Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Tранспорт на материи во клетки - активен транспорт

Активен транспорт претставува движење на честичките од средина со ниска концентрација кон


средина со повисока концентрација преку клеточна мембрана т.н.,,транспорт по нагорница,,.За овој
процес секогаш е потребна енергија од ATP.Активното пренесување се врши со помош на посебни
протеини како носачи.

Сл.1 Транспорт на материи

На овој начин се транспортираат јони на натриум,калиум,калциум,јод,железо,некои


шеќери,аминокиселини идр.Системот на носачи кои го изведуваат транспортот се нарекуваат
пумпи.Најважни се натриум-калиумовата пумпа и калциумовата пумпа.Таков е случајот со
движењето на натриумот(Na) од внатрешноста на клетката кон надворешната средина,и на
калиумот(К) од надворешната средина кон внатрешноста на клетката.Ова не претставува процес на
обична дифузија и осмоза ,туку сложен физиолошки процес за кој е потребна и одредена
енергија.Поголем дел од енергијата клетката ја троши токму преку процесот на активно
пренесување.Активното пренесување на материите се забележува при примањето некои од
растворените неоргански материи од почвата низ кореновите влакненца.Ист таков процес се одвива и
при преминувањето на материите низ каналчињата на бубрезите.Активен транспорт се одвива само во
живи клетки.Со умртвувањето на клетката и на клеточната мембрана се прекинува активното
пренесување на материите .Тогаш доаѓа до пасивно преминување со осмоза што се врши во двете
насоки.

Сл.2 натиум-калиумова пумпа


Цитози

Цитозите претставуваат процеси на пренесување на големи молекули или честички(во тврда или течна
агрегатна состојба).Пренесувањето на ваквите материи,обично е сврзан со одредени промени во
клеточната мембрана.Процесот на внесување такви материи во клетката е наречен ендоцитоза,а
изнесувањето од клетката е наречена егзоцитоза. Материјалот што се внесува или изнесува секогаш
се наоѓа во клетката обвиткан со мембрана. При ендоцитоза ,клетката обично ги прима неопходните
хранливи материи,а при егзоцитозата-одделуваат материи кои се производи од животната
активност,кои пак можат да бидат непотребни и треба да се исфрлат надвор од клетката или можат да
бидат неопходни за другите клетки(како ензими,хормони и др.).

Во ендоцитозата разликуваме фагоцитоза и пиноцитоза.И двата процеси се одвиваат на ист начин,со


таа разлика што при фагоцитозата се внесуваат (или вовлекуваат) цврсти или поголеми
честички,дури и ситни организми како бактерии, а при пиноцитозата навлегуваат растворените
материи(капки течност).Во допир со честичките,клеточната мембрана создава
вдлабнатинки(инвагинации) и ја заобиколува честичката.Секоја таква вдлабнатинка се затвора во
микровакуола,а честичката останува заробена во вакуолата и како таква останува во клетката.

Фагоцитозата е својствена за многу клетки и кај нижите и кај вишите организми.По пат на фагоцитоза
се хранат голем број едноклеточни организми како амебата,парамециум и др.Кај вишите организми
фагоцитозата е својствена за одреден број специјализирани клетки кои првенствено имаат заштитна
функција.Такви клетки се леукоцитите уште наречени фагоцити кои ги уништуваат бактериите и
другите туѓи тела што ќе навлезат во организмот.Под дејство на ферментите на лизозомите
фагоцитираните органски материи се разградуваат до попрости материи.

Сл.3 фагоцитоза

Пиноцитоза е идентичен процес на фагоцитозата,само што со неа се внесуваат растворени течни


материи,капки.Пиноцитозата има големо значење за организмот,бидејќи клетките добиваат неопходни
супстанции:протеини(ферменти,антитела,хормони),липиди,јаглехидрати идр.
Сл.4 пиноцитоза

При егзоцитоза(како спротивен процес на ендоцитозата),вакуолата со одреден клеточен материјал се


доближува до клеточната мембрана.Потоа,преку фузија на мембраната од вакуолата со клеточната
мембрана,вакуолата се отвора кон надворешната средина и се ослободува материјата.Егзоцитозата
е особено карактеристична за поголем број жлездени клетки(со што се овозможува излачување на
секретот надвор од клетката) и за клетките на крвните капилари(каде обезбедува исхрана на клетките и
отстранување на крајните продукти на метаболизмот).

You might also like