Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Стандарди – критеиуми за оценување на учениците по

информатика, информатичка технологија и програмски јазици

Формативно оценување

Формативното оценување се однесува на оценувањата што обезбедуваат


информации за учениците и за наставниците што се користат за подобрување на
наставата и учењето.
Формативното оценување често е неформално и тековно.
- Информациите од формативното оценување можат да се користат за да се
добијат повратни информации ( да му кажат на наставникот и на ученикот
колку добро е нештото научено) и да се поттикнат понатамошните
активности.
- Формативното оценување е структурирано – на учениците им се дава
подршка во проучувањето
- Формативното оценување може но немора да биде планирано
- При формативно оценување повратните информации треба да се даваат
непосредно , а не задоцнето
- Формативното оценување се доведува во врска со значителните придобивки
во учењето
- Формативното оценување повеѓе им помага на учениците со ниски
постигања отколку на другите
- Формативното оценување треба да води до поголема диференцијација во
наставата , односно усогласување на наставата и учењето со потребите на
учениците.

Оценувања што може да се користат за формативни цели се :

- Одговори на прашањата поставени од наставникот или од самите ученици


- Листа за проверки
- Усни презентации
- Есеи , писмени , извештаи
- Проектна работа
- Досиеја со трудови
- Тестови изготвени од наставникот
- Тестови на одредени лекции или поглавја

Сумативно оценување

Додека формативното оценување се однесува на собирање и интерпретирање на


информациите од оценувањето за да се поттикне наставата и учењето ,
сумативното оценување повеѓе се однесува на сумирање на успехот на
учениците на одреден временски период.

Некои од целите на сумативното оценување се :

- Да им се дадат оценки на учениците со цел да се извести за постигнувањето ,


наставникот ги бележи вреднувањата на напредокот во учењето на секој
ученик за да ги информира учениците , нивните родители и одговорните во
образованието за тие вреднувања
- Да ги информира учениците за дополнителната и додатната настава во која
што наставникот се обидува да ја прилагоди наставата според
индивидуалните потреби
- Да ја вреднува сопствената настава

Сумативното оценување се применува:

- Тестови изработени од надставникот


- Портфолија со најдобри трудови
- Есеи за кои се дава вкупна оценка
- Практични тестови
- Стандадизирани тестови

Заклучок

ОЦЕНУВАЊЕ

ФОРМАТИВНО СУМАТИВНО

Оценување заради учење Оценување на наученото

Оценување на часовите Оценување на часовите

Оценување на практичната оспособеност Оценување на крај од годината

БОДОВНА ЛИСТА донесена од активот

0% - 30% Недоволен (1)


31% - 55% Доволен (2)
56% - 74% Добар (3)
75% - 90 % Многу добар ( 4 )
91%- 100% Одличен (5)

Професор по информатика
Жаклина Лазаревска

You might also like