Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

40.4 28.

4
34.8 37.6 39.5 36.2 21 17.1 40.4
(104.7 (83.1
(94.6) (99.7) (103.1) (97.2) (70) (62.8) (104.7)
) )

19.6
7.2 8.3 12.2 15.6 22.7 25.2 25.0 21.1 16.3
Прос. висока °C (°F) (67.3
(45) (46.9) (54) (60.1) (72.9) (77.4) (77) (70) (61.3) (
)

15.3
5.0 5.6 8.8 11.5 18.3 20.6 20.4 16.9 13.0
Сред. дневна °C (°F) (59.5
(41) (42.1) (47.8) (52.7) (64.9) (69.1) (68.7) (62.4) (55.4) (
)

10.9
2.7 2.8 5.3 7.3 13.8 15.8 15.7 12.7 9.6
Прос. ниска °C (°F) (51.6
(36.9) (37) (41.5) (45.1) (56.8) (60.4) (60.3) (54.9) (49.3) (
)

−0.1
Најниска забележана °C −14.6 −14.7 −9.1 −3.5 3.1 6 6.3 1.8 −3.1
(31.8
(°F) (5.7) (5.5) (15.6) (25.7) (37.6) (43) (43.3) (35.2) (26.4)
)

65 54.7
53.7 43.7 48.5 53 54.6 63.1 43 59.7
Прос. врнежи мм (ин) (2.56 (2.154
(2.114) (1.72) (1.909) (2.09) (2.15) (2.484) (1.69) (2.35) (
) )

Прос. бр. врнежливи


10.2 9.3 10.4 9.4 10.3 8.6 8 6.9 8.5 9.5
денови

Сред. бр. сончеви


62.5 79.2 128.9 166.0 193.8 202.1 212.2 212.2 167.9 117.8
часови месечно

Извор: Метео Франција[8]

Историја[уреди | уреди извор]


Почетоци[уреди | уреди извор]

Римска бања во Латинскиот кварт.


Најраните археолошки откритија кои содржат траги за постоење на населби во денешниот
регион на Париз датираат уште од 4200 година п.н.е., додека податоците за
племето Паризи, кои биле познати морепловци и трговци, се од 250 п.н.е..
Римјаните го зазеле Париз околу 52 п.н.е. и го прошириле градот на левата страна на
реката Сена и на островот Ил де ла Сите. Гало-римскиот град бил наречен Лутеција. Во
наредните векови Париз константно се ширел и прераснал во град со убави градби како
палати, бањи, театри, форуми, амфитеатри и друго. Распадот на Западното Римско
Царство и заземањето од страна на Германите довело до стагнација на градот. Градот го
добива своето сегашно име Париз по падот на Западното Римско Царство. Франечкиот
крал Клодвик I го прогласува Париз за главен град во 508 година.
Среден век и периодот до 19 век[уреди | уреди извор]
Чумата се појавува во Париз во 1348 година, од којашто настрадале многу луѓе. Во 1466,
пак од чума и од глад умреле 40.000. Во тој период Париз имал околу 400.000 жители.
Париз ја губи титулата на главен град за време на Стогодишната
војна меѓу Франција и Англија. Приматот му го враќа кралот Карло VII
Победникот во 1437 година. Подоцна центарот на државата се префрла во долината
на Замоците на Лоара. Во 1528, кралот Франсоа I го пренесува центарот на моќ од Лоара
повторно во Париз. За време на Француската религиозна војна (1562-1598) во градот се
наоѓало седиштето на Католичката партија на Франција. За време на владеењето
на Карло IX, додека се подготвувала венчалната церемонија на наследникот на
престолот Анри IV, започнала Вартоломејската ноќ (ноќта меѓу 23 и 24 август 1572) и
набргу масакарот врз протестантите се проширил низ целата земја. Во тој масакар биле
убиени 50.000 протестантски верници. Во 1682, кралот Луј XIV го префрлил своето
седиште од Париз во дворецот во Версај.
Околу сто година подоцна, во Париз се случила и познатата Француска револуција со
напад на затворот Бастилја на 14 јули 1789 година, а во 1792 кралската монархија била
гилотирана. На 31 март Париз паднал под владение на Русите, за првпат по 400 години
градот бил освоен. Војските на Козаците и Калмиците влегуваат во градот.[9]
19 век[уреди | уреди извор]
Парижаните револтирани од монархијата кренале Јулска револуција во 1830.
Кралот Шарл X бил принуден да абдицира од престолот. Со Февруарската
револуција во 1848 година завршила монархијата на Луј-Филип I и се пристапило кон
создавање на Втората Француска Република.
Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на
Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој
на индустријата во предградијата на градот.
Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето на Наполеон III
Бонапарт. Со планот на архитектот барон Осман се изградиле нови улици, широки
булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се
обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа
кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.
Во периодот од 1870 и 1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и
Француско-пруската војна. Со падот на кралот Наполеон III Бонапарт се
формирала Париската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата
надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000
парижани.
Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината
од Француската револуција. За таа изложба била изградена и прочуената Ајфелова кула,
главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. За време
на изложбата во 1900 година било отворено и париското метро.
20 век[уреди | уреди извор]
За време на Првата светска војна, Париз бил во близина на фронтот
меѓу Франција и Англија од една страна, и Германија од друга. Со победата во Првата
битка на Марна било спречено навлегувањето на германската војска кон Париз. Во
повоениот период Париз станува главен центар на уметниците. Тука
твореле: Стравински, Пикасо, Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет.
На 14 јуни 1940 година, Париз паѓа во рацете на германските окупациски сили и останува
сè до август 1944 кога бил ослободен, два месеца по инвазијата во Нормандија.
По војната, Париз започнува да се развива со забрзано темпо. Париските предградија
започнале да се шират и се изградил најголемиот деловен кварт во Европа, Ла Дефенс (La
Défense) со високи облакодери и модерни зданија.
Сè до 1970-тите повеќе предградија не биле индустријализирани, посебно северните и
источните, и со доселувањето на емигрантите се зголемил бројот на невработени лица. Но
со развојот на индустријата и високата технологија, во париската област се создал и
напредок на оваа поле, па така денес Париз има најголем БДП, поголем од сите други
градови во Европа.
21 век[уреди | уреди извор]
Со цел да се намалат социјалните тензии во приградските зони и да се ревитализира
економијата на Париз, се планираат неколку мерки од владата на Франција. Планот на
претседателот на Франција, Никола Саркози е формирање на интегрирана метропола
наречена Grand Paris со развој на предградијата каде живеат многу луѓе и отворање на
работни места, како и инвестирање во софистицирана висока индустрија, и развој на
научната дејност.
Во план за изградба се и неколку висококатници (над 300 m), кои биле одобрени
во 2006 да се градат во деловниот кварт La Défense.

Култура[уреди | уреди извор]


Опера и театар[уреди | уреди извор]

Опера Гарние
Во Париз има големи оперски куќи, тука пред сè треба да се спомене Опера
Гарние изградена во 19 век, исто така и модерната Опера Бастилја. Во 19 век постоеле и
други оперски куќи како Опера на комиката, и театарот Лирик, којшто денес е познат како
Градски Театар.
Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е
случај. Некои од главните театри во градот се Бобино, театрите Магадор и Гете-
Монпарнез. Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во
париските концертни сали, како Едит Пјаф, Морис Шевалије, Шарл Азнавур и многу други.
Храна[уреди | уреди извор]
Париското кулинарство има голема традиција. Во градот има безброј ресторани и
кафулиња, каде што туристите можат да уживаат во Француската кујна и нејзините
специјалитети. Во градот се застапени и многу други кујни од светот.
Хотели[уреди | уреди извор]
"Les Deux Magots" кафе.
Хотелите се уште една причина за ширењето на туризмот во Париз. Во градот има многу
луксузни хотели, но може да се најдат и просечни апартмани. Најлуксузен и најпознат
е хотелот Риц (Hôtel Ritz), кој се наоѓа на плоштадот Вандом, а е отворен во 1898 година.
Познат хотел е и хотелот Де Крилон (Hôtel de Crillon) сместен на плоштадот Конкордија
(Place de la Concorde), отворен во 1909 година.

Авенијата Елисејски Полиња од Плоштадот Конкордија,


(Champs-Élysées)
Туристички атракции[уреди | уреди извор]
Централно подрачје[уреди | уреди извор]
 Ајфелова кула (Eiffel Tower) е железна кула изградена на Марсовото поле,
покрај реката Сена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу
најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е
именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел. Кулата е висока 300 метри,
што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки),
структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога
завршила нејзината изградба во 1889 година, кулата била највисоката градба
во светот, а останала највисока сè до 1930 година. Денес претставува една од
најпосетените туристички атракции.
 Лувр (Louvre) е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр.
Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во
оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за
јавноста како музеј на 8 ноември 1793 година, за време на Француската
револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена
во 1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите
уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо
да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
 Плоштад Конкорд (Place de la Concorde) е најголемиот плоштад во Париз. Се
наоѓа во центарот на градот и од него започнува авенијата Елисејски Полиња.
После плоштадот во Бордо, Плоштадот Конкорд е најголем во Франција. На
плоштадот бил убиен на гилотина францускиот кралот Луј XVI. На ова место се
наоѓа и египетскиот обелиск.
 Елисејските Полиња (Champs-Élysées) е широка авенија со многу луксузни
продавници, кина, кафулиња, ресторани. Тоа е една од најпознатите улици во
светот. Авенијата е долга 2 километри и тргнува од Плоштадот Конкорд на
исток, па сè до Плоштадот Шарл де Гол на запад, каде се наоѓа
и Триумфалната Порта.
 Плоштад Бастилја (Place de la Bastille)- каде се наоѓал познатиот затвор
Бастилја, уништен за време на Француската револуција.
 Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната
половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од
западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на
градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската
готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“
(Богородица или Дева Марија).
 Ил де ла Сите (Île de la Cité) е еден од двата природни острови во Париз. Ил де
ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од
каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко
одредиште, бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот.
 Триумфалната Порта (Arc de Triomphe) е споменик на плоштадот Шарл де Гол,
познат и како плоштад Етоал. Се наоѓа на источната страна на Елисејските
Полиња. Оваа порта ја изградил Наполеон Бонапарт, како израз на
благодарност кон неговата војска, по неговите походи низ Европа. Тука е
сместен и гробот на незнајниот јунак. Триумфалната Порта е висока 51 метар,
а широка 45 метри.
 Монмартр (Montmartre) е рид на надморска височина од 130 метри, кој се наоѓа
во северниот дел од градот, во осумнаесеттиот округ (arrondissement), од
десната страна на реката Сена. Монмартр е познат најмногу по
базиликата Сакр-Кер (Свето срце) која се наоѓа на неговиот врв, но и како
место за ноќен живот, познато по славните париски кабареа. Другата, постара
позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била
место каде бил основан редот на Езуитите. Многу уметници имале атељеа и
живееле на Монмартр, како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло
Пикасо, Винсент ван Гог и многу други.

Триумфалната порта

 Монпарнас (Montparnasse) е кварт во Париз на левиот брег на Сена. Во овој


кварт се наоѓа Пастеровиот институт. Под земја се наоѓаат познатите париски
катакомби. Во почетокот на XX век, Монпаранс бил центар на интелектуалниот
и уметничкиот живот во Париз, кои главно ги сочинувале сиромашните
емигранти.
 Латински кварт (Quartier Latin) е схоластички центар уште од 12 век. Сместен е
на левата страна на Сена, во близина на Универзитетот Сорбона. Во овој кварт
има многу ресторани, училишта и универзитети.
Париската област[уреди | уреди извор]
 Ла Дефенс (La Défense) е предградие на Париз и претставува
најголем бизнис центар во Европа и е меѓу најголемите во светот. Во Ла
Дефенс има многу современи градби, висококатници, кои се едни од
највисоките во Европа. Многу светски познати фирми тука имаат свои
претставништва.
 Вал де Сен (Val de Seine) е една од најважните бизнис одредници во Париз.
Тука се сместени и многу телевизиски куќи како Француската
телевизија, ТФ1, Канал +, Евроспорт и многу други.
 Сен-Дени (Saint-Denis) е предградие на Париз, во кое се сместени многу
филмски студија. Предградието е познато и по тоа што е дом на најголемиот
француски стадион Стад де Франс (Stade de France).
Паркови и градини[уреди | уреди извор]
Во Париз има многу јавни паркови и градини. Меѓу познатите е Луксембуршка Градина,
која се наоѓа во близина на Луксембуршката Палата. Во градот има и шума-паркови, како
што се Булоњската Шума, Винсенската Шума и др.

Демографија

You might also like