Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

Меѓународни односи меѓу 2те светски војни

Политичка ситуација
Ситуацијата во Европа била нестабилна,
версајскиот договор ги продлабочил
спротивностите меѓу државите. Односно имало
судири помеѓу победените држави (Германија,
Австрија, Бугарија, Турција и Унгарија) кои се
стремеле за ревизија на договорите и
победниците (Франција и Британија) кои биле
против тоа.
На САД или Светскиот банкар кој од војната
излегла како економска веле сила евопските
држави му должеле милјарди долари. Тие се
прошириле до Латинска Америка и Далечниот
исток. Тие не го потпишале версајскиот договор
и не се придружиле на друштвото на народите,
а по доаѓањето на новиот претседател се
повлекле во изолационизам.
Франција и Англија биле 2те главни гранати на
Версајскиот договор. Нивна цел била
економско зајакнување.

Политика на колективна
безбедност
Друштвото на народите било формирано 28
април 1919 како гарант на политичка и
територијална независност. Главни органи
биле: општото собрание, советот и
секретаријатот, а помошни: комисиите и
комитетите.
Друштвото пробувало да го одржи мирот меѓу
државите, а комитетите и комисиите се
расправало за надминување на последиците на
војната. Друштвото давало заеми на
поразените држави со цел да се зајакне
економијата во истите. Во 1926 се придружила
Германија, а во 1934 и СССР.
Франција се обидела да изгради „санитарен
кордон“ против болшевичка Русија и
поразенитре држави. Под нејзино дејство се
создала и малата антанта (Чехословакија,
Романија и СХС). Бил потпишан и пакт за
ненапаѓање меѓ: Британија, Германија,
Франција и Белгија. Значаен е и пактот Бријан-
Келог со кој државите се одкажале од војна
како решение на спорните прашања.
Голема економска криза
Започнува со падот на берзата во Њујорк 24
октомври 1929 (црниот четврток), а
подоцна се проширила низ светот. Таа е
последица на зголеменото производство и
падот на побарувачката.
Со тоа цените на подуктите се намалиле што
резултира во затварање на фабриките оставајки
речиси 30 милиони луѓе без работа.
САД со кризата се справила воведувајки Новиот
курс,и вклучувајки ги младите и невработените
во јавна работа ја намалиле невработеноста.
Биле воведени и минималната плата и
работната недела, а била укината
прохибицијата.
Британија излезот го барала во
протекционистичка политика и формирање
национална коалиција,
Германија излезот го барале во воведување на
фашистичката диктатура.
Национални и антиколонијални
движења
Колонијалните народи во Африка и Блискиот
исток ги засилиле политичките активности за
добивање на самоуправа. Овие движења се
појавиле и во Индонезија, Индија и Кина.
Во Кина започнало како резултат на
незадоволството од версајскиот договор. Ова ја
отпочнала граѓанската војна во Кина помеѓу
Куоминтангот и Комунистичката партија.
Во Индија започнало со доаѓањето на власт на
Махатма Ганди. Тој се борел против
насилството, а се залагал за развиток на Индија,
вложувал пасивен отпор како начин на
орфрлање на Британската власт.
Појава на фашизам и нацизам
Демократија и тоталитаризам
По првата светска војна повеќето европски
држави биле со парламентарна демократија.
Во ова уредување постоеле конзервативни,
либерални и социјлдемократски партии. Со
длабоката криза на местото на либерални
демократии се појавил тоталитеризмот.
Тоталитаризмот во европа се појавил во форма
на: Сталинизам- СССР, Фашизам- Италија и
Нацизам- Германија.
Фашизмот всушност претставува сложено,
политичко, социјално движење. Негови
основни карактеристики се: национализмот,
антипарламентаризмот, анитокомунизмот,
апсолутна контрола на животот на нацијата,
антисемитизам (омраза кон Евреите).
Фашизмот во Италија
Се појавил за време на политичка криза како
резултат на незадоволството од Версајскиот
договор. Економската криза ја искористил
Бенито Мусолини кој во 1919 го формирал
фашистичкото движење во Милано. Тој вршел
притисок врз италијанското население и
институции, а со „Маршот на рим“ 1922 барал
распуштање на парламентот. По два дена од
маршот бил назначен на чело на владата од
страна на кралот. Во 1926 Мусолини ги
забранува партиите и воведува диктатура.

Нацизмот во Германија
Кризата во Германија му оторила пат брзо
да се прошири фашизмот како официјална
државна идеологија. Во 1919 била
формирана Национал-социјалистичката
парија на чело со Хитлер. Тие се залагале за
поништување на Версајскиот договор,
отврлање на репарациите, расна
нееднаквост, диктаура и реваншизам. Во рок
од 5 години нивните поддржувачи пораснале за
11 милиони.
1933 Хитлер станал канцелар, а со тоа
започнала нацистичката диктатура. Со палење
на Рајхстагот биле забранети партиите. 1935
биле донесени „Нирнбершките закони“ со кои
биле дискриминирани евреиите. 1938
„Кристална ноќ“ биле убиени стотици евреи и
уништени многу синагоги. Нацизмот е
иззграден врз антисемитизмот, расизмот и
антикомунизмот.
1936 се формирал пакт помеѓу Германија,
Италија и Јапонија.
Ревизионистичка политика
Експанзионизмот и ревизионизмот
претставувале карактеристика на германскиот и
италијанскиот фашизам.Германија започнала
со спроведување на ревизионистичка политика
со самото доаѓање на Хитлер на власт.Во 1933
таа се повлекла од друштвото на народите,
вовела воена обврска и засилено се вооружила.
Ја обединиле Сарската област и Австрија, а со
Минхенскиот договор ја принудиле
Чехословачка да отстапи од Судетската област.

You might also like