Народните носии

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Народните носии

Народните носии во Македонија имаат


многувековна традиција. Тие се дел од
материјалната култура на македонскиот народ и
претставуваат значајна гранка од народното
уметничко творештво. Создавани како колективна
придобивка на сиот македонски народ, тие во долга
низа години се
пренесувале од
поколение на
поколение и во својот
развоен пат во себе
вклопиле многу
елементи од разните
културни влијанија што
се вкрстувале на овој
дел од Балканот. На
најстариот културен
слој - старобалканскиот,
како и на древната
хеленистичка култура,
се надоврзува
културата на
облекувањето на старите Словени, кои во силните
налети од V до VII век го населуваат овој дел на
Балканскиот Полуостров. Во понатамошните
културни текови се надоврзува влијанието на
византиската цивилизација, како и силниот уплив на
турско-ориенталните елементи, па сè до најновите
струења од Запад. Во долготрајниот процес на
оформување на народните носии во Македонија
учествува сиот македонски народ-творец и создавач
на народните носии. Во нивното оформување се
одразени разните историски, општествени,
економски и културни настани. Различните културни
влијанија низ вековите, во различни историски
епохи, се примани во народните носии,
преработувани со творештвото на народното
сознание, прилагодени на народниот бит и начин на
живот, развиени и усовршени со народните естетски
сфаќања. Така се создале народните носии во
Македонија како израз на народните колективни,
естетски и психички диспозиции. Сите овие
чинители, кои учествувале во оформувањето на
народните носии во Македонија и во создавањето на
традиционалните форми на народното облекување,
биле важни фактори за дефинитивното обликување
на разновидните и типски различни форми на
народните облеки и на народното облекување
воопшто. Во оформувањето на нивните типски и
декоративни обележја нашле одраз дамнешните
епохи, како и времето во кое се создавани. Со сето
свое богатство, изразено со бројноста и
разновидноста на облеките, начинот на нивното
украсување, во орнаменталните композиции и во
колоритот, народните носии доаѓаат до нас преку сè
уште зачуваните примероци употребувани во XIX и
првите децении на XX век.

You might also like