Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 6

СПИСОК НА СОПСТВЕНИЦИ НА ПОСЕБНИТЕ

ДЕЛОВИ НА ЗГРАДАТА
(кои позитивно се изјаснуваат за усвојување на записникот или само на одделни
одлуки со наведување на причини за одлуки со кои не се согласуваат од состанокот
на куќниот совет одржан на 25.12.2023)

Потпис за
сопственик Ст. бр. Причина за НЕсогласување
согласност
ДИМОВ ВЕЛКО САШКО 1
АТАНАСОВА ЕЛИЗАБЕТА 2
ПАНОВСКИ ОРДАН 3
ЛАЗАРОВ ДАМЕ 4
ЦИЛАКОВ ЈОВАН
5
НИКОЛА
СТАНЧЕВ ЗЛАТКО 6
РИСТОВА МАГДИЦА 7
ДИМИТРИЈА КУЛЕВСКИ 8
ЃОРГОСКИ АНТОНИО 9
ВУЧЕВСКИ НОВАК 10
ВЛАТКО ВАСИЉКОВСКИ 11
НАСТОВА РАДМИЛА 12
МИРОВ ЗОРАН 13
ЕМИЛИЈА ЃОРЃИЕВСКА 14
ЈЕВТОВИЌ ВИОЛЕТА 15
ОРЦЕ ЦВЕТКОВ 16
НАЦЕВА ЦВЕТАНКА 17
НАКИНОВ ПЕТРЕ 18
ЉУБЕ БАБУНСКИ 19
ТАСКОВ МИТЕ АЦО 20
МИОВСКИ ГОРАН 21
МАНЕВА ГАНЧО
22
МИЛАНКА
ЈОВАНЧЕ БОЈАЏИЕВ 23
АРСОВСКИ БЛАЖЕ
24
СВЕТЛЕ
МАНЕ ЈАЌИМОВСКИ 25
ТРАВНИК БРУНО 26
ЗДРАВЕВСКИ ТОМИСЛАВ 27
ЦВЕТКОВСКИ АЦО 28
ЗДРАВЕВСКА НАТАЛИЈА 29
АЛЕКСАНДАР
30
МИХАЈЛОВСКИ
ЗАПИСНИК

од состанокот на сопственици на посебните делови на станбената зграда на


улица Благој Ѓорев бр.2 од Велес, одржан на 25.12.2023 година, со почеток во
19:30 часот, а траеше до 21:00 часот.

На состанокот присуствуваа 7 сопственици на посебните делови на


станбената зграда, од становите број:14, 15, 16, 19, 24, и 28. Состанокот се
одржа во заедничките простории на зградата на горните спратови.
Составен дел на Записникот е списокот на присутните сопственици на
посебните делови на станбената зграда на улица Благој Ѓорев бр.2 од Велес
со нивни потписи во Прилог 1.
Состанокот го отвори и со него раководеше Претседателот на куќниот
совет на станбената зграда на улицa Благој Ѓорев бр.2 од Велес, г-дин Љубе
Бабунски како сопственик на посебен дел на станбената зграда. Согласно
соопштението за состанокот кое беше објавено на 04.12.2023, се одржа
според следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Зголемување на цената за чистење на зградата од 4000 МКД на 4500 МКД


2. Зголемување на цената за паушал за лифт од 1200 МКД на 1500 МКД
Совет
3. Избор на понуда за поставување на камери на влезот на зградата
4. Избор на понуда за поправка на вратата
5. Разно

Седницата ја отвори г-дин Љубе Бабунски кој констатира дека


присутните се запознени со точките по кои ќе се дискутира на состанокот.
Воедно, сите присутни се согласија да се одржи состанокот и покрај тоа што
не беше исполнет условот да бидат присутни најмалку 10 станари од
различни станови во зградата откога претседателот ги извести присутните
дека станарите од становите бр.4, 5,10, 13 и 30 најавиле дека ќе отсуствуваат,
и дека воглавно би ги поддржале одлуките од состанокот.
1.) Потоа почна првата точка од состанокот. Тука Претседателот ги наведе
двете можности, едната да ѝ се плати на жената која чисти во моментот 4500
МКД, а другата да се одбере некоја од скорешните понуди од пред 4 месеци.
Дел од присутните ја пофалија жената која чисти, некој спомна дека би
можело да го чисти лифтот повеќе, а некои беа за да се направи промена и да
се најде друг кој ќе чисти. После подолга дискусија едногласно беше
одбрано да чисти г-дин Зоран, по препорака на соседот г-дин Ацо
Цветковски кој е запознаен со неговото работење и е задоволен од тоа што
досега го видел. Цената која месечно ќе биде плаќана за чистење е 4200
МКД кое опфаќа:
1. чистење на скалите и лифтот два пати неделно: еднаш суво, еднаш со
растворен доместос, циф или друго средство за одмастување, и средство за
чистење на стакло за стаклените површини
2. минење со влажна крпа на ракофатите при секое чистење
3. чистење на дворот пред зградата, т.е., до продавницата за оптика два
пати месечно
Притоа, доместос и други течности за чистење на стакло сам си купува оној
кој чисти, а метла и џогер купува зградата.
Планирано е да почне да чисти од 01.01.2024, а дотогаш, претходно
ќе бидат собрани потписи за согласност од најмалку 16 станови, кога и
оваа одлука ќе стапи на сила.

2.) Присутните беа известени дека цената за месечен паушал за


одржување на лифтот од следниот месец ќе биде зголемена од 1200 МКД
на 1500 МКД и дека доколку некој сака може да побара други понуди за
одржување и дека тоа ќе биде разгледано на следниот состанок.

3.) Во однос на понудата за поставување на камери во влезниот ходник на


зградата имаше обемна дискусија. Дел од станарите беа загрижени за
безбедноста на камерите, т.е., да не бидат вандализирани за кратко време,
имаше предлози да се постави снимачот за камерите кај соседот од стан бр.1,
на пример кај него на балкон за да биде побезбеден, како и други грижи во
однос на безбедноста на камерите. И покрај убедувањето од страна на
претседателот дека постојат можности да биде снимен тој што би
вандализирал и кршел, и дека сандачето предвидено со понудата и дека
местото на поставување на сандачето со снимачот во него кај струјомерите
на зградата е безбедно, поголем дел од станарите не се согласија, така што
одлуката за поставување на камери се одложи за некој од следните
состаноци. Воедно, од страна на некои станари беше изјавено дека залудно е
да се поставува камера ако снимките од неа не се валидни на суд, и дека е
неопходно да има согласност од сите 30 станари, што е многу тешко да се
постигне. Претседателот спомна дека доволно е да не се злоупотребува
снимката од камерата и дека и покрај тоа што не се валидни снимките за на
суд, оној кој ќе забележи правење на неред во зградата може да се смета за
очевидец. Ова би можело да биде аргумент за некоја следна расправа за
поставување на камери.

4.) Под оваа точка Претседателот се изјасни дека е беспредметно да се


поправа влезната врата доколку не може да се обезбеди од вандализирање и
кршење, т.е., доколку не се постават камери за да ја надгледуваат безбедноста
на влезната врата. Сепак, остави на присутните сами да се изјаснат и да
предложат решение кое сметаат дека е добро, па да се обидеме да добиеме
согласност од повеќе од половина станари. Сите присутни се согласија
одлуката за поправка на влезната врата се одложи за некој од следните
состаноци.

5.) Под точка Разно присутните беа известени дека е поднесена пријава за
соседите кои не плаќаат за одржување на зградата подолго време во
Инспекторат за Домување.
Присутните наведоа дека веќе подолго време се слушаат караници од
стан бр.18 и дека поголем дел од станарите имаат непријатно искуство со
еден од станарите од тој стан. Се постигна согласност да се поднесе Жалба
со потписи од станарите за станарот од стан бр.18 до установи кои би
можеле да помогнат во врска со тоа, како што се: МВР, Центар за Социјални
работи, Инспекторат за домување и слично.
Присутните дадоа забелешка дека дваесетина плочки во дворот се
искршени и дека треба да се стави во Годишен план за одржување на
зградата скршените плочки од дворот пред влезот да се заменат со
здрави штом временските прилики ќе дозволат.
Повторно се спомна за чистење на заедничките простории каде што
се одржуваше состанокот и повторно се наведе дека повеќе пати се известени
сопствениците на оставените ствари дека треба да си ги приберат или ќе
бидат фрлени или подарени. При пролетното чистење на габаритен отпад од
ЈКП Дервен поголемото ѓубре ќе биде фрлено.
Присутните беа известени дека Општина Велес е известена со писмен
допис од страна на Претседателот и усно од страна на соседот Ацо
Цветковски дека имаме проблем со бездомните кучиња, на што беше
одговорено дека проблемот ќе биде пренесен до надлежната служба во
градот.

Записничар, Претседател,
Мане Јаќимовски Љубе Бабунски
_______________ ______________
Прилог 1: Присутни станари

You might also like