Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Одбојка

Одбојката е групен спорт кој се игра на таков


начин што две екипи од по шест играчи,
одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат
топката преку мрежата до противничката екипа.
По сервирањето од страна на едната екипа,
играчите од другата екипа имаат право до
трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат
топката преку мрежата.
Бод се добива кога топката ќе падне во полето
на противничката екипа, ако противничката
екипа не успее правилно да ја префрли топката
назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа
заработи фаул.
Играта се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се
освојат 25 бода, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до
добиени 15 бода. При тоа, победничката екипа мора да има два бода
разлика во однос на противничката екипа, при освојувањето на
потребниот број бодови за победа во тој сет. Во спротивен случај,
сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од
два бода.
Развој на одбојката во светот
Одбојката на почетокот се ширела
низ САД во универзитетите за да во
1900. година се појави и во Канада,
со што Канада станала првата
странска земја во која почнало да се
игра одбојка. Потоа, почнува да се
шири на сите страни на светот:
Филипини, Кина, Бурма (Мјанмар),
Индија, Јапонија, Мексико, Европа, Африка... До 1913. година
одбојката во Азија се развила толку многу што била вклучена во
програмата на Далечно-Источните игри огранизирани во Манила.
Важно е да се спомене дека во Азија одбојката долго време се играла
со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во
Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како
на универзитетите, така и во училиштата. Играле и мажи и жени.
Во 1918. година, правилата биле сменети. Бројот на играчи бил
ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на
одбивање на топката е трипати.
До 1830-тите години, одбојката била првенствено спорт за забава и
рекреација, којшто во различни земји се играл по различни правила,
па постоеле само неколку межународни турнири. Во главно се
одржувале турнири на државно ниво, преку коишто одбојката станува
сè поинтересен натпреварувачки спорт што бара сè повеќе психо-
физичка сила. Во април 1947. година е основана Меѓународната
одбојкарска федерација FIVB во Париз со цел за промоција на овој
спорт во светот, создавање заеднички правила на игра, организирање
меѓународни турнири, односно сместување на одбојката во
програмата на Олимписките игри. FIVB првенствено вклучувала 14
држави-членки, а денес вклучува 218 што ја прави најголем спортски
сојуз на светот.

 Во 1948. година во Рим било одржано првото Европско


првенство во одбојка.
 Во 1949. година во Прага било одржано првото Светско
првенство во одбојка.
 Во 1952. година во Москва било одржано првото Светско
првенство за жени.
Во тој период се основаат националните одбојкарски федерации.
 Македонската федерација е основана во 1946 година во рамките
на Здружението за физичка култура на Македонија. Тоа била
една од основачите на Светската одбојкарска федерација
(ФИВБ) (со Белгија, Бразил, Египет, Франција, Холандија,
Унгарија, Италија, Полска, Португалија, Романија, Уругвај и САД).
На 13 февруари 1949 година македонската одбојска федерација
стана независна спортска организација.
Во 1957. година одбојката била сместена во програмата на
Олимписките игри, а првпат била заиграна на Олимписките игри во
1964. година, во Токио. Во 90-тите години на минатиот век расте
популарноста и влијанието на одбојката на песок, верзија на одбојката
којашто главно се игра на плажите на западните брегови на САД и
Бразил. Растот на популарноста на оваа верзија кулминира со
сместувањето на одбојката на песок во програмата на Олимписките
игри во 1996. година. Во текот на последната деценија, одбојката
доживува сè поголем раст, а квалитетот и масовноста на
меѓународните натпревари постојано расте.
Правила и прописи во одбојката
Одбојката е спортска игра која се игра меѓу две екипи, составени од по
шест играчи. Секоја екипа се обидува да ја префрли топката преку
мрежата во противничката половина од игралиштето со цел таа да
падне на подлогата или противничката екипа да не може да ја
префрли преку мрежата. При секое префрлање на топката преку
мрежата, екипата има право да ја допре топката најмногу трипати.
Играта започнува со почетен удар (сервис) кој се изведува зад
основната линија. Победник во играта е екипата која ќе освои три сета,
а екипата го добива сетот, ако освои 25 поени. Ако екипата која е на
прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива бод и право
да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во
насоката на движењето на стрелките на часовникот.
Полето за игра е во облик на
правоаголник, со димензии
18 Х 9м, окружен со слободна зона,
која од сите страни е широка
најмалку три метри. Полето з аигра
е поделено на две половини,
одделени со мрежа, поставена на
височина од 2,43 метри (за мажите),
односно 2,24 метри (за жените). Слободниот простор за игра е
просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки.
Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум метри
мерено од површината на теренот.

You might also like