Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Поделба на храната

Според потеклото: растителна и животинска


Според хемискиот состав може да биде: органска и неорганска
Во храната од растителното потекло спаѓаат: житарките, зеленчукот, овошјето, зачините,
чајот, кафето и др. А од животинско потекло се: млекото, млечните производи, месото,
јајцата, рибата и мастите.
Санитарно – хемиска анализа е анализа со цел да се испита хигиенската исправност,
квалитетот, загаденоста на водата и храната. Микробиолошките испитувања се користат
за откривање и утврдување на хигиенските услови на храната.
Методи за контрола на квалитетот на храната се:
Физички (боја, мирис, вкус)
Хемиски (кои состојки треба да ги има во минимално или максимално количество)
Микробиолошки карактеристики
Храна од растително потекло
Житарки имаат вискоа енергетска вредност бидејќи соджат големо количество на
јаглехидрати кој се потребни за дневни енергетски потреби. Од житарките најмногу се
користат пченицата, оризот, пченката, јачменот и др. Хранливите материи што се користат
од житарките потекнуваат од семето. Во семето се наоѓаат и протеини. Семето на на
житарките се богати со витамини кој ги има во лушпата.
Зеленчук храна со голема и мала енергетска вредност. Може да се употребува во свежа
состојба, преработена или конзервирана во вид на сокови, каши и др. Во зависност од
видот на зеленчукот се употребуваат неговите различни делови како листови, цветови,
плодови и др. Зеленчукот е богат со растителни влакна, содржи голема количина витамин
Ц. Со мелење, сечење се губат присутните витамини. Трајноста на зеленчукот се
зголемува со конзервирањето.
Овошје свежото овошје нема голема енергетска вредност но содржи витамини, минерали
и др. Според енергетската вредност се дели на две групи:
овошје богато со вода – тие се јаболка, круши, јагоди, малини и др.
овошје богато со масти – бадеми, ореви, лешници, костени и др.
Со конзервирање се продолжува трајноста и се зачувува хранливата вредност на овошјето
и тоа во вид на компот, слатко, мармалад и др.
Масти и масла можат да бидат од растително, животинско и од мешано потекло. Од
животинско потекло се користат: свинска маст, говедска маст и путер. Од растително се:
сончогледово масло, маслиново и др. Тие имаа голема енергетска вредност.
Производи со висока концентрација на шеќер
Мед е природен производ во кој се застапени витамини, минерали, ензими и др. Има
повеќе видови на мед и тоа: цветен, шумски, од овошни сокови др. Се користи како
квалитетен извор на енергија.
Чоколадо е производ од какао, путер, шеќер, со или без млеко и др. Има голема
енергетска вредност.
Храна од животинско потекло
Млеко е непроѕирна течност со бела боја и благ пријатен вкус. Кој е значаен кај
доенчињата, децата, старите лица и хронично болните. Се добива од различни домашни
животни како овци, крави, кози и др. Во млечни производи спаѓаат: кисело млеко, јогурт,
павлака, сирење и др. Млекото содржи голем број на витамини, минерали а мал број
јаглехидрати и протеини.
Месо е мускулно, масно, сврзно ткиво. Се добива со колење на домашни и диви животни
како говеда, овци, кози, свињи. Тука може и месо од риби, ракови и др. Најдобар избор
на протеини има во месото, потао има витамини, минерали, масти и мало количество на
јаглехидрати. Месото може да биде свежо или преработено. Тоа исто така може и да се
конзервира.
Риби месото од риби може да биди слатководно и морско. Хемискиот состав им зависи
од од видот, староста, начинот на кој се одгледуваат рибите и сл. Рибите содржат
протеини, масти, мало количество на јаглехидрати, витамини, минерали и сл.
Јајца можат да се користат од кокошка или други животни . Се употребуваат свежи, во
прав или конзервирани. Во јајцата се наоѓаат големо количество на протеини,
јаглехидрати, масти и сл. Белката е колоиден раствор на протеини. Жолчката содржи вода
и емулгирани масти.
Јаглехидратите се основен извор на енергија за сите животни функции во организмот,
бидејќи при согорување ослободуваат енергија. Поделбата им е на прости ј.х или
моносахариди и на сложени ј.х односно олигосахариди и полисахариди. Главни извори:
житарки, зеленчук, овошје и коренести растенија.
Мастите и маслата се сложени смеси од повеќе соединеија во чиј состав преовладуваат
естерите на глицеролот со вишите масни киселини наречени глицириди. Улога: даваат
вкус на храната, обезбедуваат чуство на ситост, претставуваат составен дел на некои
хормони...
Протеините се високо молекуларни соединенија распространети во природата кои
претставуваат составен дел на сите живи организми. Улога: градивен материјал, улога на
ензими во метаболички прцеси... Може да бидат од растително и животинско потекло. Се
делат на прости и сложени.

You might also like