Professional Documents
Culture Documents
Зошто земјотресите не можат да се предвидат
Зошто земјотресите не можат да се предвидат
Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени
и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.
на роднинско-пријателска солидарност.
Луѓето се снаоѓале како знаат и умеат. Накривените куќи од дрво – повеќето
приземни, но имало и со приземје и кат или два, со архитектура слична како тие во
Охрид или Kрушево, се исправале на специфичен начин – со јажиња, греди, лостови
и сл. Пехчево тогаш било урбана средина со 4.100 жители, илјада повеќе отколку
сега, бил најголем град во Малеш и во Пијанец и седиште на управата за тој крај.
Имал оформена чаршија со многу трговски и занаетчиски дуќани, девет анови,
конак, аптека, амам, саат-кула, касарна, џамија, црква. Доаѓале трговци и од
Цариград и од Солун поради што Турците го викале и мал Стамбол. Градот имал
1.200 куќи, од кои речиси три четвртини биле муслимански, а другите христијански.
Но, повеќето муслимани биле исламизирани христијани, кои зборувале македонски
на малешевски дијалект, а другите Турци. По земјотресот, некои од нив, главно
трговци и занаетчии, почнале да се иселуваат. Всушност, по големиот подем,
стагнацијата на Пехчево почнува од земјотресот, а продолжува и по Младотурската
револуција од 1908 и по балканските војни по кои се иселува турското население и
трае до крајот на Втората светска војна – вели Веселински. Земјотресот силно бил
почувствуван и во околните градови, како Берово, Царево Село (Делчево), Симитли,
а паднати објекти имало и во Виничко, Kочанско… Со слични последици како
Пехчево поминале и пехчевските села.
Меѓу многуте нови куќи и згради во Пехчево и денес може да се видат објекти,
главно од дрво и плет, останати од времето пред земјотресот. Некои се малку
санирани и служат како помошни простории, неколку двокатни куќи се
реконструирани и претворени во убави живеалишта, а неколку стари куќи се речиси
целосно руинирани бидејќи нивните сопственици одамна се иселиле. Сите
потсетуваат на едно старо време и на големиот земјотрес. Пехчевци велат, не дај
боже да се повтори ни во Македонија ни каде било.