Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

Прва писмена работа

Тема: Да се биде или не-мисла-водилка на Хамлет

Хамлет е прва од Шекспировите четири големи трагедии. Се претпоставува дека


промената на жанрот кај Шекспир била предизвикана од духот на времето, кој носел
големи социјални и општествени промени во Англија. Оваа драма го докажа својот
безвремен карактер со тоа што ги отвара најдлабоките човечки прашања и дилеми. Секое
време, секоја генерација, па и секој човек имаат свој Хамлет.

Дејството започнува во моментот кога Хамлет доживува неочекуван пресврт во животот.


Живеејки на дворот на кралот, опкружен со внимание и љубов, за светот имал идеална слика.
Во тие околности, тој не знаел за напорот потребен за совладување на проблемите, така
што не ја вежбал вољата да истрајува и да донесува брзи одлуки. Првите сомнежи во
исправноста на светот доаѓаат со смртта на неговиот татко, под неразјаснети околности.
Светот и луѓето наеднаш му се покажуваат во целата своја сложеност и непредвидливост.
Околу себе почнува да открива егоизам, алчност, дволичност, неморал. Тој интимно
доживува пресврт: почнува да се повлекува, станува непристапен, недоверлив. Го посматра
светот со неспокојство и големо разочарување. Во него се води внатрешна борба, меѓу
сомнежот и смислата на одмаздата. За да дојде до нови докази за смртта на таткото , тој
навлекува маска на лудак, го менува изразот на лицето, јазикот. Со своето “лудило“ Хамлет
може лесно да слуша, разговара, провоцира.

Во монологот кој го отсликува внатрешниот расцеп на личноста, тој го изговара


своето познато: “Да се биде или не, прашање е сега...“ дали постоењето по секоја цена е
тоа вистинското во смисла на човечкото достоинство или пак таа состојба претставува
одрекување од себеси. Немоќен да превземе акција и да го менува светот, Хамлет би
избрал да потоне во сон, траен и длабок, да побегне од суровата стварност.

Насетувајќи дека се планира неговото убиство, Хамлет почнува да се ослободува од


познатите колебања: дали да го убие кралот или не. Станува одлучен, промислен и ладен.
Неговата борба веќе не е прашање на суета или одбрана на честа, таа станува чин на етичко
дело, таа добива хуманистичка смисла. Тоа за него претставува борба против злото кое го
нагрдува лицето на светот.

На секого му се случило барем еднаш, работејќи во своја корист, да ја повреди својата


душа, па макар и со тој чин да не нанесе голема повреда на другиот. Но, не секој ќе
разбере дека бил заведен од својата слабост, и не секој ќе посака да ја смири својата
совест и да го поврати своето човечко достоинство. Простувањето од Бога и луѓето може
да се добие само кога човекот искрено ќе се покае и кога ќе се откаже од плодовите на
својот срамен чин. Оваа тема на крајот не доведува до сознанието дека борбата самиот со
себе е најтешката и најдолга борба која човекот ја води целиот свој живот.

Борис Чаушевски II-2

You might also like