Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

100 Благослови или 100 Клетви дневно?

Изборот е наш. Како ќе избереме – така ќе живееме. Среќата не се чека, среќата се создава.

Клаудија Лутовска

Слушаме разни пораки, мотивации, насоки, или по нашки речено солење на памет, кој најчесто
завршуваат без да им посветиме внимание или интерес.

Прашањето е како да се биде среќен? Има ли формула? Од каде да се започне? Прашувам


помлади, што е подобро за еден ден, да ви помине со 100 благослови, или со 100 клетви? Секако
дека секогаш го добивам истиот одговор, 100 благослови.

Нели секојдневно има турканица, метеж од возила, маркети, луѓе. ПРКИРАМЕ КОЈ КАЈ КЕ СТИГНЕ.
Двајца дечки со комбиња ме блокирале, нема излегување, растовараат роба во маркетите.
Излегувам и им велам „дечки, јас сум за излегување, но ќе ве почекам. Растоварајте, имам за
толку време, брзам ама завршете си работа.“- нивните погледи како да гледаат во некоја луда
жена, немаат коментар, очекуваа нервоза, добиваат разбирање. Со брзина на светлината се
растовара, жената не смее да чека. Им подвикнувам: „Јас сум Битолчанка, јас сум од насмеаните,
не се чудете.“ Се се завршува со насмевка, никој не е под тензија, средено и веќе следниот момент
имам сила да мислам што беше тоа што требаше да го завршам. Истите тие двајца, кои ги
растоварија комбињата во минута, знаат да ги остават и половина час, и да се создадат расправии
пред зградата, свирење со сирените и ним многу лесно денот им станува ден со 100 клетви.

Еден постар човек кој е во среќен брак веќе четириесетина години, еднаш ми раскажа дека кога ја
фатил за рака неговата сопруга, како чупе, никогаш повеќе не ја испуштил. Сватив дека во тоа е
неговата среќа, а тој пак е нејзиниот патоказ, нејзиниот правец.

Формулата е многу едноставна и проста, тоа е една техника во која ќе се започне да се практикува
среќата, потоа таа ќе стане навика, па стил на живот, и на крај на денот среќата е одлука и
биоритам по кој еден човек може да живее.

А како да се заработат 100? Ако се земе дека 100 секунди се не цели 2 минути, и ако една
насмевка трае една секунда, оваа бројка е некој минимум на можност да се заработат.
Наутро кога ќе станете насмевнете му се на денот, на колегите на семејството, насмевките ќе ви се
вратат. Некој ќе ви посака добро утро, некој убав ден, некој ќе ве погледне со милост, нели веќе ги
спечаливте првите благослови. Кога возите во лудилото на градскиот метеж, застанете и таму каде
не е пешачки премин, некој стар човек, па дури и некој неразбран, нека ја преминат улицата и
таму каде не е обележано, ретко кој се заблагодарува, но оние кои ќе се заблагодарат знаат да
речат „ех бре дете, ама душа имаш“.. И веќе во првите утрински часови сме набрале половина од
нормата благослови која си ја поставивме за предизвик.

Се сеќавам, еднаш влегов во забранета зона на градилиште, но тротоарот беше разрушен. Дотрча
постар работник кој со висок тон се развикуваше колку сум глупава и не гледам дека тоа е
градилиште.

-„Простете-реков- но, јас застанав само на кратко, мојот син да не слезе од колата на улица-метеж
е, веднаш заминувам. Но, јас разбирам и кога зборувате тивко, заминувам веднаш.“ се насмевнав.
Стариот човек очекуваше дека ќе се расправаме, но беше изненаден, и покрај неговиот страв и
нервоза, лошиот однос спрема мене, тој не ја доби очекуваната реакција.

-„Извинете, избрзав...“-рече, и му падна криво за неговото однесување.

Изборот е наш. Како ќе избереме – така ќе живееме. Зпочнувајки го таков денот, умот е отворен за
дијалог, за планирање, за препознавање на можности. Денот со 100 ситни благослови, носи
можностѕи од милион долари. Насмеано лице, смирен дух, привлекуваат позитивни нешта,
можности за дијалог, ангажирање, работа, патувања.

Точно е дека добрите луѓе многу често се случува да загазат, но, и од загазувањата се учи, од таму
доаѓа мудроста како да се заштитиме.

На нас е да избереме каков ќе ни биде денот, со 100 благослови или 100 пати ќе не проколнат.

You might also like