Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Кога срцето е полно со надеж

Срцето не е само орган, тое е и амблем на нашата емоционална стабилност. Срцето е


изразител на нашите емоции и чувства.Што се случува кога нашите срца се исполнети ?
Што е всушност надежта ? Што ако во срцата имаме надеж ?

Кога нашите срца се исполнети ја чувствуваме емоционалната исполнетост и


стабилност.Со други зборови тоа значи дека кај нас преовладуваат позитивните емоции
и чувства.Во тие моменти на животот ние сме исполнети, среќни и задоволни,имаме
мир и најважно од се имаме надеж.

Надежта е чувство на очекување и верување за нешто посакувано, но не присутно во


реалноста. Од надежта произлегува волјата за издржување во тешките моменти.
Надежта е неопиплива сила која не поттикнува да веруваме во можностите пред нас.
Таа е најсилната емоција која што можеме да ја почувствуваме. Истата е вид на
инспирација која не води низ патот на усовршување и разоткривање.Со себе таа носи
нови промени и убавини. Надежта е како птица на слободата која лета и се возвишува и
е како сонце што изгрева по најмрачната ноќ.

Нов свет на оптимизам се отвара кога во нашите срца имаме надеж.Тогаш веруваме во
позитивните исходи и гледаме кон иднината на поубав и посветол начин. Кога срцата ни
се исполнети со надеж секој ден станува посветол од претходниот,а надежта создава
простор за среќа. Срцето полно со надеж не води низ животот со смелост и љубов. Кога
срцето е исполнето со надеж, човекот стои посилно пред бурите на животот.Со срцето
полно со надеж, сме способни да ги совладаме нашите најголеми стравови, да ги
исполниме нашите најголеми желби и соништа.

Доколку некаде во своите срца ја врежаме надежта ,таа би имала моќ да го смени
светот во потполност.Светот би се променил кон подобро и би станал поубав,а ние
луѓето би станале повеќе надежни и оптимистични. Да се живее без надеж во срцата е
како да се престане да се живее ,бидејќи сѐ што е направено во светот е направено од
надежта.

You might also like