Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Mакедонски jазик

Правопис ја претставува правилната употреба на графичките знаци и на


интерпункција во еден јазик, како и законите според кои се пишуваат тие
правила.
Има три принципи:
1. Фонетски (фонолошки) принцип
2. Морфолошки принцип
3. Етимолошки принцип
Правописот во македонскиот јазик е фонолошки, бидејќи има 31 букви и 31
гласови кои се пишуваат како се читаат, и се читаат како се пишуваат.
1. Согласките групи :МН, ВН, БН различно се озговарат:
одамна, рамна, рамнотежа, внук, плевна
2. Гласот З преминува во С во зборови со префиксите без-, из-, раз-:
Расцути, исцеди, бесцутен, расчепка
3. Согласката С или З преминува во В пред суфиксите -че , -це, -ца:
Лист-ливче, мост-мовче, воз-вовче, месо-мевце
4. Согласката Ш преминува во В пред суфиксот -че:
Круша-крувче, опашка-опавче
5. Почетната група ПШ преминала во ПЧ:
Пченка, пченица, пченкарен
6. Групите ШТ и ЖД се изговараат во зборовите:
Маштеа, маштеница, општина, дожд, глужд
7. Меѓу С и Р се пишува Т, а меѓу З и Р се пишува Д:
Сестра, страв, страна, здрав, здравје
Правоговор претставува правилен изговор на гласовите и зборовите.
Самогласната Р се пишува:
1. Меѓу две согласки
Дрво, крв, прв, црн
2. На почеток на зборот пред согласка
‘рџа, ‘рши, ‘рти, ‘вет
Ј се пишува:
1. меѓу самогласките И и А: хемија, историја, материја, илија, Италија,
спијат, мијат и др
2. меѓу самогласките О и А: моја, твоја, бројам, Бојан, која, никоја,
бројач и др
3. меѓу две А (А и А) : Маја, одаја, Трајанка
4. меѓу Е и А: идеја, алеја, ономатагеја, турнеја
Ј не се пишува:
1. меѓу самогласки, ако втората е И: обичај-обичаи, судија-судии,
идеја-идеи
2. на почеток на збор пред Е: еден, еж, Елена, езеро
3. на средина меѓу самогласки: лае, знае, вее, пее, мое, чуе,
4. пред наставките -ство, -ствен, -ски
Согласката Ќ:
1. цвеќе, цвеќарница, цвеќарка, свеќа, куќа, домаќи, куќен
2. -ЈЌИ: ќе учам, ќе дојдам, викајќи, зборувајќи
Согласката Ѓ:
1. Беѓа-веѓи, меѓа-меѓи, туѓ-туѓина
2. ЛУЃЕ
3. Најде-наоѓа, дојде-доаѓа, зајде-заоѓа
Согласката Ѕ:
1. Ѕид, ѕида, ѕидар, ѕидарство, заѕида, ѕирка, ѕуни, ѕуница, ѕемне
2. Ѕвезда, ѕвезден, ѕвони, ѕвончето, ѕвер, јанѕа
Согласката Џ:
1. Филџан, манџа, џунџуле
2. Џаде, џамија, џем, џеб, џемпер, џентлмен, џин, џуџе, џамбаз
Согласката Њ:
1. Коњ, троњ, дење
2. Бања, дуња, диња, молња
3. -ЊЕ (глаголска имена) :јадење, спиење, одење
Согласката Љ:
1. ЉУБ- : љубов, љубен/а, љубичица, , Љубица, Љупчо, љубезен
2. Тељо, биљбиљ, детаљ – детали
3. Фељтон, Иљчо
Согласката Х:
1. Воздух, восхит, поход , дух
2. Харем, хартија, хемија, Хасан, хигиена, Хајне, Хималаи, Минхен,
Мухамед
3. Не се употребува во зборовите: ајвар, леб, историја, ладно, ајдук
Согласката В:
1. Меѓу две самогласки: глава, девојка, живот, невеста, човек,
изговор, договор
2. Во завршетоците -вина, -ови, -еви, во членските форми (-во, -ва, -
ве): убавина, ладовина, броеви, половина, врвови, женава,
детево, куќиве
3. На почеток на зборот пред согласките б, т, ч, л, н : вторник, вчера,
вдовица, внук, влегува, внука
4. Пред безвучна согласка изговорот на В се обезвучува: тивок, во
тифка, иако се пишува тивка, со в, кое пред безвучното К минува
во својот парник Ф
5. Презимињата можат да се пишуваат на два начина: на -вски или
на -ски : Стојан Стојковски е од Велес. Иван Петрески е од Прилеп.
Согласката Ф:
1. Хв -> Ф : хвала-фала, хврла-фрла, фрла, фаќа, фалбаџија, зафаќа
2. Кафе, филџан, софра, фурна, фар
3. Фатмир, Филип, Фатим

You might also like