Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Наратор: Летото си течеше.

Сонцето ги мамеше децата кон вириштата на


реката.Така и итриот Бојан се одлучил да се прошета токму таму, знаејќи дека
најверојатно ќе ги сретне Споменка и нејзините другарки.
*Бојан седнува на едно ѕидче каде може да се одмори и надбљудува што се
случува, а сабјата ја става покрај себе. Носел и книга која почнал да ја чита*
*Споменка, Душица,Анка и Снежана се шетаат*
Споменка: реката е совршена за капење!
Душица: Навистина, би сакала цел ден да останам тука
Анка: Ајде,ајде има и други денови. Побрзајте да си ги земеме ранците и да одиме
на маало. Не чекаат да играме ластик.
*По пат ја сретнуваат Вера Претералка*
Вера: Оп оп оп. Каде одите толку забрзано?
Наратор: Девојчињата немаат толку добро мислење за Вера како личност, па се
обидуваат да ја одбегнат.
Споменка: Одиме да си ги земеме ранците кој ги оставивме покрај ѕидчето, па
потоа ќе се вратиме на маало. А ти со кого си овде?
Вера: Па решив сама да се прошетам, сепак покрај реката е најубаво.А сакав и да
ви покажам едно тајно љубовно писмо што го најдов наземја.
Душица: Добро Вера, ќе го разгледаме подоцна, сега немаме време за
дешифрирање приватни писма. Ајде дојди со нас накај ѕидчето.
Наратор: Всушност Вера била итра и често мамела и лажела. Ова тајно љубовно
писмо било лага, со цел да ги задржи девојчињата и да им даде време на Никола
и неговите другари да им ги сокријат ранците.
*Стигнуваат до ѕидчето*
Споменка: ШТО?! Каде ни се ранците?
Снежана: Како е можно вакво нешто? Внатре ми беа омилените белегзии и очила
за Сонце,се надевам дека не се изгубени засекогаш.
*Анка ги забележува и покажува кон Никола и неговата банда*
Анка: Погледнетеб ги момчињата од црните стрели како тајно се
смешкаат,сигурно се они. Сакаат да си поиграат со нас.
*Им се приближуваат*
Душица: Што мислите дека правите? Веднаш вратете ни ги ранците!
Никола: Штоо какви ранци? (никола со потсмевање прашува)
Душица Знаете вие многу добро! Прееку глава ни е на сите нас од вашите
досадни шеги.
Ристе ХАХАХАХАХАХ! Зошто би сакале со вас да се шегуваме?(арогантно се
потсмева)
*Бојан дослушнува дека нешто не е во ред, па им се приближува на Никола и
останатите, криејќи ја сабјата позади грб*
Душица: Еве го и Бојан! Само тој може да ни помогне.
Бојан: Што се случува овде?
Споменка: Бојан, те молам убеди ги да ни ги вратат ранците. Ние добро се
сеќаваме дека пред дваесетина минути беа овде, а сега ги нема.
*Бојан ја слуша Споменка како зборува, се врти и му удрира шамар на Ристе*
*Сите се вчудовидени и замолчуваат*
Наратор: Ваквата реакција се должи поради тоа што никој не ја очекувал оваа
постапка од Бојан, тој никогаш не почнувал расправии прв.
Никола: Што се замислуваш дека правиш?Од кога стана ваков мангуп?
Бојан: Јас во никој случај не сакам да бидам лоша личност со лоши постапки, но
одсега понатаму така ќе се однесувам кон луѓе кои го заслужуваат токму тоа. (со
извик и нервоза во гласот)
*Ристе целиот сцрвенет трепери*
Ристе: Да знаеш дека денес ќе те поштедиме, сепак сам си и борбата нема да
биде фер, но следниот пат ќе видиме кој е похрабар и посилен! (со сигурност, но и
страв во гласот)
Бојан: Не ме интересира! Единствено што е важно во моментов е веднаш да им ги
вратите ранците на девојчињата.
Никола: По кој пат за повториме? РАНЦИТЕ НЕ СЕ КАЈ НАС!
*Ристе: ја забележува сабјата позади грбот на Бојан и го буцка Никола*
Друго момче: Заврши шегата, еве ви ги тие глупави ранци. Сакавме малкu да се
забавуваме, сигурно не ми се потребни вашите кармини! (се смешка срдечно од
страв поради сабјата)
*Бојан агресивно им ги зима од рака*
Бојан: И да ве нема од тука!
*Истрчуваат надвор од сцената*
*Споменка срамежливо се врти накај другарките и се смешка*
Наратор: Ваквата постапка и остави совршен впечаток на Споменка.Се
чувствуваше среќна што е вљубена во вакво момче.
Споменка: Многу ти благодарам Бојан! Без тебе оние кукавици сеуште ќе се
шегуваа со нас.
Душица: Покажа дека си вистински лидер на нашата група. Истраен и храбар,
спремен да се спротиставиш и да застанеш на наша страна кога е потребно.
Снежана: Ќе им ја раскажеме оваа случка на сите!
Бојан: Нема на што, било кој да беше на което место ќе го стореше истото.
Анка: Ајде дојди со нас, сигурно сите те чекаат.
*Споменка застанува до него и заедно одат и разговараат пред да излезат*

You might also like