Professional Documents
Culture Documents
Ikea го сподели рецептот за популарните шведски ќофтиња
Ikea го сподели рецептот за популарните шведски ќофтиња
Ikea го сподели рецептот за популарните шведски ќофтиња
Шведските ќофтиња на Ikea се обожавани од милиони луѓе од целиот свет. Додека рестораните и салоните на познатиот бренд за мебел се
затворени и во многу земји е воведен карантин, од Ikea решија да го објават рецептот за прославените месни топчиња прилагоден за подготовка во
домашни услови.
„Седењето дома може да биде тешко, но ние сакаме да помогнеме животите на сите да бидат полесни и поисполнети со задоволство. Bon
appétit или smaklig måltid, како што велиме во Шведска“ – вели Лорена Лоуридо, фуд менаџер во Ikea.
Состојки за ќофтињата
500 гр говедско мелено месо
250 гр свинско мелено месо
1 главица ситно исецкан кромид
1 чешне лук (исецкан или толчен)
www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/ikea-го-сподели-рецептот-за-популарните-шведски-ќофтиња?fbclid=IwAR1DX1sS26glxFIlo0R6xDWu… 1/3
4/21/2020 Ikea го сподели рецептот за популарните шведски ќофтиња
100 гр лебни трошки
5 лажици млеко
1 јајце
сол
црн бибер
Подготовка на ќофтињата
1. Измешајте ги двата типа месо и додајте ги кромидот, лукот, лебните трошки и јајцето. Добро промешајте, па додајте го млекото и зачинете со
сол и црн бибер.
2. Со дланките обликувајте мали топчиња, наредете ги во рамна чинија и оставете ги во фрижидер околу 2 часа, за подобро да си ја здржат
формата во готвењето.
3. Ставете тавче на средна температура и во него загрејте масло. Ставете ги ќофтињата да се пржат додека не добијат кафеава боја од сите
страни.
4. Испржените ќофтиња наредете ги во тавче, прекријте ги со алуминиумска фолија и ставете ги да се готват уште 30 минути во рерна на 180°С.
Состојки за сосот
масло за готвење
40 гр путер
40 гр брашно
150 мл супа од коцка со зеленчук
150 мл супа од говедска коцка
150 мл павлака за готвење (48% масленост)
2 мали лажици сос од соја
1 мала лажица сенф дижон
Подготовка на сосот
1. Растопете го путерот во тавче. Додајте го брашното додека мешате. Гответе 2 минути без да го прекинувате мешањето.
2. Налејте ги зеленчуковата и говедската супа и продолжете да мешате. Додајте ја густата павлака, сосот од соја и сенфот.
www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/ikea-го-сподели-рецептот-за-популарните-шведски-ќофтиња?fbclid=IwAR1DX1sS26glxFIlo0R6xDWu… 2/3
4/21/2020 Ikea го сподели рецептот за популарните шведски ќофтиња
Tweet
© 2009-2020 Femina.mk
Сите права задржани
www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/ikea-го-сподели-рецептот-за-популарните-шведски-ќофтиња?fbclid=IwAR1DX1sS26glxFIlo0R6xDWu… 3/3