Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

КИНОЛОШКИ КЛУБ „МАКЕДОНСКИ ПАНИЧАР“

По повод организирањето на „Прва државна изложба за расата македонски паничар“,


која ќе биде одржана на 23. 04. 2023 година, распишува

ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

за ученици од основно и од средно образование на тема

„Македонските раси на кучиња, најдрагите придружници на децата“

I. ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА ЦЕЛ НА ЛИКОВНИОТ И ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС

Кинологијата е наука за кучињата. Во Светската кинолошка федерација се признаени 343


раси на кучиња поделени во 10 групи. Развиените, средени држави имаат свои национални раси
на кучиња, а повеќето од нив имаат имиња на нивните држави, градови и региони. Англија има
55, Франција има 52, Германија има 32, Италија има 13, Шпанија има 12, Јапонија има 11, Америка
има 10, Русија има 10, Кина има 10 раси на кучиња итн. Во тоа семејство на држави кои имаат свои
национални раси на кучиња е и Македонија. Македонските кинолози со голема љубов и труд се
обидуваат со организирано одгледување да ги зачуваат за идните генерации шесте македонски
раси на кучиња: Македонски паничар, Македонско овчарско куче – Караман, Мијачко овчарско
куче, Македонски хрт, Македонски царски загар и Шарпланинец. Расните кучиња имаат своја
употребна вредност па така, три од овие шест раси се за заштита на стадата од диви ѕверови
(Македонско овчарско куче – Караман, Мијачко овчарско куче, Шарпланинец), две се ловни раси
(Македонски хрт и Македонскиот царски загар) и една е за придружба и забава како и за чување
на имотот, Македонскиот паничар. Ова македонско кинолошко наследство оставено од нашите
предци со овој конкурс ќе се зачува и на вашите ликовни и литературни творби.

II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЛИКОВНИОТ КОНКУРС

Право на учество имаат ученици од прво до деветто одделение од основните училишта и


од прва до четврта година од средните училишта во Република Македонија.

Стручните комисии ќе ги разгледуваат и ќе ги вреднуваат само оние ликовни и


литературни творби на кои има куче / кучиња од шесте македонски раси: Македонски паничар,
Македонско овчарско куче – Караман, Мијачко овчарско куче, Македонски хрт, Македонски
царски загар и Шарпланинец.
III. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ ЛИКОВНИТЕ ТВОРБИ

Ликовните творби треба да бидат оригинални изработки на хартија од блок бр. 5


насликани со сликарските техники: сув пастел, акварел, темпера или акрил или нацртани со
цртачките техники: молив, јаглен, сепија, туш и лавиран туш, според изборот на ученикот.

Конкурсот се објавува за натпревар по цртање и сликање во 13 категории: прво, второ,


трето, четврто, пето, шесто, седмо, осмо и двето одделение од основно образование и прва,
втора, трета и четврта година од средно образование. Еден ученик може да испрати само по еден
индивидуален авторски ликовен труд во само една категорија, соодветна на одделението во кое
учи ученикот.

Вкупниот број на творби од едно училиште се испраќаат во затворен плик на кој стои
назнака: До ликовен педагог Влатко Костовски; За ликовен конкурс „Македонските раси на
кучиња, најдрагите придружници на децата“; адреса: ул. Мечкин камен, бр. 26, н. Ѓорче Петров,
Скопје, Македонија. На задната страна од ликовната творба задолжително да се испишани
следните податоци: Име и презиме на ученикот, наслов на ликовното дело, години на ученикот,
одделение и училиште во кое учи ученикот. Ликовните творби треба да се испратат најдоцна до
01. 04. 2023 година.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛИТЕРАТУРНИТЕ ТВОРБИ

Литературниот конкурс „Македонските раси на кучиња, најдрагите придружници на


децата“ ќе се одвива во две категории:

1. Основно училиште – предметна настава

2. Средно училиште

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски труд, расказ или
стихотворба. Творбата да биде напишана во Ариел, фонт 12, а на крајот да бидат внесени
следниве податоци: име и презиме на ученикот, одделение / клас и училиште. Литературната
творба да биде напишана во ворд-документ и да биде испратена на следнава електронска адреса
mkostovski95@hotmail.com најдоцна до 01. 04. 2023 година.

V. НАЧИН НА ИЗБОР НА НАГРАДЕНИ ЛИКОВНИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТРУДОВИ

За изборот на најдобрите творби (прво, второ и трето место) во секоја од наведените 13


возрасни категории за ликовниот конкурс и 2 категории за литературниот конкурс, Кинолошки
клуб „Македонски паничар“ ќе формира комисија составена од три (3) члена од наставници /
професори по ликовно образование и три (3) члена од наставници / професори по македонски
јазик.

You might also like