. Кој знае да слуша, тој владее!

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Кој знае да слуша, тој владее!

Изборот е наш. ЌЕ КАЖУВАМЕ или ЌЕ СЛУШАМЕ? Другите ќе не “читаат“, или ние ќе ги


„читаме“ нив?

Клаудија Лутовска

„Додека слушаш, можеби нешто ќе научиш“ беше една од изреките на постарите кога се тргнува
во училиште. „Купувај, не продавај“- не советуваа родителите кога започнувавме да правиме
нешто корисно, „Кој знае да слуша, тој владее!“- мојата најомилена изрека од Марко Аврелиј.

Патот кон мудроста, секогаш е пополочен со глупавост. Вежбањето мудрост, не секогаш е лесно, на
мудроста сојузник и е времето. Но, зошто е потребна мудроста? Дали е таа предуслов за добар
живот, добра среќа, успех? Секако дека ДА- мудроста ја дополнува квалитетната страна на
поединецот, животот, среќата, стратегијата за успех...

Сигурно секој има некое искуство каде се изјаловила некоја работа поради брзоплетост, поради
кажување на непотребни работи, а најчесто кога мислиме дека зборуваме во доверба, најчесто
излегуваат муабетите од контрола, со прекажување и сплеткарошење од страна на оние со
„начулени уши“, оние кои едвам чекаат да им се даде материјал за да гледаат сеир.

Веќе зборувавме дека во овој хаос на неуреднo и масивно бомбардирањe со информации, човек
се чувствува изгубено, и иако информацијата е најважниот почеток на секоја една работа,
денешницата е осудена на многу повеќе дезинформации и шпекулации од кога и да е.

Кога е човек млад, потешко е да го пронајде балансот помеѓу „кога да слуша“ и „кога да зборува“.

Концептот на психологот е да сослуша, создаден е луѓето да одат и да зборуваат со него, да


кажат...

Еве во поново време, зошто концептот на FACEBOOK е успешен? Луѓето сакаат да кажуваат, да
покажуваат, да споделуваат, тоа е во нивната човечка природа и потреба, и најчесто тие
информации можат да бидат злоупотребени, употребени, да станат дел од нечија завера, цел, и
реално да се употребат за исполнување на нечии цели, без знаење на сопственикот на профилот,
на било кој социјален медиум.
Во светот е доста позната злоупотреба на ваквите информации за де се уценува, да се дојде до
децата на лесен начин, да се малтретираат или злоупотребат девојчиња, момчиња, жени, млади
луѓе...

За Весна сметаа дека е „љубопитна озборувачка“ знаеше се за цело маало, но ретко зборуваше,
само потпрашуваше. Се дружеше со фризерката, а таа ги имаше сите информации од секоја една
жена која беше влегла кај неа во дуќанот. За нивните фамилии, роднини, пријатели, за
подалечното опкружување... Да, Весна ги слушаше сите тие нивни безделни муабетења. Еден ден,
исчезна синот на Марија, момче на возраст од 11 години. Сите беа испаничени. Весна размисли
малку, и им рече на неговите родители: Побарајте го кај Дејан, тие секое попладне играат плеј
стејшн кога родителите на Дејан не се дома, а денес ненадејно неговите заминаа во селото,
сигурно Дејан немал време да ве подготви со некоја лага за да замине кај Дејан, не паничете. И
навистина , Дарко беше таму, се скри, избега, и играше со неговиот верен другар, сметајќи дека
нема да се дознае. Од тој момент Весна доби почит, ја завладеа ситуацијата и многу често неа ја
прашуваа за мислење.

Поседувањето на голем број точни и проверени информации дава чувство на сигурност.


Умешноста истите информации да се употребат на вистински начин дава моќ на точни и брзи
решенија и одлуки. Знаењето од една страна е вистинска моќ, но, со точни информации од
надворешноста и околината станува поупотребливо.

Вера имаше висок просек на факултет, и муабетејки дозна дека постои програма во секоја
амбасада на скоро секоја држава од каде може да се добие стипендија за школување во
странство, како површна информација, ова значеше потреба од истражување и многу писма. Но,
нејзината пријателка и кажа име и презиме од девојка која веќе замина и студира во државата,
која до пред малку беше само сон на Вера, а со информациите беше на дофат можноста да се
проба и да се добие стипендијата.

Доаѓаат едни други времиња за вас младите, доаѓа за многу бргу светот на возрасните, каде само
оние кои знаат да слушаат, владеат добро.

Постојат многу можности и многу ситуации кои ви се на дофат. На вас е дали ќе одлучите да
владеете со тие ситуации, и дали ќе научите и ќе одлучите да слушате.

You might also like