Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

До Наставно-научниот совет и до

Колегиумот на постдипломските (мастер) студии по


казнено право

Врз основа на правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување


на прв и втор циклус на универзитетските студии, jа поднесувам следнава

ПРИЈАВА
за изработка на магистерски труд

1. Име и презиме: Стефан Илиевски


2.Број на досие:46424
3.Насока на последипломски студии: Казнено право
4. Наслов на темата: Кривичното дело на телесно повредување во периодот од 2018 – до
2022 година во Република Северна Македонија
5. Ментор:Проф. д-р Александра Деаноска – Трендафилова

6. Прилог кон пријавата:


а. Образложение на научната оправданост
б. Предлог содржина
в. Предлог литература

Датум на поднесување Име и презиме


на подносителот

------------------------------ Стефан Илиевски


А:ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА НАУЧНАТА ОПРАВДАНОСТ

Насилството, како форма на реакција на човекот кон општеството, претставува


феномен кој е стар колку и човековата цивилизација, но истото со текот на еволуцијата на
општеството доживува своја еволуција и трансформација во начинот на негово
изразување. Телесната повреда, како кривично дело во областа на насилничкиот
криминал, претставува интересна област за истражување, со тенденција да се истражат и
да се добијат сознанија за нејзината историја и значење, како и за начинот на нејзината
апликација во минатото и сегашноста. Преку магистерската теза ќе го дефинираме
предметот, односно кривичното дело телесна повреда, ќе ги разгледаме начините на кои
ќе го изведеме истражувањето за оваа тема, ќе ја поставиме целта и хипотезата и ќе
дадеме осврт на оправданоста за научната и општествена вредност на ова истражување.

Преку трудот најпрво ќе ги анализираме кривнично-правните аспекти на


кривичното дело телесна повреда, прикажувајќи еволуциски пат на ова кривично дело
преку различни историски периоди. Покрај историскиот контекст, ќе го обработиме и
дефинирањето на кривичното дело, видовите на телесната повреда како кривично дело,
како и најважните карактеристики што го разликуваат кривичното дело телесна повреда
од слични кривични дела, вклучувајќи тешка телесна повреда и учество во тепачка.

Воедно ќе се фокусираме и на обработката на криминолошките карактеристики на


кривичното дело телесна повреда. Во овој дел од трудот, ќе се посвети внимание на
феноменологијата и етиологијата на ова кривично дело. Во кратки црти, ќе се обидеме да
ги презентираме најзначајните појавни облици на телесна повреда, како и процентуалната
застапеност на ова кривично дело во вкупниот број на кривични дела за периодот кој е
објект на нашето истражување. Ќе се даде одговор на прашањето на која територија на
Република Северна Македонија е најраспространето ова кривично дело, презентирајќи
податоци за густината на случаевите на телесна повреда, нивниот обем, како и
процентуалното учество на машки и женски лица во извршувањето на ова кривично дело.

Покрај феноменолошките карактеристики, исто така, ќе се направи анализа и


презентација на најчестите причини и мотиви кои ги поттикнуваат лицата да го
извршуваат кривичното дело телесна повреда, односно кои се стимулаторите и факторите
што значително влијаат на лицата да се впуштат во овој вид на криминална активност. Ќе
се анализира начинот на извршување на кривичното дело, средствата што најчесто се
користат од страна на извршителите, како и криминалната ситуација под која најчесто се
случува кривичното дело, вклучувајќи време, место и територијална застапеност.

Особено битен аспект ќе се посвети и на аспектите на личноста на извршителот и


жртвата во контекст на кривичното дело телесна повреда. Ќе бидат прикажани најбитните
карактеристики на личноста на лицата кои го извршуваат ова кривично дело и личноста на
жртвата со цел заокружување на една целина со фокус на криминалистичките аспекти на
кривичното дело телесна повреда. Важно е да се спомене дека ќе бидат опфатени
субјективните карактеристики, но и објективните карактеристики на сите феномени кои се
составен дел на ова кривично дело.

Исто така, ќе се направи и компаративна анализа на ова кривично дело и неговото


дефинирање во други три правни системи односно ќе се анализираат истите аспекти и во
три избрани држави и тоа: Република Србија, Република Австрија и Република Хрватска.
Ваквиот пристап ќе допринесе за идентификација на сличностите и разликите помеѓу
нашиот систем и системот на другите избрани држави.

Имајќи во предвид дека во теоријата и праксата постојат различни поделби на


видовите на криминалитет и дека можеби до ден денес траат и се актуелни тие дискусии
помеѓу научниците и стручната јавност, во ова истражување би се задржале и би ја
прифатиле добро познатата и на широко прифатена поделба на криминалитетот
дефинирана и поставена од страна на Воденелиќ. Најголем дел од лицата кои се
занимаваат и ја истражуваат оваа проблематика како водилка ја земаат токму неговата
поделба на криминалитетот и тоа на општ (класичен) криминалитет, политички
криминалитет, стопански и еколошки криминалитет.

Во терминот општ криминалитет ги вбројуваме сите кривични дела против сите


постоечки облици на имот, живот и тело и други општествени вредности инкриминирани
во казнените законици, под услов да не спаѓаат во групата на кривични дела против
стопанството и службената должност (економски криминалитет), односно да не се
систематизирани во главата на кривични дела против уставниот поредок, да не се
кривични дела систематизирани во главата на политички криминалитет или да не се
кривични дела против животната средина (еколошки криминалитет).

Бидејќи нашето истражување е насочено кон телесната повреда како кривично


дело, можеме да заклучиме дека таа е тесно поврзана со општиот криминалитет, како што
беше нагласено претходно. Телесната повреда, како кривично дело, се обработува во
Кривичниот законик на Република Северна Македонија, што значи дека нашето казнено
законодавство ја определува со прецизност и деталност. Од погоре спомнатото можеме да
заклучиме дека нашиот проблем на интерес произлегува од областа на општиот
криминалитет.

Специфично, кога се зборува за правното дефинирање на телесната повреда,


фокусот на нашето истражување ќе биде усмерен кон кривично-правните и
криминалистичките карактеристики на ова кривично дело и посебностите кои се уникатни
за ова дело.

Кривичното дело телесна повреда е јасно дефинирано во Кривичниот законик на


Република Македонија од 1996 година. Ова дело припаѓа во главата на кривични дела
против животот и телото. Точната и прецизна дефиниција на ова кривично дело
обезбедува услови за јасно разликување од слични дела, како што се кривичното дело
тешка телесна повреда од член 131 и кривичното дело учество во тепачка од член 132.

Пред да преминеме кон посериозно и постудиозно запознавање со предметот на


научното истражување, прво и неопходно е научно да го дефинираме нашиот проблем.
Телесната повреда е дефинирана во член 130 од Кривилниот Законик на Република
Северна Македонија и гласи:

(1) Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со
парична казна или со затвор до три години.

(2) Тој што ќе го стори делото од ставот (1) на овој член при вршење родово-базирано
насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е
посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или
бременост, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Со казната од ставот (2) на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори од
омраза.

(4) Судот може на сторителот на делото од став 1 да му изрече судска опомена ако бил
предизвикан со особено навредливо или грубо однесување на оштетениот.

(5) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба, а за ставот 2 по


предлог.

Научната цел е на ова истражување е поврзана со неоспорниот факт дека областа


на насилниот криминалитет, особено телесната повреда како дел од неа, се изучува и
објаснува деликатно и недоволно од страна на академците, криминалистите и
криминолозите. Ова посебно се однесува на темата на интерес, отворајќи широка
димензија која предизвикува потреба за истражување и проследување. Испитувањето на
кривично-правните и криминалистичките карактеристики на кривичното дело телесна
повреда како дел од категоријата кривични дела против животот и телото звучи занимливо
и провокативно. Сепак, во ист момент, ова истражување е исклучително комплексно и
бара целосна посветеност и ангажираност.

Ако ги земеме предвид претходните истражувања за кривично-правните и


криминалистичките карактеристики на кривичните дела против животот и телото, можеме
да заклучиме и констатираме дека истражувањата за убиствата можеби се најобемни. Во
домашната научна област која се бави со оваа тема, научните трудови широко ги
истакнуваат кривично-правните и криминалистичките карактеристики на убиствата, со
посебен фокус на истражувањето на професорот Марјан Котевски. Во своите научни
активности, тој се фокусира на криминолошките карактеристики на кривичните дела
против животот и телото, посебно на аспектите поврзани со убиствата.

Но, проучувањето на кривично-правните и криминалистичките карактеристики на


телесната повреда од наша страна ќе отворат една нова димензија на пулсирање на
научната мисла, ќе придонесат кон пишување на нова страница од оваа област. Научната
вредност што би ја имало ова наше истражување секако дека во прв ред ќе бидет точната
систематизација на овие карактеристики, структурирани и обработени на едно место.

Научната важност на ова истражување првично би требало да се осети од страна на


криминалистичките работници. Тие се првите кои го освестуваат делото, влегуваат во
контакт со него и во текот на своите оперативни активности се обидуваат да го лоцираат
извршителот, комуницираат со жртвата на кривичното дело и се ангажираат околу
разоткривањето на околностите поврзани со кривично-правниот настан. Тие се
посветуваат на прашањата за идентификација на сторителот и изнесување на одговорното
лице пред надлежните институции. Воедно, преку компаративниот пристап ќе се
детектираат сличносите и разликите помеѓу РСМ и избраните држави и ќе се
идентификуваат можности за подобрување во борбата против ова кривично дело.

Брзото откривање на кривичното дело, ефикасна и навремена истрага од страна на


овластените лица, адекватно обезбедување на местото на настанот, точно и прецизно
дефинирање и иследување на значајните кривично-правни и криминалистички
карактеристики за ова кривично дело, незапрено се поставуваат како приоритет во
научната вредност што ова наше истражување треба да ја пренесе.

Истражувањето, од своја страна, претставува скромен, но значаен придонес, каде


ќе пробаме да дадеме основен одговор за личноста на извршителот на кривичното дело
телесна повреда. На непосреден начин, ова истражување пружа инсајт во структурата на
личноста на сторителот, чија слика подоцна би можела да се искористи максимално и
адекватно од страна на различни државни и јавни институции. Ова е особено значајно за
казнено-поправните домови и центрите за социјална помош кои во своето делување се
исправени пред предизвикот да работат со малолетните сторители на ова дело. Сите
информации кои ќе се добијат од истражувањето може да допринесат за создавање на
програми за ресоцијализација и советување за прекршителите на законот. Ова има за цел
да помогне во формирањето на ефикасни програми за рехабилитација и поддршка, со
надеж дека бројот на кривични дела, по можност, би бил значително намален во иднина.
Општествената цел на ова истражување се оценува преку динамиката и взаемната
врска што сакаме да ја постигнеме во рамките на институциите засегнати од оваа
проблематика. Првичната цел на истражувањето е да ги истражи кривично-правните и
криминалистичките карактеристики на кривичното дело телесна повреда и нивните
специфичности и облици.

Сепак, во современото време и со сегашниот начин на живеење и функционирање


на луѓето, се прецизира дека нема ваква можност за целосна изолација на една појава од
друга. Секоја акција во општеството предизвикува соодветна реакција. Заедничките
напори на криминалистичките работници, како и на другите институции засегнати од оваа
проблематика, треба да предизвикаат превентивни акции. Во иднина, тоа би требало да
доведе до намалување на делата кои се опасни за здравјето и животот на луѓето. Ова
намалување би допринесело кон подобрување на емоционалната состојба и хармоничен
начин на живот воопшто.

Од особена важност за постигнување на поставените цели и оправданост, е


моментот на формулирање на хипотезите за било кој научен проект, вклучувајќи го и ова
истражување.

Ориентацијата кон критериумите за добра хипотеза, во себе вклучуваат


иновативност, валидност, адекватност и прецизност. Кривичните дела од овој тип во
Република Северна Македонија се во постојан пораст, меѓутоа, недостига широка
општествена стратегија за нивна превенција и справување. Како главна хипотеза за ова
истражување ќе биде:

"Недостатокот на ефикасна општествена стратегија во Република Северна


Македонија за борба против кривичните дела на телесни повреди допринесуваат кон
непрекинатиот пораст на бројот на случаи, при што се утврдуваат различни фактори
и облици на кривични дела телесна повреда."

Секое научно истражување, како и секој научен проект, применува специфичен


метод за добивање неопходните податоци и нивна соодветна обработка и презентација. Во
зависност од типот на истражување, се користат соодветни методи и истражни техники.
Во контекстот на проучувањето на криминалистичките карактеристики, употеребуваме
секундарни извори на податоци и информации и компаративен пристап за анализа на
податоци.

Во истражувањето на криминалистичките карактеристики, ќе се користиме со


секундарни извори на податоци и информации. Кога споменуваме секундарен извор на
податоци и информации, главно мислиме на архивираните податоци и библиографските
фондови на соодветните институции, кои се значајни и претставуваат социјално знаење за
нашето истражување. Во ова истражување, институции од кои користиме структурирани
податоци вклучуваат Државниот завод за статистика, Министерството за внатрешни
работи, судот и обвинителството. Преку нивните бази на податоци, извршуваме
препознавање на информации со значење за нашето истражување.

За податоците од Државниот завод за статистика, користиме компаративен метод


за да ги анализираме броевите на кривичните дела телесна повреда за периодот меѓу 2018-
2022 година. На основа на овие броеви, ќе бидат изведени одредени заклучоци за појавата
на ова кривично дело, за учеството на малолетните извршители, за различните аспекти
како родовата разноликост во извршувањето на делата, за започнатите истраги,
пријавените случаи, завршените истраги, како и за бројот на обвинети и осудени лица.

Исто така, ќе користиме податоци од Министерството за внатрешни работи,


односно од одделението за аналитика, за да го истражиме застапеноста на ова дело во
дневните билтени на Министерството. Овие податоци ни обезбедуваат информации за
мотивите за извршување на делото, средствата што ги користат сторителите, начинот на
извршување итн. Овие информации се пат за добивање портрет на лицето на сторителот
на кривичното дело, на жртвата и објаснување за нивните меѓусебни односи. Секторот за
аналитика на Министерството за внатрешни работи значително придонесе кон суштината
на нашето истражување, обезбедувајќи ни јасни информации за феноменологијата и
етиологијата на делото. Овие податоци, добиени директно од полициските операции, се
различен карактер и претставуваат важен аспект од нашето истражување.
Податоците од судот ни обезбедуваат информации за бројот на кривични дела кои
се судени и решени во судската постапка за времето што го истражуваме. Истовремено,
ни даваат информации за типот на дела и висината на наложените казни. Од друга страна,
обвинителството располага со податоци за точниот број на поднесени обвиненија пред
соодветните судови, истрагите кои се прекинати, како и случаите кога обвиненијата се
повлечени.

Воедно, ќе бидат собрани и анализирани податоци од соодветните институции од


избраните држави и преку компаративна анализа ќе бидат донесени соодветни заклучоци.

Научната оправданост на нашето истражување се изразува во фактот што се


обидуваме да дадеме квалифицирана анализа на најзначајните кривично-правни и
криминалистички карактеристики на кривичното дело телесна повреда за периодот
помеѓу 2018 и 2022 година. Податоците што ќе бидат претставени во истражувањето се
средство во рацете на сите заинтересирани страни кои се ангажирани околу оваа
проблематика. Без разлика на аспектот од кој го анализираат, сите имаат заедничка цел -
борбата против оваа појава. Презентацијата и анализата на податоците за кривичните дела
телесна повреда, во текот на годините, со цел разоткривање на најчестите облици на
појава, средствата за извршување и мотивите на сторителите, ќе допринесат за подобро
разбирање и борба против овие прекршоци. Истовремено, нашата цел е истражувањето да
биде јасно и експлицитно, така што ќе биде достапно за широката јавност, а не само за
стручната област. Ова е значаен чекор за подигнување на степенот на превенција и
подобрување на свеста на јавноста во врска со оваа проблематика.

Оправданоста на нашето истражување е основана на логичко и научно


надоврзување, вградено во широката борба за подобар и безбеден живот, како
емоционално, така и материјално. Оваа борба вовлекува и интерактивно дејствување на
сите релевантни актери во општеството, при што секој индивидуално треба да ги исполни
своите обврски за да допринесе кон подобрување на животот. Во контекстот на ова,
бараме општествена оправданост на нашето истражување. Ова им отвора пат на другите
институции да продолжат со комплетирање и успешно завршување на секој поединечен
случај. Ефикасноста и успешноста во собирањето на криминалистичките карактеристики
на ова кривично дело, како и мотивацијата што ја поставуваме, се доволни за општествена
оправданост, и веруваме дека ова истражување допринесува во широкиот научен домен во
оваа област.

Б:ПРЕДЛОГ СОДРЖИНА

ВОВЕД

ГЛАВА 1 Формулација на проблемот, цел, начин и оправданост на истражувањето

1.1 Формулација на проблемот

1.2 Цел на истражување

1.3 Хипотези на истражувањето

1.4 Начин на истражување

1.5 Научна и општествена оправданост

ГЛАВА 2 Кривично-правен аспект на кривичното дело телесна повреда во


Ррепублика Северна Македонија

2.1 Историја и еволуција на кривичното дело телесна повреда

2.2 Поим за кривично дело, елементи на кривичното дело и поделба на кривичните дела

2.3 Кривично дело телесна повреда

2.4 Суштински разлики меѓу кривичното дело телесна повреда и кривичните дела тешка
телесна повреда и учество во тепачка
ГЛАВА 3 Краток осврт на криминолошките карактеристики на кривичното дело
телесна повреда

3.1 Феноменолошки карактеристики на кривичното дело телесна повреда

3.2 Етиолошки карактеристики на кривичното дело телесна повреда

3.2.1 Општествено-економски фактори како причина за појава на кривичното дело телесна


повреда

3.2.2 Политичките фактори како причина за појава на кривичното дело телесна повреда

3.2.3 Културните фактори како услов за појава на кривичното дело телесна повреда

ГЛАВА 4 Криминалистички карактеристики на кривичното дело телесна повредa

4.1 Поим, видови и значење на криминалистичките карактеристики

4.2 Начин на извршување на кривичното дело телесна повреда

4.3 Средства за извршување на кривичното дело телесна повреда

4.4 Криминална ситуација под која се извршува кривичното дело телесна повреда

4.5 Трагите од кривичното дело телесна повреда како криминалистичка карактеристика

Глава V Личноста на сторителот и личноста на жртвата од кривичното дело телесна


повреда како криминалистички карактеристики

5.1 Личноста на сторителот на кривичното дело телесна повреда

5.2 Личноста на жртвата на кривичното дело телесна повреда

Глава VI Компаративен пристап и анализа на кривичното дело телесна повреда во


Кривичните законици на Република Србија, Република Хрватска и Република
Австрија

4.1 Анализа на кривичното дело телесна повреда во Кривичен законик во Србија

4.2 Анализа на кривичното дело телесна повреда во Кривичен законик во Хрватска


4.3 Анализа на кривичното дело телесна повреда во Кривичен законик во Австрија

4.4 Истакнување на разликите и сличностите помеѓу Република Севернa Македонија и


избраните држави

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ

В:ПРЕДЛОГ ЛИТЕРАТУРА

1. Алексовски, Стеван. Криминологија. Универзитет “Гоце Делчев” Штип, 2009;

2. Алексовски, Стеван. Психологија со криминалистичка психологија. Скопје, 2005;

3. Ангелевски, Методија. Вовед во криминалистика. Скопје: Графос, Куманово, 2007;

4. Ангелевски, Методија. Оперативна криминалистика. Скопје, 2007;

5. Арнаудовски, Љупчо. Криминологија. Скопје, 2007;

6. Бајалџиев, Димитар. Вовед во правото: Држава. Книга прва. Кочани, Европа 92, 1999;

7. Владо Видиќ, О траговима у криминалистичкој обради, Безбедност 8/1971;

8. Камбовски, Владо. Казнено право: општ дел. Скопје: Култура, 2004;

9. Камбовски, Владо. Казнено право: посебен дел. Трето потполно изменето издание.
Скопје: Просветно дело, 1997;

10. Климовски, Саво. Митков, Владимир. Уставно уредување на Р. Македонија. Скопје,


2000;

11. Котески, Марјан. Криминалистички карактеристики кај убиствата. Второ издание.


Скопје, 2006;
12. Кралев, Тодор. Криминалистика, лексиконски курс. Скопје: Експертиза, 2007;

13. Магваер, Марк. Оксфордски прирачник за криминологија. Скопје: Нампрес, 2010;

14. Stphen E. Brown, Finn – Aage Esbensen, Gilbert Geis. Criminology – Explaining

Crime and its Context. NJ: Matthew Bender & Company, Inc., a member of the

LexisNexis Group, New Providence, 2010;

15. Treadwell, James. Criminology, London SAGE Publication, 2006;

16. Friscik, Jasmina, Lidija, Dimova. On the road to the EU – Monitoring Equal

Opportunities for women and men in Macedonia, 2006;

17. Џуклески, Гоце. Вовед во криминалистика. Трето изменето и дополнето

издание. Скопје, 2009

ЗАКОНСКИ И ПРАВНИ ИЗВОРИ И МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ

1. Кривичен Законик на Р. С. Македонија

You might also like