Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Зошто земјотресите не можат да се предвидат?

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на


тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема
енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена


енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на
земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното
тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала,


попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста
и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени
и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште.


Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се
нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се
чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат
во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот
може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок
(300-730 km длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни


или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на
брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор
во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални
последици од материјална штета или човечки жртви.

Повратниот удар е земјотрес кој настанува по претходен земјотрес,главниот


удар.Повторниот потрес е во истиот регион на претходниот но секогаш со помала
јачина.Ако повторниот е поголем од главниот,повратниот удар е повторно означен
како главниот потрес а оригиналниот главен удар е назначен како предвремен
удар.Повратните удари се формирани на Земјината кора околу поместената раседна
линија прилагодени кон ефектите од главниот удар.

Се проценува дека околу 500.000 земјотреси се случуваат секоја година,забележливи


со моменталните инструменти.Околу 100.000 од нив можат да се осетат.Малите
земјотреси настануваат речиси постојано низ светот во места како Калифорнија и
Аљаска во САД,како и во
Мексико,Гватемала,Чиле,Перу,Индонезија,Иран,Пакистан,Азорските Острови во
Португалија,Турција,Нов Зеланд,Грција,Италија,Индија и Јапонија,но земјотресите
можат да се случат секаде,вклучувајќи ги и Њујорк,Лондон и Австралија.
Еден од најпознатите катастрофални земјотреси во пишаната историја се случил на 23
јануари 1556 г. во провинцијата Шанкси, Кина, каде загинале повеќе од 830.000 луѓе.
Поголемиот дел од населението во тој период живееле во места наречени “yaodongs” -
вештачки пештери во карпи, од кои повеќето биле срушени за време на катастрофата.
Во 1976 г., земјотресот во Тангшан, со бројка на загинати лица која се проценува
помеѓу 240.000 и 655.000, се верува дека е најголемиот земјотрес на 20. век.
Земјотресот од 22 мај 1960 г. е најголемиот земјотрес што се измерил на сеизмограф,
достигнувајќи јачина од 9.5°. Неговиот епицентар бил во близина на Кањете, Чиле.
Ослободената енергија била приближно два пати поголема од следниот најмоќен
земјотрес, големиот земјотрес во Алјаска, со епицентар во заливот на Аљаска.

Многу методи се развиени за предвидување на времето и местото во кое ќе се случи


земјотресот.И покрај значителните истражувачки напори од страна на
сеизмолозите,научно репродуктивните истражувања сеуште неможат да се направат на
одреден ден или месец.Сепак,за добро-увидените раседи веројатноста дека некој
сегмент може да пукне за време на следните неколку децении може да се
процени.Предупредувачките системи за земјотреси се развиени и можат да обезбедат
регионално известување за земјотрес кој е во тек,но пред да започне површината на
земјата да се мрда,потенцијално им овозможува на луѓето во рамките на опсегот на
системот да побараат засолниште пред да се почувствува ударот од земјотресот.

Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа што го погодила градот


Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од
најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 9
степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Траел 20
секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.[8]

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините


животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие
податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле
веќе сохранети од своите роднини пред да ги евидентира Службата. Точната
евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко
повредени (преку 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во
болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати
15.800 станови, а оштетени 28.000.[8]

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните


југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува
помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле
некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го
носи и епитетот „град на солидарноста“.

За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и


комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на
скопјаните.

Неколку месеци порано во Скопје настанала поплава од катастрофални размери,


којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без
човечки жртви. Буицата на реката Вардар ги срушила куќите на неколку стотици
скопјани. Овој настан се смета за предвесник што хипотетички придонел за Скопскиот
земјотрес.[8]

110 години од катастрофалниот


„пехчевски“ земјотрес
on: април 04, 2014
Печати Email

Денес се навршуваат точно 110 години од


катастрофалниот земјотрес што ги погодил Пехчево и Кресна, како и поширокиот
регион околу нив. Во претпладневните часови на 4 април 1904 година (поточно
некаде помеѓу 9 и 11 часот), наеднаш се случил извонредно силен земјотрес со
епицентар помеѓу споменатите два града. Имал интензитет од десет степени по
Меркалиевата скала и магнитуда од 7,5-7,8 степени по Рихтер (постојат различни
мислења во однос на магнитудата), поради што се води како еден од најсилните,
ако не и најсилен регистриран земјотрес на Балканот (проблемот околу точниот
интензитет и магнитуда на земјотресот е што во близина немало сеизмолошка
станица, па податоците се базираат врз регистрираните вредности од тогаш добро
опремените станици низ Европа). Единствено земјотресот на Родос во 1926 година
бил со иста или можеби нешто поголема јачина (7,8 степени по Рихтер). Воедно,
пехчевскиот (пехчевско-кресненскиот) земјотрес важи за еден од најсилните во
Европа откако се вршат мерења од средината на 19 век, па наваму. Овој земјотрес
бил неколку пати посилен од скопскиот во 1963 година, а количеството на
ослободена енергија одговара на околу 2,7 мегатони ТНТ, или енергија еднаква на
преку 100 нуклеарни бомби фрлени врз Хирошима.

Без оглед на извонредниот интензитет, нема


речиси никакви прецизни записи за земјотресот и штетите што ги предизвикал
истиот, освен одредени кажувања кои не може да се земат со целосна сигурност.
Така, според кажувањата на Димитар Веселински роден во 1924 година, кој ги
евидентирал сеќавањата на татка си, чичковците и на тетките кои биле сведоци на
земјотресот, за време на појавата се тресела земјата, се слушнал застрашувачки
татнеж. За среќа, времето било убаво, па сите луѓе биле во дворовите, по авлиите,
на нивите или на пазар. Ретко кој имало во куќите. Среќа во несреќата е и што
најмногу куќи биле изградени од дрво и плет, па само се накривиле и им паднале
ќерамидите и оџаците. Kуќите градени од тула се урнале. Токму тие среќни
околности придонеле бројот на загинати во толку силен земјотрес да биде
минимален. Од ова маало загинала само една жена, која плетела потпрена на ѕид на
православната црква. Од потресот паднале баш тој ѕид и камбанаријата и ја
затрупале. Се раскажува дека во близина имало и некој извор на геотермална вода,
кој, поради тектонското нарушување, исчезнал. Повеќе од еден месец пехчевци
живееле и ноќевале во дворовите и авлиите под отворено небо. Во куќите не
влегувал никој зашто, по големиот од 4 април, имало многу помали потреси.
Турската власт немала организиран начин на помош, па обновата била врз основа

на роднинско-пријателска солидарност.
Луѓето се снаоѓале како знаат и умеат. Накривените куќи од дрво – повеќето
приземни, но имало и со приземје и кат или два, со архитектура слична како тие во
Охрид или Kрушево, се исправале на специфичен начин – со јажиња, греди, лостови
и сл. Пехчево тогаш било урбана средина со 4.100 жители, илјада повеќе отколку
сега, бил најголем град во Малеш и во Пијанец и седиште на управата за тој крај.
Имал оформена чаршија со многу трговски и занаетчиски дуќани, девет анови,
конак, аптека, амам, саат-кула, касарна, џамија, црква. Доаѓале трговци и од
Цариград и од Солун поради што Турците го викале и мал Стамбол. Градот имал
1.200 куќи, од кои речиси три четвртини биле муслимански, а другите христијански.
Но, повеќето муслимани биле исламизирани христијани, кои зборувале македонски
на малешевски дијалект, а другите Турци. По земјотресот, некои од нив, главно
трговци и занаетчии, почнале да се иселуваат. Всушност, по големиот подем,
стагнацијата на Пехчево почнува од земјотресот, а продолжува и по Младотурската
револуција од 1908 и по балканските војни по кои се иселува турското население и
трае до крајот на Втората светска војна – вели Веселински. Земјотресот силно бил
почувствуван и во околните градови, како Берово, Царево Село (Делчево), Симитли,
а паднати објекти имало и во Виничко, Kочанско… Со слични последици како
Пехчево поминале и пехчевските села.

Меѓу многуте нови куќи и згради во Пехчево и денес може да се видат објекти,
главно од дрво и плет, останати од времето пред земјотресот. Некои се малку
санирани и служат како помошни простории, неколку двокатни куќи се
реконструирани и претворени во убави живеалишта, а неколку стари куќи се речиси
целосно руинирани бидејќи нивните сопственици одамна се иселиле. Сите
потсетуваат на едно старо време и на големиот земјотрес. Пехчевци велат, не дај
боже да се повтори ни во Македонија ни каде било.

Д-р Тодор Делипетров, раководител на катедрата за геологија и геофизика на


Факултетот за природни и технички науки во Штип, кој претходно има магистрирано
и инженерска сеизмологија, вели дека земјотресот од 1904 година со епицентар кај
Пехчево и Kресна го стресол целиот Балкан, а го регистрирале инструментите во
целиот свет. Според Делипетров, ако сега се случи таков земјотрес и покрај целата
асеизмичка градба, би имало многу разурнувања и жртви. Пехчево и околните места
тогаш многу не настрадале зашто тоа најпогодено подрачје било ретко населено, се
живеело во дрвени градби со плет, кои се најотпорни, се деформираат, а не паѓаат.
Градбите од камен и тули биле ретки, немало повеќекатници, а ни бетонски плочи.

Земјотресот во 1904 година, освен човечки жртви, материјална штета, предизвикал


и бројни други појави: активирал голем број свлечишта, ги променил подземните
текови, се појавиле нови извори, а некои исчезнале, се јавиле пукнатини, потоа
мелови, разни падински релјефни процеси и форми и слично.

Инаку, подрачјето помеѓу Пехчево од македонската и Кресна, Крупник, Симитли од


бугарската страна, има многу силен сеизмичен потенцијал. Бројните активни раседи
кои се вкрстуваат на овој дел од Влаина и Малешевските планини, односно помеѓу
Беровската, Пијанечката и Симитлиската котлина, предизвикуваат ретки, но
понекогаш изразито силни земјотреси. Всушност овде се јавува судир на 2 крупни
геотектонски единици: Српско-македонскиот масив и Струмската зона, како и
повеќе нивни странични блокови.

You might also like