Аики ДЕМО нацрт правила

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

Нацрт правила за АИКИ ДЕМО (AIKI DEMO)

Спортот АИКИ ДЕМО како дел од реалното аикидо се одвива во ПАРОВИ и тоа
ПАРОВИ МАЖИ, ПАРОВИ ЖЕНИ и МЕШАНИ ПАРОВИ.

1. Избор на натпреварувачки парови

Паровите се претходно одредени од самите натпреварувачи и се пријавуваат за


натпревар како веќе одредени парови. Членовите на паровите можат да бидат од ист реален
аикиди клуб или по претходен договор од различни клубови.
Секој од натпреварувачите може да настапува покрај во својата соодветна категорија
по пол и во категоријата МЕШАНИ ПАРОВИ.
Како ДВОЕН СТАРТ може да се организира и натпревар во СЛОБОДНИ ПАРОВИ
при што се бираат парови од соодветната категорија во текот на самиот натпревар. Изборот
на овие парови се прави по случаен избор од пријавените натпреварувачи од соодветната
категорија. Натпреварите во оваа категорија се одвиваат на принцип на елиминација, односно
прво се отценуваат настапите на сите парови, па повторно настапуваат најдобрите четири
пара, потоа најдобрите два пара во финален настап.

2. Категории

Спортот Аики Демо како дел од Реалното Аикидо во својот натпреварувачки дел има
неколку ВОЗРАСНИ КАТЕГОРИИ и тоа КАДЕТИ (16 и 17 години); ЈУНИОРИ (18, 19 и 20
години) и СЕНИОРИ (21 година и повеќе). Надвор од конкуренција може да се воведи и
категорија ДЕЦА (13, 14 и 15 години)
Тежински категории не се предвидени и се остава на самите натпреварувачи и
нивниот тренер да ги ускладат во тежина и висина двата натпреварувачи за да се добие
поефикасна и подобра изведба на техниката.

3. Судење и отценување

Натпреварот во Аики Демо го отценуваат 6 (шест) судии и тоа:


– Тројца на самото борилиште (двајца на спротивни агли од предната страна на
борилиштето и еден на средина од задната страна од борилиштето заради подобар
преглед на борбата)
– Еден главен судија на самото борилиште кој ги повикува натпреварувачите, го
започнува натпреварот. Главниот судија може да одземе 0,5 поени за неправилно
влегување на терен, неправилно однесување и ако било кој од натпреварувачите ја
згазне сината линија која што го ограничува борилиштето. Главниот судија одзема
1 бод ако се применуваат ЗАБРАНЕТИ ТЕХНИКИ.
– Двајца судии на записничка маса кои што покрај отценувањето на парот на крајот
на настапот ги собираат бодовите и ја објавуваат просечната отценка за тој настап.
– Од секој судија се пресметува една средна отценка од сите предвидени елементи.
– При собирање на отценките се отфрлаат најмалата и најголемата отценка од сите
судии и тие не влегуваат во просекот за да се добие поголема објективност при
отценувањето

4. Бодирање

Во спортот Аики Демо се отценуваат повеќе елементи и тоа со следните бодови 6, 7, 8,


9 и 10.
Секој од судиите дава определен број на бодови за елементите кои што се отценуваат и
тоа: влегување и излегување на борилиштето и поздравување, задолжителни техники,
дополнителни техники, комбинации и уметнички впечаток од настапот.
Главниот судија на теренот дава две отценки и тоа првата за однесување на
борилиштето (влегување, излегување, поздравување и однесување) и втората за уметнички
впечаток од настапот.
Само главниот судија има право да одзема поени во ситуации и услови претходно
предвидени. Поените се одземаат од веќе формираната средна отценка од сите судии.

5. Времетраење

Настапот на парот натпреварувачи трае од 50 до 60 секунди. За секој настап пократок


или подолг од предвиденото време се одзема 0,5 поени на секои 10 секунди пречекорување.

6. Наградување и прогласување

Во зависност од освоените поени се рангираат натпреварувачките парови и се


прогласуваат прво, второ и трето место што соодветно се наградуваат секој од
натпреварувачите со ЗЛАТЕН, СРЕБРЕН и БРОНЗЕН медал и соодветна диплома за тој
медал.
Во категоријата СЛОБОДНИ ПАРОВИ по пат на елиминација и финална борба се
прогласува само ПОБЕДНИКОТ од финалето и содветно се наградува секој од
натпреварувачите на победничкиот пар со ЗЛАТЕН МЕДАЛ и соодветна диплома.

Р. Македонија; Битола 20.12. 2023 д-р Сашо Бојаџиев

You might also like