Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 14

ССОУ”Димитрија Чуповски” –Велес

Проектна задача

Тема-Примена на тотална рефлексија

Ментор: Изработил:
Март. 2014
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Содржина

Вовед..................................3
Оптички влакна.......................4
Примена на тотална рефлексија кај ендоскоп……5
Ларингоскопија,Директна Ларингоскопија............……6
Бронхоскопија…………………..7
Најчести причини за бронхоскопија………….8
Гастроскопија………………………9
Фатаморгана.......................10
Примена на тотална рефлексија кај перископ...................11
Заклучок………………13
Користена литература ……………..14

2
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Вовед

Ако светлина од ласер се насочи да паѓа врз водената површина од


страна на водата, и постепено упадниот агол се наголемува, при некој агол
светлината ќе почне да се лизга по површината, значи аголот на
прекршување ќе стане 90 степени. Тој
упаден агол се вика граничен агол на
тотална рефлексија, затоа што ако
светлината паѓа под агол поголем од
граничниот тој веќе не се прекршува туку
тотално се рефлектира.
Зраците 1 и 2 паѓаат под агли помали
од граничниот и тие се прекршуваат. Зракот 3 паѓа под граничен агол, а
зракот 4 тотално се рефлектира .
Според Снелиус Декартовиот закон за прекршување, кога на
граничната површина паѓа зрак под граничен агол agr за граничниот на тотална
рефлексија се добива следнава релација:

следува

Појавата при која даден светлински зрак се враќа во првобитната


положба без да претрпи рефракција се нарекува тотална рефлексија.
Аголот при кој ефектот на рефракција се менува во тотална рефлексија
се нарекува граничен агол.
Граничниот агол може да се одреди со формулата односно со Снелиус-
Декартовиот закон:

Бидејќи 900=1 следува дека

Тотална рефлексија наоѓа примена кај оптички влакна, ендоскоп, перископ,


ларингоскопија, урологија, бронхоскопија, гастроскопија, фатаморгана.

3
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Oптички влакна

Оптичко влакно е светлоспроводлив материјал кој се употребува за


пренос на податоци со големи брзини. Тоа е тенко, свитливо, проѕирно
влакно кое се однесува како брановод или „светлосна цевка“ за да пренесе
светлина помеѓу двата краја на влакното. Кај оптичките влакна (фибер)
настанува тотална рефлексија на светлината.Тие претставуваат тенки влакна
направени од оптички
проsирен материјал пр.некој
диелектрик ,стакло,полимер
низ кој може да се
распространува светлината .
Внатрешноста на оптичкото
влакно, обично е направена
од кварцно стакло или некој
полимер, а површината им е
прекриена со тенок слој од
друг вид стакло со помал индекс на прекршување.
Оптичките влакна се користат исклучиво во снопови притоа секое поединечно
влакно ја пренесува сликата од мал дел на предметот што се набљудува.
Кога светлината паѓа во оптичкото влакно под агол поголем од αg претрпува
многукратни рефлексии и така се распространува по неговата должина.
Притоа со оптичките влакна може да се искривува патот на светлинскиот
сноп.Во медицината оптичките влакна се користат за конструкција на
ендоскопи.
Оптичките влакна се употребуваат за пренос на големи количества
податоци.
Често се користи во комуникации со оптички влакна кои дозволуваат
пренос на долги релации со поголем пропусен опсег од другите комуникации,
затоа што сигналот може да се пренесува на огромни далечини без при тоа
да има потреба од засилување.
Оптичкото влакно типично се состои од проѕирно јадро обвиткано од
обложен слој со понизок индекс на одбивање. Светлината се чува во јадрото

4
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

со целосно внатрешно одбивање.Ова предизвикува влакното да ја пренесува


светлината во брановидна форма.

Спојувањето на оптичките влакна е покомплексно од спојувањето на


електрични жици и кабли. Краевите на влакното мора да бидат внимателно
раздвоени а потоа споени механички или споени со загревање.

Примена на тотална рефлексија кај ендоскоп

Ендоскопот е специјален
инструмент кој овозможува визуелен
пристап до внатрешните органи (дишните
патишта – бронхоскоп, дигестивниот
тракт –гастроскоп, ларингоскоп, делови
од крвотокот).Тој се состои од извор на
светлина и два снопа од рамномерно
распоредени оптички влакна поставени во
заедничка цевка. Едниот сноп служи за
осветлување на испитуваниот орган и се
состои од околу 6 000 влакна, другиот сноп е за пренос на сликата и е
изградена од околу 8 000 влакна.

5
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Ендоскопот е инструмент со оптички влакна долг 1.2 m и широк 9-


12.5mm.
Оптичките влакна во вид на огледала овозможуваат пренос на сликата
до окото на лекарот и се здружуваат во единствена слика со помош на
сложен систем на леќи.
Во внатрешноста на инструментот се наоѓаат неколку слободни места
во кои можат да се вметнат помошни елементи, како клешти, четки за
цитологија, ласер, и др.

Ларингоскопија

Ларингоскопија е преглед на гркланот со помош на ларингоскоп.


Ларингоскопијата може да биде:
-индиректна (со помош на огледало)
-директна
Индиректна ларингоскопија
При овој преглед пациентот се
припрема така што навечер му се
кажува дека сабајле не смее да
појадува.
Со стерилната газа се извлекува
јазикот на пациентот и се држи.
При прегледот во десната рака
држи ларингенално огледало се
кажува на пациентот да ја отвори
устата и го внесува огледалото,
каде го приближува до мекото непце потпирајќи се на мезофаринкс. При тоа
ги следи епиглотис, двете гласници и гркланот и се соочува со промените.
Директна ларингоскопија
Директната ларингоскопија пред оваа интервенција треба секогаш да
се направи индиректен преглед на гркланот со огледало.За оваа
интервенција пациентот се спрема психички и му се објаснува порано.
Од материјалите треба да се спремаат:

6
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

 Ларингоскоп (во облик на латинска буква L) која се состои од дршка


која е поставена вертикално во која се наоѓаат 2 батерии како извор на
електрична енергија и хоринзонтален крак низ кој поминува жица со
сијалица на врвот (ладно светло) која го осветлува влезот во гркланот.
 Аспиратор зимање од исечокот од хистопатолошкиот преглед и
комплет за зимање брис.
Лекарот дава локална површинска анестезија во вид на аеросол .Се
анестезира хипофаринкс, епиглотис и влезот во гркланот.
Пациентот се става да лежи на грбот а медицинската сестра му ја придржува
главата . Јазикот не се вади туку се држи со помош на гази, додека цевката не
влезе во грклан.
Лекарот потоа го внесува ларингоскопот со десната рака додека во левата со
помош на газа ја заштитува горната усна и забите. Кога ларингоскопот доаѓа
под епиглотисот се спушта спрема гркланот каде се следи дали постои
патолошки процес. По потреба се зима брис за бактериолошки преглед. Оваа
процедура се прави во оперативен салон со целосна подготовка за
реанимативни мерки за справување со респираторен дистрес.
.
Бронхоскопија

Бронхоскопија е директно
набљудување на душникот и
бронхиите,направена со тенок
флексибилен инструмент –
бронхоскоп. Со бронхоскопијата се
врши визуализaција на бронхијалното
стебло. Бронхоскопијата овозможува
директна проценка и интервенција во
внатрешноста на душникот.
Во текот на бронхоскопија може да се
земе брис и биопсија на слузницата на
бронхиите и видливи патолошки
лезии. Се прави биопсија со игла низ

7
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

ѕидот на душникот или бронхиите, соседните јазли или белодробниот


паренхим.
Да се земе неконтаминиран спутум од долните дишни патишта, да се
исплакнат секрети од бронхиите и алвеолите и понатаму бактериолошко или
цитолошко испитување и спроведување одредени терапевтски процедури.
Цврстите бронхоскопи се метални цевки со широк лумен кои обезбедуваат
добра вентилација на пациентот и полесно да се изврши потребната
процедура.
Нивни недостаток е што бараат општа анестезија и преку нив може да
се види само лобусните бронхии и отвараат некои сегментални бронхии.

Фибербронхоскопии се составени од оптички влакна, тие се


флексибилни и овозможуваат да се видат сите раздели и субсегментирани
бронхии.
Биопсија на паренхимот на белите дробови и со помош на ренгеноскопија
овозможува биопсија на лезии кои не можат да се гледаат директно преку
бронхоскоп. Иако фактот дека испитувањето обично се изведува под локална
анестезија доколку е потребно во болничката соба и полесно ставање на
инструментот, се става фибербронхоскоп.
Најчести причини за бронхоскопија се дијагнозата и потврда од типот
на неоплазми во дишните патишта и белите дробови,паренхим,изолација на
микроорганизми во случај на нејасни инфекции. Хемоптиза на непознати
причини се строга група на индикации за бронхоскопија. Необјаснета кашлица

8
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

е причина за бронхоскопско испитување. Бронхоскопијата е постапка која


може да ја изведува пулмолог или обучен хирург во контролирани услови.

Гастроскопија

Гастроскопијата е често изведувана процедура со која се овозможува


директна визуализација на внатрешноста на гастроинтестиналниот тракт
(хранопровод, желудник и дванаесетпалечно црево). Гастроскопијата се
изведува со помош на гастроскоп, кој е флексибилен, свитлив инструмент.
Денешните гастроскопи ги пренесуваат сликите електронски, а постарите
типови ги пренесуваат сликите со помош на фибер-оптички систем.
Гастроскопија се врши најчесто за дијагноза на гастрит, улкус, тумор на
желудникот, инфекција Helicobacter pylori.
Гастроскопија може да се врши под локална но, на краток рок општа
интравенска анестезија што повеќе се
препорачува.
Во локална анестезија, постапката не е
болна но е непријатно бидејќи доаѓа до
нагон за повраќање.
При интравенска анестезија, нема
непријатности не се става маска и
будењето е лесно и пријатно.
После гастроскопијата не е препорачано
пациентот да вози или работи, после
гастроскопијата треба да се одмара дома.

Горна гастроскопија

Горна гастроскопија или EGD (езофагогастродуоденоскопија) е


постапка која му овозможува на лекарот директен преглед на горниот
гастроинтестинален тракт кој го вклучува хранопроводот, желудникот,
дуоденум.

9
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Лекарот кој ја изведува процедурата, специјално е обучен за користење


на гастроскоп за преглед на горниот гастроинтестинален тракт, додека се
бараат симптоми на воспаление (црвенило, иритација).

Долна гастроскопија

Долната гастроскопија е преглед на завршниот дел од долниот сегмент


на дигестивниот тракт - дебелото црево и завршниот дел на тенкото црево.
Овој преглед се врши имунолошки, дијагноза на воспалителна болест на
цревата. Биопсија на туморните лезии дека овој тип на испитување, најдобро
се визуелира и хистолошка анализа на земените примероци се поставува
конечната дијагноза која потоа одредува начин на лекување.

Фатаморгана

Фатаморгана е оптичка појава во атмосферата која настанала со


инверзија на температурата каде на далечен хоризонт се појавува превртена
фигура на далечниот објект. Понекогаш се гледа и ликот на објектот како и
некои наизменични ликови на објектот и неговиот огледалски лик.
До тотална рефлексија доаѓа при преминување на светлината од
оптички густа во оптички поретка. Асфалтот и песокот ги апсорбираат
сончевите зраци и топлината префрлена во воздухот, предизвикувајќи ја

10
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

нејзината густина и индекс на рефракција станува пониска од воздухот кој е


многу студен.

Тотално се рефлектираат само зраците кој паѓаат под мал агол во


однос на рефлексијата, односно зраците кои доаѓаат од далечните објекти
кои се ниско на хоризонтот.

Примена на тотална рефлексија кај перископ

Перископ е оптички инструмент за набљудување над, околу или преку


некој објект, пречка или состојба која ги спречува директната линија на –
пред набљудување од тековната
позиција на набљудувачот.
Перископот се состои од огледала, на
секој крај се паралелно едни со други
под агол 45 степени. Оваа форма на
перископ со додавање на две
едноставни леќи, служи за
набљудување на цели.
Првиот перископ е создаден од Јохан
Гутенберг во 1430 год.кој го создал за
да можел да го гледа фестивалот во Ахен, Германија.

11
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Посложените перископи користат призми, или напредни фибер оптики,


наместо на огледала.
Целокупниот дизајн на класичната подморница перископ е многу едноставна
два телескопа посочени еден со друг. Ако двата телескопа имаат различни
индивидуални зголемувања, разликата меѓу нив предизвикува целокупно
зголемување или намалување.

12
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Заклучок:

Појавата на тотална рефлексија претставува специјален случај на


прекршување на светлината од оптички погуста во оптички поретка средина.
Секогаш тотална рефлексија настанува од оптички погуста кон
оптички поретка средина, обратен физички процес не е возможен !
Појавата при која даден светлински зрак без да претрпи рефракција се
враќа во својата првобитна положба е наречена тотална рефлексија.
Тотална рефлексија наоѓа примена кај оптички влакна. .Дел од
оптиката која се занимава со оваа проблематика се вика фибер-оптика и
наоѓа примена во медицина , техника а најмногу за пренос на информации.
Исто така таа се користи и кај имерзионите микроскопи, при конструкцијата на
некои оптички инструменти, како на пример кај Абеов рефрактометар со кој
се мери индексот на прекршување на течности. Во медицинита оптичките
влакна се искористени за конструирање на т.н. светилиновод – Ендоскоп.
Денес е невозможно да се замисли науката техниката и медицината
без благодетите што ги дава тоталната рефлексија.

13
Благој Колев Примена на тотална рефлексија

Користена литература

1.http://www.vuk.edu.rs/index.php?
option=com_content&view=article&id=494:totalna-&catid=41:fizika&Itemid=95
2. Физика за четврта година средно стручно образование од Невенка
Андоновска, Мимоза Ристова, Мирјана Јоноска, Зора Митревска, Оливер
Зајков и Доне Гершановски; Скопје, 2010 –Министерство за образование и
наука на Република Македонија
3. http://www.belmedic.rs/Dijagnostika/825/Gastroskopija.shtml

4. http://www.stetoskop.info/Bronhoskopija-521-s3-content.htm

5. http://hr.wikipedia.org/wiki/Opti%C4%8Dko_vlakno

6. http://sr.wikipedia.org/wiki/Laringoskopija

14

You might also like