Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Двофазно вложување

Самото име кажува дека се изведува во две фази на работа.


I Фаза: Во првата фаза се прави јадрото околу моделот што е поставен на штифтот. На
измиениот и одмастен модел со четче се нанесува од замешаната маса за вложување со
што се овозможува навлегување на масата во сите фисури и шуплини, а потоа се
прекрива целата површина на објектот за леење и резервната главичка. Дебелината на
обложениот слој треба да изнесува 5-10 mm. Со друга четка преку масата се нанесува
прашок од незамешаната маса се додека не се постигне заситување и потсушување на
влажната маса. Придржувајќи го јадрото за штифтот во едната рака, со другата рака
земаме еге и внимателно стружеме по штифтот. На тој начин предизвикуваме вибрации
кои овозможуваат кондензирање на масата за вложување и едновремено излегување на
слободната вода на површината. Новоизлезената вода ја собираме и впиваме со
повторно нанесување прашок од масата со четче. Повторно стружеме по штифтот и
додаваме прашок додека не постигнеме целосно заситување. Така подготвеното јадро го
оставаме половина час да се исуши , односно да дојде до врзување на масата при што се
постигнува врзувачка експанзија како последица на експанзијата на гипсот кога тој
кристализира.
II фаза: Таа започнува со стврднувањето на масата, така што одбраниот цилиндер се
исполнува со замешаната маса, а јадрото се навлажнува со вода и се потопува во
средината на цилиндерот и рамномерно оддалечено од ѕидовите и дното.
По стврднувањето на масата се подготвува инката за топење на металот или таа се
добива готова ако се користи конус.
Вложување тело на мост
Телото на мостот како и сите други прецизни изработки се вложуваат по методот на
еднофазното вложување. Телото на мостот може да се вложи вертикално и
хоризонтално.
1. Вертикалното вложување се врши со еден штифт поставен на оралната страна
близу преминот на оралната страна кон страната што налегнува на коронката. Се
поставува и Солбриговата главичка, а по потреба и другите ориентациони
главички.
2. Хоризонталното вложување на телото се врши со еден до три штифта поставени
на оралната страна на телото или на косините на оралните тубери. На секој штифт
задолжително се поставува Солбригова главичка,а другите две по потреба.
Дали ќе користеме вертикална или хоризонтална положба зависи од тоа со какви
цилиндри располагаме.
Загревање на киветата
Киветата со вложениот објект, подготвената инка за топење на металот и отстраненетите
штифтови се внесува во ладна печка со пирометар или без него или во млака печка за
загревање на кивети. Ако печката нема пирометар, на капакот за затварање се наоѓа
отвор преку кој може да се гледа степенот на загреаноста на каналот од киветата, па така
се ориентираме кога киветата е загреана за леење. Киветата се поставува хоризонтално
со отворот за леење кон вратичката. До 300̊ C изгоруваат восокот и акрилатот, а
понатамошното загревање ги изгорува и евентуалните други остаоци. Киветата се грее во
печката додека се постигне температура од 600-750 ̊C што се чита на пирометарот или се
гледа преку отворот на капакот кога ќе се постигне црвено усвитување на дното од
каналот што занчи дека коветата е подготвена за леење. Времето на греењето не треба
да биде подолго од 45минути.

You might also like