Senzori 2

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 8

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ

Охрид, 7–9 октомври 2007

Пеце Наумовски
Владимир Димчев
Влатко Стоилков
Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

МЕРНИ СИСТЕМИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ПАРАМЕТРИ НА ВЕТЕР

КУСА СОДРЖИНА
Мерењето на брзината и правецот на ветерот е многу важно во различни области, авијација,
мореплоство, земјоделство како и за донесување одлука за изградба на електрични централи на ветер.
Точната информација за брзината на ветерот е важна за одредување на локациите со најголем
потенцијал. Правецот на ветерот е исто така важен дел од информацијата како взаемна врска помеѓу
брзината и правецот на ветерот. Мерните системи за мониторинг на параметрите на ветерот главно се
состојат од сензори за мерење на брзината (анемометри) и правецот на ветерот, уред за прибирање на
мерните податоци (дата логер) и комуникациски систем за далечинско пренесување на мерните
податоци до централниот компјутер каде се врши обработка на податоците.
Клучни зборови: СЕНЗОРИ ЗА МЕРЕЊЕ НА БРЗИНА И ПРАВЕЦ НА ВЕТЕР, УРЕД ЗА
ПРИБИРАЊЕ НА МЕРНИ ПОДАТОЦИ, ПРЕНОС НА МЕРНИ ПОДАТОЦИ, ОБРАБОТКА НА
МЕРНИ ПОДАТОЦИ
ABSTRACT
Measurements of wind parameters, speed and direction, are very important for different areas such as
aviation, sailing, agriculture, as well as making judgment for building wind power plants. Accurate
information about wind speed is important for determination the best site for wind turbines. Wind direction is
also an important item of information, as well as correlation between speed and direction. Systems for wind
measurements mainly consist of sensors for measurements of wind speed (anemometer) and wind direction
vane, data logger, communication unit of measured data and computer for data processing. A complete
description of systems for wind measurements are presented in this paper.
Keywords: CUP ANEMOMETER, WIND DIRECTION VANE, DATALOGGER, COMUNICATION
OPTION OF DATALOGGER, DATA PROCESING

1. СЕНЗОР ЗА МЕРЕЊЕ НА БРЗИНАТА НА ВЕТЕРОТ


Постојат повеќе видови на сензори за мерење на брзината на ветерот (анемометри):
анемометри со полусфери, ултрасонични, пропелерни, ласерски, анемометри со жешка жица и други.
Во овој текст е прикажан анемометар со полусфери кој работи како наизменичен генератор. Во
поглед на конструкцијата има неколку видови на изведби како на пример со два пара на намотки
меѓутоа тогаш се потребни четкици, па затоа обично се изведуваат со еден пар фиксни намотки и
вртлив магнет. Ваков тип на анемометар е “NRG#40” на фирмата “NRG” (сл. 1.1), каде фреквенцијата
е пропорционална со брзината на ветерот. Фреквентното подрачје на овој анемометар е од 2 Hz до
неколку стотици Hz, а амплитудата на излезниот сигнал е од 80 mV до максимални 12 V (односно за
просечни брзини на ветерот излезниот напон е околу 9 V).
Преносната функција на овој анемометар е дадена со равенките 1.1 и 1.2 во зависност на
единиците во кој се изразува брзината на ветерот:

B5-07R 1/8
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 2/8

v1 = 0.765 f + 0.35 (1.1)


или
v2 = 1.711 f + 0.78 (1.2)
каде што:
ν1 - брзината на ветерот во [m/s],
f - фреквенцијата во [Hz],
ν2 - брзината на ветерот во [mph].

Слика 1.1 – Анемометар со полусфери, тип - NRG#40

2. СЕНЗОР ЗА МЕРЕЊЕ НА ПРАВЕЦОТ НА ВЕТЕРОТ


Сензор за мерење на правецот на ветерот од типот NRG#200P на производителот NRG е
прикажан на сл.2.1. За работа на овој сензор е потребен ветер со најмала брзина од 1m/s. Овој сензор
работи на принципот на отпорнички пребразувач. Постојат други типови на овие сензори со различен
принцип на работа.
Принципиелната шема на отпорнички сензор е прикажана на слика 2.2. Отпорникот има три
краја, извор VB и А/Д конвертор. Потенциометарот е така конструиран да при излезен напон Vd=0
(почетна положба) ветерот дува од правец север, при излезен напон VB /4 ветерот дува од исток, при
излезен напон VB /2 ветерот дува од Југ, а при излезен напон 3VB /4 од запад. А/Д конверторот има
филтер со кои се филтрираат шумовите и го преобразува излезниот напон Vd во дигитален сигнал.
Промената на напонот Vd кај отпорничките (жичени) сензори е во мали дискретни чекори.
Дигиталниот излез од А/Д конверторот, исто така се менува во дискретни чекори. Овие два ефекти
придонесуваат излезната резолуција на сензорот да е три аглови степени, оваа резолуција е сосема
прифатлива при мерењата на правецот на ветерот.
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 3/8

Слика 2.1 –Сензор за мерење на правец на ветер, тип - NRG#200P

Слика 2.2 – Принципиелна шема на сензор за мерење на правец на ветерот


Освен сензори со отпорнички преобразувачи за мерење на правецот на ветерот се користат
селсински сензори. Селсините представуваат индукциони системи за синхрона врска (електрична
врска што осигурува синхроно и синфазно завртување на две оски кои не се меѓусебно механички
спрегнати). Тука се користат два еднофазни селсини во парна шема (еден предавател и еден
приемник), сл.2.3. Електричните машини се со идентични карактеристики, а статорските намотки се
меѓусебно синхроно поврзани (синхронизациони намотки), додека на роторските намотки се
донесува напонот (возбудни намотки).

Слика 2.3 – Принцип на работа на сензор за правец на ветер со помош на селсини

Роторот на машината-предавател е механички поврзан со ветроказот додека роторот на


машината-приемник е поврзан со покажувачот на инструментот. Бидејки роторски намотки на двете
машини се поврзани на ист напон, а имаат исти карактеристики, индуцираниот напон во статорската
намотка зависи само од магнетниот флукс односно од положбата на роторот.

3. “DATA LOGGER” – УРЕД ЗА ПРИБИРАЊЕ НА МЕРНИТЕ ПОДАТОЦИ


Во принцип постојат два типа на уреди за прибирање на мерните податоци:
1. Уреди кои само ги дигитализираат мерните податоци и веднаш ги пренесуваат до
компјутерот каде се врши нивна целосна анализа.
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 4/8

Овие уреди најмногу се користат во управувачките системи каде што времето на реагирање
има голема улога во процесот, на пример за: квалитетот на производството, ефикасност,
потрошувачката на енергија, итн.
2. Уредот т.н. “Data logger” кој ги дигитализираат мерните податоци, може да врши некои
обработки на сигналот и ги складира истите податоци, а по некој временски период ги
пренесува до компјутерот.
Во сензорите се врши преобразбата на неелектричните сигнали во електрични (сл. 3.1), а
потоа А/Д конверторот врши преобразба на електричните сигнали во дигитални, кои се носат во
компјутер за понатамошна обработка.
Дигиталните сигнали лесно се анализираат со соодветен софтвер, се складираат на хард диск
или некој друг медиум за складирање како мемориска картичка или CD. Кај поновите дата логери се
посветува внимание на комуникациските уреди со што се овозможува далечинско пренесување на
мерените податоци. Еден ваков уред за прибирање на мерените податоци е уредот за прибирање на
мерни податоци “Symphonie” на производителот “NRG” (сл. 3.2).

Слика 3.1 - Основно (директно) поврзување на уредот за прибирање на мерните податоци со


компјутер
Овој уред е микропроцесорски управуван систем за прибирање на податоците и се
карактеризира со многу мала потрошувачка. Кај него има можност за додавање на комуникациски
уред со чија помош преносот на податоците може да се остварува далечински. Уредот има шест
импулсни влезови на кои се приклучуваат сензорите за брзина на ветер или други фреквентни
сигнали и шест аналогни влезови на кои се приклучуваат сензорите за правец на ветер, температура,
атмосферски притисок, релативна влажност. Дата логерот зема мерни податоци од сензорите на две
секунди и ги пресметува нивните средни, минимални и максимални вредности за време од 10 минути.
Вака добиените податоци се запишуваат на мемориската картичка. Пренесувањето на далечина се
прави еднаш или двапати дневно.
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 5/8

Слика 3.2 – Уред (дата логер) за прибирање на мерни податоци “Symphonie”


Обработка на податоците е можна со софтверот “Symphonie Data Retriever” на фирмата NRG.
Податоци можат да се прикажат табеларно или графички.
Друга придобивка со овој уред е користењето на мултимедиална картичка, а не RAM
меморија со што се зголемува заштитата и со нејзината големина од 16 MB овозможува складирање
на податоци до две години. Табеларните мерни податоци можат да се обработуваат со други
програми како SQL база на податоци, Microsoft Excel и Microsoft Access и други.

4. ПРЕНОС НА МЕРНИТЕ ПОДАТОЦИ


Ако направиме селекција на овие уреди според можноста на пренесување на прибраните
податоци можеме да започнеме со наједноставните односно оние кои може да се поврзат само со
компјутер преку сериските порти RS232 / RS422 / RS485, како на сл. 3.1. Како што е прикажано на
сликата овој уред се состои од микроконтролер со кој можат да се извршат некои анализи.
Недостаток на овој уред е тоа што мора мерната станица како и компјутерот односно местото на
целосната обработка на податоците да бидат на исто место. Со напредокот на технологиите овие
уреди се модифицираат така што сега постојат вакви склопови за прибирање на мерните податоци со
повеќе комуникациски уреди како преку телефонска линија, безжични врски, со UHF или VHF
предаватели како и со предаватели кои директно се поврзуваат со сателит и друго.
На сл. 4 е прикажана можноста за поврзување на еден современ уред за прибирање на
мерните податоци “Datalogger eko21” на производителот “Ekopower”. Овој уред е произведен за
прибирање на податоци од сите сензори кои овозможуваат регистрирање на метеоролошки параметри
во една метеoролошка станица. Како што се гледа од сликата патот кој треба да го поминат мерните
податоци од овој уред до компјутерот, каде се врши нивна целосна анализа, може да се изведе на
повеќе начини и тоа директно преку CF-card, потоа преку сериската порта RS232 може да се поврзи
локално преку линиски модем или бежичен модем до сериската порта RS232 на компјутерот. Други
начини на поврзување се преку интернет односно од сериската порта на уредот за прибирање на
мерните податоци преку серверот или бежичниот модем до компјутерот. Безжичното поврзување
преку мобилна телефонија до сервер или вебстрана е опција која денес се почесто се користи. Овие
уреди за прибирање на мерните податоци кои имаат комуникациски уреди за поврзување преку
интернет овозможуваат не само префрлување на мерните податоци, туку и дојава на аларми преку e-
mail или SMS.
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 6/8

Слика 4 - Начини на поврзување на уред за прибирање на мерните податоци со компјутер

5. OБРАБОТКА НА МЕРНИТЕ ПОДАТОЦИ


Можноста за прибирање на мерните податоци и складирање за понатамошно користење по
дефиниција е карактеристика на дата логерите. Во некои случаи од дата логерите се бара само
прибирање и складирање на мерените податоци. Но кај соодветните програми неизбежно е потребна
способност за анализа и презентација на податоците, како и донесување одлуки врз основа на
обработените податоци. За комплетна обработка на прибраните податоци обично се потребни
следните чекори илустрирани на слика 5.1.

Слика 5.1 – Чекори на комплетна обработка на мерните податоци


Добивање на податоците – Овој чекор ги вклучува сензорите и хардверот на уредот за
прибирање на податоците како и преобразувањето на физичките големини во дигитални сигнали.
Анализа на податоците пред складирање – Овој чекор вклучува некоја анализа која се прави пред
да се складираат податоците. На пример преобразување на мерните единици во соодветните единици
во SI системот, или пресметување на средни вредности, одредување на максимални и минимални
вредности и слично. Вака можат да се направат некои пресметки и компресирање на податоците пред
нивната обработка.
MAKO CIGRE 2007 B5-07R 7/8

Складирање на податоците – Овој чекор се однесува на складирањето на анализираните


податоци вклучувајки и некои потреби за бришење на фајловите со податоци. Анализа на
податоците после складирање – Овој чекор вклучува некои анализи кои се прават после
складирањето на податоците. Анализа на историските податоци или промена на податоците.
Прикажување на податоците – Овој чекор вклучува создавање на извештаи потребни за
прикажување на податоците. Треба да напомене дека прикажувањето на податоците се врши и во
чекорот анализа на податоци пред складирање (сл.5.1). Ова овозможува способност за набљудување
на податоците низ сите чекори погоре објаснети во секојдневен приказ на историските податоци.
Обработката на мерните податоци се врши во компјутерот за таа цел секој производител на
уредите за прибирање на мерните податоци има свој софтвер кој овозможува обработка на истите. Со
помош на овој софтвер мерните податоци можат да се прикажат на повеќе начини и во повеќе
формати. За да се овозможи обработка на податоците прво потребно е да се инсталира софтверот.
Откако ова е направено потребно е да се изврши тестирање на системот особено на комуникацискиот
уред за да се осигура дека податоците пристигнуваат до компјутерот. Софтверот “Symphonie Data
Retriever” на уредот “Symohonie” на производителот “NRG” е компактибилен со оперативниот систем
“Windows” па откако ќе се инсталира можеме да се најде во стартното мени. Откако ќе се поврзи со
мерните станици ако се користи интернет врска или ако податоците се веќе во компјутерот, може да
се прикажат како графици или табеларно како на слика 5.2.

Слика 5.2 – Прикажување на мерните податоци табеларано и во форма на график

Еден од новитети кои се воведуваат во оваа проблематика се новите “eko21” и “ibox” на


компанијата на “Ekopower” која со овие уреди за прибирање на мерни податоци овозможува на
своите потрошувачи преносот и обработката на податоците да бидат направени од самата компанија,
при што анализите може клиентот да ги види на сопствената или нивната веб страна. Обработените
податоци можат да се видат на неколку начини како што е прикажано на сл. 5.3.а и сл.5.3.б.

Слика 5.3 – Начини на прикажување на мерните податоци


MAKO CIGRE 2007 B5-07R 8/8

6. ЗАКЛУЧОК
Во трудот се прикажани компонентите на мониторинг системите на параметрите на ветерот и
нивниот принцип на работа. Точноста на сензорите и нивното периодично калибрирање е од огромно
значење бидејќи грешка од ± 10% при мерењето на брзината на ветерот во енергетската пресметка ќе
доведе до грешка од ± 33% , што целиот проект може да го направи неисплатлив.
Со помош на ваквите системи се овозможува инсталирање на повеќе мерни станици на
различни локации, додека обработката на мерните податоци се врши на едно место. Тоа е од големо
значење бидејки сите мерни податоци се чуваат на едно место и се овозможува располагање со
историја на податоци за сите мерни локации. Врз основа на овие податоци може да се прогнозираат
параметрите на ветерот на таа локација, односно да се донесе решение за изградба на електрична
централа на ветер.

7. ЛИТЕРАТУРА
[1] Hector Sevillano Hernandez, Eddie Roos, Stefan Ericson. “Ultrasonic wind sensor” Electronics project 2005.
University of Skövde 2005.
[2] Eftichios Koutroulis, Kostas Kalaitzakis. “Development of an integrated data-acquisition system for renewable
energy sources systems monitoring” Technical University of Crete, Chania, Grece 2001.
[3] Dr. Gary L. Johnson.”Wind Measurement” Wind Energy Systems 12.11.2001.
[4] Упатство за употреба на “Symphonie” Data Logger од производителот “NRG”.
[5] www.ni.com/dataloggers
[6] www.ekopower.nl
[7] www.nrgsystems.com

You might also like