Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

„ЗАД СЕКОЈ ГОЛЕМ ЧОВЕК СТОИ ГОЛЕМ УЧИТЕЛ“ - 5-ТИ ОКТОМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ

Во знак на сеќавање на 5 ти октомври 1966 година, кога е усвоена Препораката на


Меѓународната организација на трудот – МОТ и на УНЕСКО во врска со статусот на
наставниците, во 1994 година овој ден е прогласен за Светски ден на учителите.
Education International – EI, светски Сојуз на синдикатите во областа на образованието, со
седиште во Брисел, придонел во меѓународно признавање и одбележување на овој ден
низ целиот свет.Учителството е благородна професија која секогаш е во насока на
менторирање, мотивирање и афирмирање на знаењето кое наставниците го пренесуваат
на учениците.

Учителите се и педагози, воспитувачи, но и добри пријатели и заштитници на


детската личност во нејзиниот креативен и интелектуален развој.Да се биде учител е
богатство, благородна професија чии почетоци се со појавата на човекот, уште во таа
првобитна заедница кога човекот немал услови за живот какви што имаме ние денес,
време во кое човекот почнал да учи да пали оган, да одгледува растенија, да лови за да
може да се храни и преживее. Човекот најпрво бил сам свој учител кога научил да
зборува, да работи, научил што треба да прави за да преживее, а потоа станал учител на
помладите генерации. Знаењето што го имал, морал да го споделува со другите за да
може да опстане човечкиот вид и така полека, учителската професија од првобитната
заедница, од тие најпримитивни начини на пренесување на знаењето преку работа за да
може да се преживее, продолжила да се усовршува низ вековите. Учителот веќе ја немал
само таа улога на оспособувач за преживување, за работа за да не се умре од глад, туку
неговата улога станала посложена.Почнало описменувањето, се учеле најразлични
предмети, а учителите почнале да се придвижуваат кон институционално подучување во
училишта. „На Меѓународниот ден на учителите светот ја слави возвишеноста на една
професија. Ден кога треба да се потсетиме на луѓето кои создаваат луѓе. Луѓето кои го
посветуваат животот, пренесувајќи го своето знаење на децата. Оние кои ги изодуваат со
децата нивните најделикатни години, внесувајќи многу љубов и посветеност во
трасирањето на нивниот пат во животот. Учителите се тие што со внимание поучуваат,
затоа што секој нивни збор и постапка остава траг, можеби капка, но многу важна, во
формирањето на личноста, во создавањето Човек“.

Учителите денес се соочени со потребата за мобилизација и поддршка во нивната


значајна улога во образувањето и воспитувањето на младите генерации, идните
градители и носители на општествените промени. Започнувајќи од предучилишно
воспитание, со поставување на основите на развојот, патувајќи низ осоновното
образование, каде што се поставуваат основите на учењето и примена на знаењата во
нови ситуации, потоа поминувајќи низ средното образование, каде што младата личност
се дообразува и се подготвува да стане возрасна и, стигнувајќи до крајната дестинација
од патувањето наречено „образование“, високо образование, каде што се подготвуваат
личности за најразлични професии и продолжување на нивните улоги како идни
професионалци, учителската професија, како една од најстарите професии, е и ќе остане
светлина која трае, неопходна професија за создавање свет со образовани личности
подготвени за менување на светот кон подобро.

Им го честитаме на сите просветни работници Светскиот ден на учителите и им


посакуваме на сите учители, наставници и професори,стручни соработници
секогаш да бидат пожртвувани, хумани и верни во нивната желба за едуцирање и
воспитување на младите генерации.

You might also like