Ликовите кои ни оставаат најголем впечаток од расказите, приказните се
оние кои не тераат да бидеме подобри, похрабри да се стремиме и бориме за доброто на сите да веруваме во самите себеси . Ликот на убавата Анѓа од романот "Калеш Анѓа" на македонскиот писател Стале Попов, е токму еден прекрасен пример за силна верба, храброст и голема желба за слобода како и верувањата во сопствените правила и принципи од кои нетреба да се отстапува. Со нејзините постапки таа во сите нас ја внесува верата и борбата за слободата.
Анѓа е силна девојка која се бори за нејзините убедувања и вредности со
необична сила и борбен дух. Таа не се предава пред предизвиците, не потпаѓа пред убедувањата, искушениата за богатство и слава, туку се бори со сите свои сили за оние нешта во кои верува. Нејзината вера и вистинската љубов се камен на која се гради целата нејзина борба. Таа не останува рамнодушна пред неправедноста и притисоците на турските власти, туку се бори несомнено со силна желба за слобода.Нејзината храброст и сила се водени од нејзината, омразата кон оние кои го грабнале нејзиниот брат, љубовта кон Стојан и силната вера. Тие и дале сила да издржи до крај и да ја зачува својата чест.
Учеството на Анѓа во борбата за слобода на нејзиното село ја прикажува
нејзината неуморна потреба за слобода и правда. Со својата смелост и посветеност на христијанството и храбрата борба за слободна Македонија, Анѓа станува символ на надеж и војник на слободата. Нејзината борба не е само индивидуална, во нејзиниот лик е пресликана една оргомна борба, посветеност на голем број македонци кои не сакаат да се потурчат.. Таа се бори за слободата на нејзината заедница и за целиот македонски народ. Нејзината неуморна борба ги мотивира сите околу неа да ја запалат искрата на револуцијат за слободна Македонија.
Ликот на Анѓа е пример за вистински херој, чија борба за верата и
слободата ќе остане запаметена како вечен оган во нашите срца. Нејзината несомнена вера и борбеност ја прават вистинска инспирација за сите оние кои се борат за слобода и правда. Анѓа е симбол за храброста и издржливоста на македонскиот народ.