Галичка свадба

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Галичка свадба

Галичка свадба или Петровденска галичка свадба —


манифестација која се одржува секоја година на Петровден
(12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу
единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на
свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со
сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и
небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој
крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба
која е со најмногу сватови. Галичката свадба во своето
опстојување придонела да
се негуваат единствените
свадбарски обичаи и
ритуали, на жителите од
овој крај, да се сочуваат
изворните песни, ора, и
надалеку познатата галичка
носија-изработена со
филигранска прецизност и
точност на терзиите. Секоја
година посебна комисија
избира двајца млади кои ќе
се венчаат на Галичката
свадба. Еден од
предусловите е барем еден
од младите да потекнува од
галичко семејство.Секоја
година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем
број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба:
чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на
невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак,
канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на
невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата
„Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат
но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на
Галичанецот во минатото. Во Галичник сега живеат само
два житела, но на Петровден има над 5000 посетители и
туристи кои доаѓаат да ја гледаат оваа Галичка свадба.

You might also like