Вештачко езеро Калиманци

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Вештачко езеро Калиманци

Марко

Калиманци е вештачко езеро во источниот дел на Македонија, на падините на Осоговските


Планини, во непосредна близина на Македонска Каменица. Езерото зафаќа површина од 4,23 км2.
Езерото настанало со преградување на долината на реката Брегалница преку изградба на брана во
1969 година. Неговата основна намена е наводнување на оризова површина од околу 28.000 ха, но
и на дел од обработливото земјиште во Овче Поле. Водата од езерото се користи и за
производство на електрична енергија, а за таа цел е изградена и мала хидроелектрана со годишно
производство на електрична енергија изнесува 26 GW/ч.

Андреј

Езерото се наоѓа во Истибањската Клисура, на местото каде што Каменичка Река се влева
во Брегалница, на надморска височина од 510 м. Должината на езерото е 14 км, а неговата
ширина изнесува 0,3 км. Со тоа, езерото зафаќа површина од 4,23 км2. Неговата најголема
длабочина изнесува 80 м. Калиманци се одликува по големага брегова разгранетост, така што
должината на бреговата линија при просечен водостој изнесува 40,5 км, што е подолго од
бреговата линија на Дојранското Езеро.

Петар

Во езерото има еден остров (Калата) со површина од 1,5 ха и еден микроостров во близина
на крајбрежјето кај селото Тодоровци со површина од 0,2 ха. Тоа исто така има неколку заливи и
полуострови. Од заливите, најголем е Каменичкиот со должина од 3 км кон градот Македонска
Каменица, а потоа следуваат Луковичкиот и Рибничкиот Залив со должина од по 0,8 км. Езерото
има поволна клима, а температурата на водата во летниот период достигнува 20 °C.

Бисера

Калата е остров кој се наоѓа во западниот дел на езерото, на почетокот на Каменичкиот


Залив, и се смета за единствениот остров во Источна Македонија. Островот се протега во правец
североисток-југозапад. Тој е долг околу 300 м и има најголема широчина од 75 м. Должината на
бреговата линија на островот изнесува околу 550 м, а неговата површина е во просек 1,5 ха. Од
брегот е оддалечен околу 100-150 м и до него наједноставно се пристапува со чамец. Името на
островот претставува кратенка од „градот на калајот“, бидејќи во минатото на него се исцрпувале
калај и злато.
Илина

Езерото е богато со риба, а застапени се следниве видови: крап, сом, црвеноперка,


костреш клен, снчарка, лињак и други. Природните мрестилишта на крапот, кленот, скобустот и
црвеноперката се главно на благите терени во средишниот дел на езерото, додека на сомот се
најмногу во северниот дел на езерото.

Мартин

Поволната местоположба и добрата инфраструктурна поврзаност на езерото се добри


предуслови за развој на туризмот. Богата рибна застапеност нудат одлични услови за спортски
риболов. Освен тоа, долж брегот на езерото има бројни археолошки наоѓалишта од различни
историски периоди. Сепак, езерото туристички воопшто не е искористено, а во неговата околина
нема ниту еден сместувачко-угостителски објект.

You might also like