Принцип на општествена детерминираност- училишната педагогија треба
да ги насочи проучувањата на училиштето кон откривање на односи помеѓу
општествените барања Принцип на организациска детерминиираност- Иако ист вид на училишта работат според исти планови и програми, сепак секое училиште е различно според:структура на воспитно образовен и административен кадар, училишна култура и клима. Овој принцип нуди можност за проучување на организацијата на самото училиште и задоволување на потребите на учениците и воспитно- образовниот кадар. Принцип на историска детерминираност- Училиштето како систем каде се врши образование и воспитание може да биде проучувано само ако се имаат во предвид историските факти Принцип на динамичен развој- училишната педагогија се карактеризира со динамичен развој во однос на проблемите кои се проучуваат. Овој принцип може да ја претвори училишната педагогија во научна дисциплина која ќе има развојна функција.