Што ме движи ко-WPS Office

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Што ме движи кога се стои

„Никогаш не губам. Јас или победувам или учам“. Сите ние имаме мисла , цитат или некој
убав збор што ни дава сила и мотивација за да го промениме начинот на живот. Се наоѓам на една
крстосница во која треба да го изберам правецот кој ќе ми ги отвори портите кон иднината.

Сите ние живееме во еден исклучително тежок период , се околу нас преплавено е со некои
нови состојби , засегнати сме од вируси кои не враќаат години назад во првобитното општество.
Ние сме генерацијата која треба да излезе како победник од оваа битка на технологијата , битка
на времето. Пред мене секогаш стои човекот кој што сакам да бидам еден ден . Напред ме води
мислата која ги буди моите тинејџерски "заспани "амбиции. До мене врснично насилство, пред
мене социјална непогода , а јас исправено и гордо стојам и верувам во моите цели , Да , еден ден
ќе го променам целиот овој застанат процес во општеството, ќе станам оној кој ќе ја подобри
иднината за себе и за другите . Според мене се околу нас е исполнето со тага , страв и несигурност.
Ние сме тие кои треба да се бориме за нашата иднина , да бидеме она што сакаме да сме. Да се
движиме напред кон успесоте што не очекуваат .

Се надевам дека постојат многумина кои се водени од една ѕвезда која им го покажува патот.
Таа ѕвезда е мојата цел, мојот сон што еден ден ќе стане вистина. Животот е една забрзана река
која извира и тече се се додека не го достигне својот крај. Но, ние сме тие кои можеме да го
смениме нејзиниот тек во насоката која е всушност нашата иднина.

You might also like