Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

8/1/22, 10:50 PM Домашен чипс - Moirecepti

Домашен чипс
Објавено на 25 Јули, 2022 од Ceslaroska

Подготовка
Подготовка:

1. Во суво тавче на оган, на средна температура, ја ставаме киноата. Ја


потпекуваме со повремено мешање, додека не добие златеста боја.

2. Во длабок сад ги ставаме потпечената киноа, сусамот и сончогледот.


Промешуваме. Ги додаваме пченкарното брашно, солта и лукот во прав,
промешуваме. Го додаваме маслиновото масло и жешката вода. Со лажица
ја промешуваме смесата додека не се соединат сите состојки.

3. Во плех обложен со хартија за печење, ја ставаме смесата. Врз смесата


ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја
развлечиме колку што може потенко. Ја отстрануваме горната хартија за
печење. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 20тина минути. Го
Состојки проверуваме чипсот повремено да не изгори. Кога ќе добие златно- кафеава
боја и стане цврст го вадиме од рерна. Оставаме да се излади и го кршиме
50 гр киноа на парчиња.
30 гр сусам
30 гр ленено семе
100 гр пченкарно брашно
1 лажиче сол
½ лажиче лук во прав
2 лажици маслиново масло
140 мл жешка вода

Лиценца: Сите права се задржани


Линк до рецептот: https://moirecepti.mk/post/домашен-чипс-4
Moirecepti (www.moirecepti.mk) © 2022

https://moirecepti.mk/print.php?id=53375 1/1

You might also like