Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Гоце Делчев

Ако некој се запраша кој бил најголемиот револуционер, патриот и


неуморен борец за слободата на Македонија, ќе речам дека тоа е
Гоце Делчев. Тој бил Македонец во вистинска смисла на зборот. Ѓорѓи
Николов Делчев познаткај народот како Гоце Делчев е роден на 4ти
Фебруари 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Тој бил првото
дете на таткото Никола и мајката Султана. Како дете бил многу
послушен и одличен ученик, а кога ќе видел некоја неправда кон
послабите, тој секогаш ги бранел не трпел неправди,Гоце Делчев
Завршил гимназија во Кукуш, продолжил да се школува во Солун и во
Софија. Подоцна предавал четири предмети: геометрија, историја на
природата, географија ифранцуски јазик во Штип и Банско. Најголем и
најверен другар, се до смрта му бил Даме Груев.

Гоце Делчев бил голем револуционер па самиот тој велел: ,,Јас не ги


мразам Османлиите како народ, јас војувам против османлиската
тиранија која со векови владее со Македонкиот народ… Дали може да
има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и
народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко
поле за работа отколку во Македонија…”.

Подоцна ја прекинал учителската дејност и целосно и се посветил на


револуцијата. Месец дена пред прераната смрт на Гоце Делчев,
неколку пати се сретнал со Даме Груев кој дискутирале за кревање на
востание. На 2ри Мај 1903 година Гоце пристигнал во селото Баница
каде што се нашол со своите соработници. Но клетите турци го
опколиле селото. Кога разбрал Гоце Делчев, утрото на 4ти Мај заедно
со неговата дружина се обиделе да го спасат селото, но турците
притискале од сите страни и ја погубиле цела чета, а Гоце Делчев бил
погоден при полнење на пушката.Паднал врз неа и така згаснал
неговиот живот. Гоце Делчев го даде животот за својата татковина.
Сите Македонци треба да се благодарни и да се поклонуваат пред
неговиот лик и дело. До ден денес,неговото име се памети затоа
што животот го даде за нашата Македонија.

You might also like