Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Градба и функција на еукариотска клетка (ЕР,ГС,рибозоми,вакуоли,митохондрии)

Цитоплазматичните органели претставуваат структури со карактеристична градба и специфична


функција.Набљудувани со светлосен микроскоп се гледаат како структури со доста едноставна
градба,а некои органели поради своите мали димензии воопшто не се забележуваат со светлосен
микроскоп.Според структурната и ултраструктурната организација,проучувана со електронски
микроскоп,органелите можат да бидат мембрански и немембрански структури.

Во мембрански структури спаѓаат првите мембрански органели(митохондрии и пластиди)кои се


одвоени со двојна мембрана и структурите:ЕР,ГС,сферозоми,лизозоми идр. карактеристични со
единечна мембрана.

Во немембрански структури спаѓаат.:микротубули,центриоли,рибозоми и микрофиламенти.

Во некои органели се одвиваат основните биолошки функции,како биосинтеза на протеини,клеточно


дишење идр.Тие органели се наоѓаат во сите клетки и се познати како универзални
органели:ендоплазматичен ретикулум,Голџиев систем,митохондрии и др.Други органели
учествуваат во функции својствени само за определен тип на клетки и тие се познати како специфични
органели:трепки,камшичиња идр.Органелите,како што се:центриолите-се својствени само за
животинските клетки,а пластидите,сферозомите и вакуолите се своствени за растителните клетки.

Ендоплазматичен ретикулум

Во клетката е претставен со ситем на мембрански структури.Најчесто во системот на мембрански


структури(тубули,цистерни и везикули)се меѓусебно поврзани и создаваат мрежа,од каде и го добива
името органелата.Површината на мембраната на ЕР може да биде со рибозоми или без нив и според
тоа разликуваме грануларен(зрнест) или агрануларен(мазен) тип.ЕР претставува внатрешен
циркулаторен систем,низ кој се пренесуваат протеините,јаглехидратите и др. материи.Но тој учествува
и во синтеза на низа специфични соединенија,грануларниот(зрнестиот)учествува во синтеза на
протеини.Подобро е развиен ЕР во клетките кои покажуваат поголема активност,пример во клетките на
мускулите,а кај младите недиференцирани

клетки(ембрионални) е слабо развиен.

Сл.1 Ендоплазматичен ретикулум


Рибозоми

Тие се ситни органели во облик на зрна,што можат да се набљудуваат само со електронски


микроскоп.По создавањето во јадренцето на клеточното јадро тие преминуваат во
цитоплазмата.Главно рибозомите доаѓаат како врзани(прикрепени) за мембраната на
грануларниот(зрнестиот)ЕР,потоа во јадрото и цитоплазмата како и во некои органели(хлоропласти и
митохондрии),тие можат да бидат и слободни распрскани честички.Секој рибозом е изграден од две
морфолошки субединици,што се разликуваат по големина и тежина,наречени мала и голема
субединица.Рибозомите се органели во кои се остварува синтеза на протеини,со учестви на
нуклеинските киселини i-RNA и t-RNA.Нивната улога се остварува само ако се поврзани со i-RNA,и во
тој случај се создаваат функционални структири,наречени полизоми или полирибозоми.

Голџиев систем

Изграден е од голем број нееднаво дебели и делумно свиткани мембрански структури,сродни на


ЕР,наречени диктиозоми,кои најчесто се наоѓаат околу јадрото.Секој диктиозом е изграден од
определен број плоскави торбички наречени сакули,кои стојат една над друга поставени паралелно и
најчесто меѓусебно поврзани.Продуктите од синтетската активност на
клетката(протеини,липиди,јаглехидрати)преку ЕР се внесуваат во каналите на сакулите на Голџиевиот
систем.По соодветна обработка тие материи се натрупуваат или се одлепуваат како крајни продукти во
облик на секреторни везикули или вакуоли со различна големина. Кај жлездените клетки,секреторните
везуикули се движат кон површината на клетката,при што мембраната им се слева со клеточната
мембрана и на тој начин содржината се одделува во надворешната средина.

Сл.2 Голџиев систем


Лизозоми

Со електронски микроскоп се забележува нивниот облик на гранули или меурчиња со единечна


мембрана.Внатрешната содржина ја исполнуваат хидролитички ензими,што можат да ги разградуваат
сите видови високомолекулски органски материи: протеини,нуклеински киселини,јаглехидрати и
липиди.Ензимите се синтетизираат во грануларниот ендоплазматичен ретикулум,се сместуваат во
структурите на Голџиевиот систем,од каде се одделуваат како лизозомни меурчиња.Во лизозомите се
разградуваат материи што во клетката се наоѓаат како нерастворливи честички или во облик на цели
капки.Тоа станува кога примарните вакуоли што се образуваат околу тие честички,ќе се слеат со
лизозомите и создаваат дигестивна вакуола.Во одредени услови, со лизозомите клетката ги разградува
и сопствените остарени или непотребни органели(пример митохондрии,мембрани на
ендоплазматичниот ретикулум идр.) или натрупани резервни хранливи материи.

Митохондрии

Тоа се клеточни органели во облик на зрна,нишки или стапчиња што се наоѓаат во сите еукариотски
клетки.Нивниот облик е непостојан и се менува во зависност од физиолошката состојба на
клетката.Бројот,димензиите и распоредот зависат од видот на клетката и нивната
активност.Митохондриите имаат сложена градба.На електронски микроскоп,јасно се гледа дека од
цитоплазмата се одвоени со двојна мембрана,на која ,структурно,а особено биохемиски,се разликуваат
надворешна и внатрешна мембрана и внатрешна содржина наречена матрикс.

Внатрешната мембрана се карактеризира со тоа што создава внатрешни набори,наречени кристи,што


навлегуваат поплитко или подлабоко во матриксот.Обично кристите се поставени нормално на
надолжната оска на митохондриите и претставуваат нецелосни прегради,што не го прекинуваат
континуитетот на внатрешниот простор на митохондриите.Наборите можат да имаат облик на
гребени(cristae) или на цевчиња(tubuli),се наведува и форма со облик на ќесиња(saculi),што се
својствени за митохондриите во растителните клетки.На површината на кристите се забележуваат
голем број топчести структури кои со една куса дршка се поврзани за внатрешна мембрана.Овие
структури се наречени оксизоми или Ф-1 партикули. Ф1 партикулите содржат ензими кои учествуваат
во процесите на клеточното дишење. Во митохондриите се врши аеробно разградување на материите
при што се ослободува енергија.

Сл 3. митохондрии
Пластиди

Пластидите се органели својствени за еукариотските растителни клетки.Нив ги нема во клетките на


животните,габите и прокариотите.Во зависност од тоа дали содржат пигмент пластидите ги делиме на:

1.хлорофил(кои главно содржат хлорофилни пигменти)

2.хромопласти(кои содржат каротеноидни пигменти-каротини и ксантофили)

3.леукопласти(без пигментни пластиди)

Хлоропластите се обвиени со липопротеинска мембрана,која со електронски микроскоп се гледа дека


е двојна мембрана,на која разликуваме надворешна и внатрешна мембрана.Внатре во хлоропластот се
наоѓа матрикс или познат како строма ,во која е сместен сложен ламеларен систем изграден од
мембрански структури.Внатрешната мембрана се извива кон внатрешноста,создавајќи ги основните
субединици на ламеларниот систем,кои имаат облик на сплескани кесички наречени тилакоиди.На
одредени места кратките тилакоиди се поредени една на друга и создаваат структура наречена
грана.Граните меѓу себе се поврзани со долгите тилакоиди уште наречени тилакоиди на стромата,така
што сите мембрански структури функционираат како единствен систем.Во тилакоидните
мембрани,според строго определен ред се распоредени молекулите на пигментите(хлорофил,каротин
и ксантофил) и голем број ензими.

Сл4.хлоропласти

Хромопласти

Хромопластите се фотосинтетски неактивни пластиди,по боја жолти,портокалови и светлоцрвени.Тие


се наоѓаат во цветовите,во зрелите плодови и во многу вегетативни органи(корен на морков).Тие
најчесто се образуваат со преобразување на хлоропластите(при зреење на плодови,во листовите пред
отпаѓање),а поретко од леукопластите(во корен на морков).

Леукопласти

Тие се безбојни,имаат тркалезен или елипсовиден облик и имаат важна улога во секундарната синтеза
на органските соединенија.

Сферозоми

Тоа се цитоплазматични органели својствени за растителните клетки.Тие се обвиени со


липопротеинска мембрана,внатрешната содржина,наречена строма има зрнест изглед,а содржи
значително количество масни материи и ензими.Сферозомите претставуваат претходници(прекурсори)
на масните капки.Во текот на развитокот,зрнестиот изглед на сферозомот постепено исчезнува и на
крај се добива хомогена строма,што претставува масна капка.Може да се заклучи дека сферозомите се
специјализирани органели н арастителната клетка за синтеза на масни материи.

Вакуоли

Вакуолите се простори во клетката исполнети со содржина наречен вакуоларен или клеточен сок.Во
младите недиференцирани клетки тие се ситни и многубројни.При диференцирање во трајни
клетки,бројот на вакуолите се намалува,бидејќи постојано се спојуваат една со друга и на крајот се
добива една или неколку големи вакуоли.Во тој случај цитоплазмата и јадрото се потиснати до
клеточниот ѕид.. Вакуолите се ограничени со мембрана наречена тонопласт.

Вакуоларниот сок претставува воден раствор со висока концентрација на голем број неоргански и
органски материи,како на пример:минерални соли,органски киселини,јаглехидрати,протеини,гликозиди
идр.

Сл.5 вакуола

Микротубули

Една мукротубула на електронски микроскоп изгледа како долго и тенко цевче,чиј ѕид е изграден од
топчести (глобуларни) молекули на протеинот тубулин,распоредени во 13 надолжни
редови.Микротубулите се наоѓаат во сите клетки,бидејќи го градат внатрешниот скелет на клетката,кој
го држи обликот на клетката.Тие учествуваат во различни клеточни движењапример,при движење на
хромозомите при делба на јадрото,при движење на трепки и камшичиња(микротубулите учествуваат
во градба на центриолите,трепките и камшичињата) и во движењето на различни органели што можат
да го менуваат местотото(митохондрии и др,)

Центриоли

Овие структури се својствени за животинските клетки.Центриолите претставуваат цилиндрични


структури,чиј ѕид е изграден од 9 групи по три микротубули кои делумно се споени,а срцевината е
исполнета со еднородна материја.Центриолите играат важна улога при делба на јадрото,бидејќи
учествуваат во создавањето на делбеното вретено.
Трепки и камшичиња

Трепките(cilii) и камшичињата (flagelumi) се специфични клеточни органели,бидејќи се наоѓаат само


кај одделни растителни и животински клетки.Тие имаат сродна градба со центриолите,претставуваат
цилиндрични структури во чија внатрешност се наоѓаат 10 групи од по две микротубули.Трепките и
камшичињата служат за движење;со нив се движат многу едноклеточни организми.

You might also like