Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Опис на ликот Кузман од поемата „Сердарот“

Григор Прличев е еден од најистакнатите творци и претставници на македонската книжевност во


19-тиот век.Писател и поет е на повеќе божестевни и чудесни дела по што го добил и прекарот
втор Хомер.Од целата кариера како писател и преродбеник негово најпознато дело е поемата
„Сердарот“ која имала големо значење во македонската литература.

Борбата на македонците против насилството од Гегите,поконкретно преданијата за јунакот Кузман


Капидан се инспирацијата на Григор Прличев за создавањето на поемата „Сердарот“.Главниот лик
во оваа песна,оној на кој е посветена е херојот Кузман Капидан.Неговиот лик е опишан од страна
на мајка му,албанците и народот преку навраќања и спомени.Кузман живее во селото Дебарца
каде бил прославен како заштитник и чувар на народот.Единствен син и е на Неда од која
дознаваме повеќе за детството на Кузман,дека тој уште од многу рана возраст после загубата на
татка си,со сабјата и мечот се спрема за одмазда на Гегите.За жал ја добива истата судбина,а
мајка му Неда по втор пат ја трпи истата длабока болка.

Кузман остава впечаток на бестрашен јунак не само кај својот народ, туку и кај
непријателите,Гегите.

„И везден ти да плачеш,имаш зошто.Биди силна!

Ти изгуби,о мајко,џин!“

Преку овие стихови стариот албанец и кажува на мајката за херојската борба и смрт на син за
доброто и безбедноста на македонскиот народ,за одмаздата на својата дружина.Гегите се
заколнуваат дека никогаш повеќе нема да дојдат во родната куќа на Кузман за гозби и храна,на
кое Неда им возвраќа вака:

„Зошто ми е животот кога син ми неодмазден ќе е?“

Преку овој стих заклучуваме дека Неда ја имала истата желба како син и,а тоа е македонски народ
да биде заштитен. Човек кој живее и се жртвува за правдата на сите,тоа е токму Кузман Капидан.

Прличев преку ова уметничко дело успеал на еден начин да го опфати овој чувствителен
момент,животот и смртта на сердарот Кузман.Воедно ни го претставил и тешкото минато на
народот од страна на Гегите и Турската власт.Преку оваа песна ја согледуваме благодарноста и
почитта на народот за кој се жртвувал,тие нема да го заборават нивниот единствен некогашен
спас.Духот на овој закрилник никогаш нема да згасне.

You might also like