикана штета спрема
жртвите на компјутерскиот криминалитет. За утврдување на видот и висината на
противправната имотна корист се води финансиска истрага која има за цел утврдување
на криминално стекнатите приноси (видот и висината), нивно обезбедување со цел
овозможување нивно замрзнување и конфискација на криминално стекнатите приноси
и имот од сторителите на компјутерски криминалитет.

Типови на компјутерски криминал


Во различни трудови класификацијата на типовите на компјутерскиот криминал е
различна. Во документите од работилницата на тема „Криминалот на мрежа“ на
десетиот конгрес од ОН е константирано дека постојат две подкатегории на
компјутерски криминал: компјутерски криминал во потесна смисла – како секое
противзаконито дејство насочено на електронски операции за безбедност на
компјутерските системи и податоците кои се обработуваат на истите; компјутерски
криминал во поширока смисла – како секое противзаконско дејство поврзано за или во
спрега со компјутерскиот систем или мрежа, вклучувајќи и криминал како што е
незаконито поседување, нудење или дистрибуирање информации преку компјутерски
системи и мрежи. Во истите документи се наведени конкретните облици на
компјутерски криминал во согласност со препораката од Советот на Европа и листата
на OECD (engl. Organization for Economic Cooperation and Development) од 1989 година.
Тоа се:

1) неавторизиран пристап на компјутерските системи или мрежа со кршење на мерките


на безбедност (hacking);

2) оштетување на компјутерските податоци или програми;

3) компјутерска саботажа;

4) неовластено пресретнување на комуникациите од и во компјутерските системи и


мрежи;

5) компјутерска шпионажа.
Правна регулатива во Република Македонија
Република Македонија ја започна борбата против тероризмот со учество на разни
семинари и конференции кои се поврзани на темата компјутерски тероризам.
Македонија исто така има ратификувано и голем број на меѓународни конвенции кои се
однесуваат на компјутерски криминалот. Во 2004 година Македонија ја ратификуваше
и Конвенцијата за компјутерски криминал донесена во 2001 година од страна на
Советот на Европа, како и дополнителни протоколи за криминални акти од
расиситичка и ксенофобична природа преку компјутерските системи. Овие
меѓународни правни акти се во склад со домашната правна регулатива. Вака
дефинирани одредбите се внесени и во македонското материјално законодавство и тоа
во делот на општите одредби каде што се дефинирани основните поими за овој вид на
криминал, како и специфични конкретни кривични дела. Домашната правна рамка која
ја регулира областа на компјутерскиот криминал ги вклучува:

• Кривичниот Законик (КЗ)

• Законот за кривичната постапка (ЗКП)

• Законот за електронските комуникации

• Законот за следење на комуникациите

• Законот за електронска трговија

• Законот за електронско управување

• Законот за парнична постапка

• Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис

• Декларација за побезбеден интернет.

Домашното законодавство го задржува континенталниот пристап и нормите кои ја


регулираат оваа материја и се внесени во постојните закони, притоа водејќи сметка за
заштитата на основните човекови права во врска со правото на слободно изразување и
слобода на мислата и правото на приватност. И покрај тоа што компјутерскиот
криминал претставува материја која постојано се менува и има новитети кои неможе
едноставно да се дефинираат (нови технологии во мобилната телефонија, примена на
посебни истражни мерки итн), а особено кога станува збор за транснационална
комуникација, сепак Конвенцијата во целост е инкорприрана во нашето законодавство.
На овој начин се овозможува полесна меѓународна соработка, како и можност за лесно
прилагодување на соодветните одредби на новите облици на овој вид на криминал.
Материјалното право, Кривичениот Законик, Материјалните одредби за кривичните
дела од областа на компјутерскиот криминал се содржани во КЗ и се однесуваат на:

• член 144 – Загрозување на сигурноста

• член 147 - Повреда на тајноста на писмата или други пратки

• член 149 – Злоупотреба на лични податоци

• член 149-а – Спречување на пристап кон јавен информатички систем

• член 157 – Повреда на авторско право и сродни права

• член 157-а - Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен


сателитски сигнал

• член 157-б – Пиратерија на аудиовизуелно дело

• член 157-в – Пиратерија на фонограм

• член 193 – Покажување на порнографски материјал на дете

• член 193-а - Производство и диструбуција на детска порнографија

• член 193-б - Намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не
наполнил 14 години

• член 251 - Оштетување или неовластено навлегување во компјутерски систем

• член 251-а - Правење и внесување на компјутерски вируси

• член 251-б - Компјутерска измама

• член 271 – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување

• член 274-б - Изработка и употреба на лажна платежна картичка

• член 279-а - Компјутерски фалсификат

• член 286 - Повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на


интегрални кола

• член 394-г - Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на


компјутерски систем

• член 122 - Дефинирање на основни сегменти на компјутерскиот криминал:


Покрај КЗ, материјалното право кое ги регулира различните казниви аспекти на
компјутерскиот криминал исто така се сретнува и во други закони кои најчесто содржат
посебна глава која се однесува на прекршочни одредби. Такви посебни закони (lex
specialis) кои регулираат специфични прашања од областа на електронските
комуникации. Процесот се однесува на прашањата поврзани со компјутерски криминал
при што главен акцент е на мерките и дејствата кои се применуваат конкретно за овој
вид на криминал, како и на мерките и дејствата кои се применуваат при
конвенционалниот криминал. Овде влегуваат одредбите од ЗКП за пребарување на
компјутерски систем и компјутерски податоци (член 184) и привремено одземање на
компјутерски податоци (член 198), како и одредбите од глава XVII – Мерки за
пронаоѓање и обезбедување на лица и предмети, понатаму цел и видови на посебни
истражни мерки (член 252) особено посебните мерки таен увид и пребарување во
компјутерски систем и увид во остварени телефонски и други електронски
комуникации итн. Компјутерскиот криминал, како и конвенционалниот криминал,
претпоставува прибирање на докази кои и покрај нивното физичко присуство бараат и
прибирање на податоци кои не се видливи и се во форма која што претпоставува
претходно нивно детектирање и фиксирање преку физичкиот облик (компјутер,
работна станица, телефон и сл.) па потоа превземање на дополнителни процесни
дејствија кои претпоставуваат индиректен контакт со докази во електронска форма и
места каде што истите се складирани. При прибирањето на доказите од особено
значење е:

• потврда за привремено одземање на предмети;

• кои предмети може да се одземат;

• начини на привремено одземање на предметите ;

• услови и принципи на зачувување на веродостојноста на одземените предмети. Во


ексклузивни случаи прибирањето на доказите се врши далечински со примена на
одредбите од член 32б од Конвенцијата за компјутерски криминал. Во ситуации кога е
потребно да се направи увид во компјутери кои во моментот работат, од исклучителна
важност е да нема прекин во електричното напојување, бидејќи RAM-от ги чува
податоците се додека има напојување, во спротивно истите може да се изгубат.
Органи за справување со компјутерски криминал во
Република Македонија
Почетоците на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика (СККДФ) се
во февруари 2005 година кога за првпат е формирано Одделение за компјутерски
криминал и фалсификати, во рамките на Секторот за Финансиски криминал при
Одделот за Организиран криминал. Во октомври 2008 година Одделението прераснува
во Единица за борба против компјутерски криминал во рамките на Одделот за борба
против Организиран и Сериозен криминал. Во ноември 2014 година Единицата се
издвои од Одделот за Организиран Криминал и прерасна во Сектор за Компјутерски
Криминал и Дигитална Форензика во рамките на Централните полициски служби.
Притоа, Секторот има надлежност на постапување на целата територија на Република
Македонија. СККДФ е составена од две одделенија и тоа: Одделение за истраги за
компјутерски криминал кое има два отсека и тоа: Отсек за истраги на злоупотреби на
платежни картички и Одделението првенствено постапува по кривични дела од областа
на компјутерскиот криминал кои се предвидени во КЗ на РМ и тоа: Постапува по
кривични дела од областа на:

 Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем (чл. 251 и чл. 251а)

 Постапува по кривични дела од областа на сексуална злоупотреба на Малолетни лица


или деца (чл.193, чл.193-а, чл.193-б)

 Постапува по кривични дела од областа на интернет измами (чл.247)

 Постапува по кривични дела од областа на личните податоци (чл.149)

 Постапува по кривични дела од областа на злоупотреба на платежни картички


(чл.271 , чл.274-б).

Освен ова, Одделението координирано во соработка со други организациони единици


при Министерството за внатрешни работи, постапува во други случаеви при истраги и
реализација на други кривични дела каде што се појавува компјутер или компјутерски
систем како средство за извршување на кривичното дело или како предмет на
кривичното дело.

Одделение за дигитална форензика, кое има два отсека: Отсек за испитување на


компјутерска опрема и Отсек за испитување на мобилни уреди. Одделението притоа,
со претходна наредба издадена од Суд или Јавен обвинител, врши анализа на доставена
компјутерска опрема и телефонски уреди и притоа изготвува наод и мислење согласно
чл.236 и чл.242 од ЗКП. Одделението е надлежно за сите случаеви на анализа на
компјутерска опрема и мобилни уреди на територијата на Република Македонија.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е во соработка и со Interpol
и со Evropol. Меѓународната криминалистичка полициска организација (фран.
Organisation internationale de police criminelle) попозната по својата кратенка Interpol е
организација која се занимава со меѓународна полициска соработка. Основни
активности се да собира и обработува податоци, проценува и ги предупредува
националните полициски служби на потенцијални криминални закани, да открива
кривични дела и нивните сторители, да работи на превенција од компјутерски
криминал, да работи на зајакнување на меѓународната полициска соработка, да дава
помош во вештачењето и истрагите на 66 националните полициски служби, да дава
помош во обуката на полициските службеници и да работи на развој на нови
технологии заради спротиставување на компјутерскиот криминал. Evropol е агенција на
Европската Унија. Главна задача на Evropol е полесна размена на информации помеѓу
државите членки, оперативна анализа, аналитичка обработка на податоците за
кривични дела, одржување на информациониот систем и негов развој, извршување на
сложени вештачења и логистичка помош на криминалистичките истраги на полицијата.
Evropol нема овластување за затворање на криминалци, туку благодарение на базата на
податоци која ја поседува им овозможува на полициските служби да низ
специјализиран информационен систем имаат брз увид, размена и обработка на
податоците. Соработка на Секторот за компјутерски кримитал и дигитална форензика
(СККДФ) со меѓународни институции во Република Македонија нема посебни
специјализирани институции кои се занимаваат со сајбер тероризам и кои легално го
истражуваат. Тоа е така бидејќи во Македонија сајбер тероризмот не е легално
дефиниран, регулиран и прифатен. Меѓутоа постојат државни институции одговорни за
одредени аспекти на сајбер тероризмот, како на пример заштитата на информатичката
технологија и безбедноста во целина. Овие институции ги сочинуваат: Министерство за
информатичко општество, Бирото за јавна безбедност, кое е во рамките на
Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Центар за управување
со кризи и Агенција за електронски комуникации. Овие институции се согласија да ги
координираат активностите и да ја определат институционалната основа за градење
норми и интензивна меѓународна соработка за борба против сајбер тероризмот. Земајќи
го сето ова во предвид, важно е да се потенцира дека за да започне да се применува
еден функционален систем против сајбер тероризмот, потребна е поголема проактивна
ангажираност и соработка со други државни институции, како и измена, дополнување
на веќе постоечкиот Кривичен законик и соодветни прописи, на надлежните државни
институции, кои треба да го решат прашањето за борба против сајбер тероризам.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Tenth United Nations Congress on the Prevention of Crime and the treatment of Offenders,www.oun.org

2. Активности за превенција и справување со последици од сајбер тероризам. Министерство за


информатичко општество http://www.mio.gov.mk/?q=node/1911 78 Службен весник на РМ бр.37/1996,
80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 50/2006, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009,
51/2011, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 143/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013 79

Службен весник на РМ бр.150/2010, 100/2012 80

Службен весник на РМ бр.13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, 83/2010, 13/2012, 59/2012, 123/2012,
23/2013. 81

Службен весник на РМ бр.121/2006, 110/2008, 4/2009, 116/2012 82 Службен весник на РМ бр.133/2007,


17/2011 83

Службен весник на РМ бр.105/2009, 47/2011 84 Службен весник на РМ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009,
116/2010 85

Службен весник на РМ бр.34/2001, 98/2008

3. Зврлевски., М., Прирачник за компјутерски криминал, Скопје, 2014 88 CASX – податоци што се
наоѓаат во активната меморија на компјутерот

4. Интегралниот текст на одредбите од Кривичниот Законик кои се однесуваат на компјутерски


криминал

5. Боцевски, Д., Советување за сајбер криминал – Компјутерски инциденти и истражување на


компјутерски криминал

6. Ачкоски, Ј., Сигурност на компјутерски системи, компјутерски криминал и компјутерски тероризам,


Скопје, 2012

7. Bayuk, L., J., Healey, J., Rohmeyer, P., Sachs, H. M., Schmidt, J., Weiss, J., Cyber Security Police
Guidebook, Wiley, 2012 http://www.it-ebooks.info/book/2375/

8. Булдиовски, Д., Компјутерски криминалот во Македонија во зародиш,


http://www.makdenes.org/content/article/24670197.html, 18.02.2015

You might also like