Professional Documents
Culture Documents
Клучни Податоци За Образование и Нега Во Раното Детство-ec0219391mkn
Клучни Податоци За Образование и Нега Во Раното Детство-ec0219391mkn
Клучни Податоци За Образование и Нега Во Раното Детство-ec0219391mkn
Early Childhood
Клучни податоци за образование и нега во
раното детство во Европа
Education and
Training
Краток извештај на
Евридика
Клучни податоци за
образование и нега во раното
детство во Европа
2019
Во овој краток извештај на Евридика се нагласуваат некои од главните
наоди на второто издание на извештајот на Евридика за „Клучни податоци
за образованието и негата во раното детство во Европа“.
Education and
Training
Ве молиме цитирајте ја оваа публикација како:
Автори EACEA
Akvilė Motiejūnaitė-Schulmeister (координација),
Marie-Pascale Balcon и
Isabelle De Coster
Контакт
Aikaterini Xethali
Комуникација и публикации
EACEA-EURYDICE@ec.europa.eu
ISBN 978-92-9484-339-5
doi:10.2797/171761
• Достапноста на ОНРД за деца под тригодишна воздраст е ниска. Во просек 34% или
приближно пет милиони деца под тригодишна воздраст посетуваат ОНРД. Само седум
држави-членки на ЕУ (Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска и
Шведска), како и Норвешка гарантират место во јавно финансирани ОНРД услуги
обезбедни за секое дете од рана возраст (од 6 до 18 месеци).
• Квалификациите што се бараат за кадар кој работи со мали деца обично се пониси,
отколку за оние што работат со поголеми деца. Во мнозинството образовни системи
може да се вработат асистенти без иницијални квалификации за ОНРД. Само седум
образовни системи имаат воведено задолжителен континуиран професионален развој
(КПР) за севкупниот кадар во ОНРД (Луксембург, Романија, Словенија, Обединетото
Кралство (Шкотска) и Србија).
3
КОНТЕКСТОТ НА ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА
4
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРИДИКА
(6) Преминот се случува на две и пол години во Белгија (француската и фламанската заедница), и на возраст од четири години во
Грција, Холандија, Швајцарија и Лихтенштајн.
5
ПРИСТАП
Во Европа постојат значителни разлики во поглед на возраста на која децата имаат Само осум европски
гарантирано место во ОНРД (види слика 1). Само седум држави-членки на ЕУ држави (Данска,
(Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска и Шведска) и Норвешка
Германија, Естонија,
гарантираат место во ОНРД за секое дете од рана возраст (од 6 до 18 месеци),
Латвија, Словенија,
честопати веднаш по завршувањето на породилното отсуство. Место во јавно
субвенционираните ОНРД се гарантира од тригодишна возраст или малку порано во Финска, Шведска и
трите заедници во Белгија, како и во Чешка, Шпанија, Франција, Луксембург, Норвешка)
Унгарија, Полска и Обединетото Кралство (Англија, Велс и Шкотска). Околу гарантираат место
четвртина од европските образовни системи обезбедуваат гарантирани места од
во јавно финансирани
четири, пет или шестгодишна возраст во последните 1-2 години од ОНРД. Честопати,
овие услуги се експлицитно насочени кон подготовка за основно образование и се
услуги за секое дете
задолжителни. од 6 до 18 месеци.
6
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
7
(Белгија, Данска, Германија, Холандија, Финска, Обединетото Кралство, Швајцарија
и Исланд) за значителен дел од децата помали од тригодишна возраст се грижат
негователи ( 7), но сепак доминираат услугите во центри.
ОНРД во домашни услови, генерално, повеќе е ориентирано кон нега за деца отколку
кон образование. Обично е во надлежност на органите за семејство, деца и
социјалните служби. Петнаесет образовни системи не предвидуваат никави
образовни упатства за овие услуги.
ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ:
ПАТОТ ДО ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ОНРД
Обезбедувањето на образование и нега во раното детство за децата пред почетокот
на задолжителното основно образование има два аспекта:
• Нега (или нега на дете): услуга главно наменета да овозможи родителите да
работат, а безбедноста и негата за детето да бидат гарантирани
• Образование во раното детство: услуга со намерна образовна компонента за
поддршка на развојот на детето и подготовка за основно образование.
Историски гледано, кај помалите деца фокусот е на негата на детето, додека, пак,
образованието во раното детство беше приодот за поголемите деца во годините пред
основното образование. Сега поизразен станува приодот на интегрирано
„образование и нега во раното детство“. Соочени со доказите дека интегрирањето на
политиката, се чини, нуди подобри можности и за управување со ресурсите и за
резултатите кај децата во смисла на нивниот холистички развој, (Kaga, Bennett, and
Moss, 2010; European Commission, 2013), европските држави сè повеќе ги
интегрираат нивните политики и регулативи за ОНРД. На слика 2 се наведени
главните димензии на политиката на ОНРД за интегриран систем од раѓање до
почетокот на основното образование.
Избегнувањето
Слика 2: Димензии на интегрирањето на политиката за ОНРД
на преминот од
КАДЕ една средина на
Средина КАКО ОНРД во друга
Министерство КОЈ претставува
Кадар ШТО придобивка за
Една средина до Курикулум детето и за
почетокот на основното
образование
семејството.
Кохерентно управување Висококвалификувани
под еден орган професионалци за Образовни активности во
возраст над и под 3 текот на целата фаза на
години ОНРД
(7) Релативната важност на услуги во домашни услови се базира на националните статистички податоци и експертски проценки.
Кога има достапни податоци, услугите во домашни услови се сметаат за значителни доколку претставуваат најмалку 10% од
местата во ОНРД.
8
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
(8) Овој приод го користат и во Европската комисија и во Меѓународното здружение за евалуација на постигнувањата во
образованието (IEA, 2016).
(9) Во Хрватска, Латвија, Литванија, Словенија, Финска, Шведска, Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Република Северна
Македонија, Норвешка и Србија.
9
под еден орган. Во Луксембург и Малта одговорноста за услугите за помалите деца
неодамна беше префрлена на Министерството за образование, со цел да се гарантира
поголема кохерентност на политиките (во 2012 и 2017 соодветно). И Италија е во
процес на ставање на ОНРД под одговорност на Министерството за образование, иако
регионите сè уште се главните регулатори на услугите за децата под 3 години.
A. Посебна средина
A+Б. комбинирана
Извор: Евридика.
Појаснување
За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика A2 и A4 во целосниот извештај.
(10) Додипломско ниво е (ISCED 6) е минимум во Бугарија, Германија, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Литванија, Словенија,
Финска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Норвешка. Во Португалија и Исланд е постдипломско (ISCED 7). Во Франција тоа е
ISCED 6 во тимови кои работат со помали деца и ISCED 7 за оние кои работат со поголеми. Од 2019/20, во Италија тоа ќе биде
на додипломско ниво за сите главни практичари.
(11) Тоа е случај во Белгија (сите три заедници), Шпанија, Италија, Луксембург, Унгарија, Холандија, Полска, Обединетото Кралство
(Англија, Велс и Северна Ирска), Албанија, Швајцарија, Лихтенштајн, Србија, Република Северна Македонија и Турција.
10
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
За целата фаза на
ОНРД
Само за деца на
возраст од 3 години и
поголеми
Извор: Евридика.
Појаснување
Сликата покажува дали најмалку еден член на кадарот по група деца во ОНРД во центар мора да има
квалификации на додипломско ниво на образование (ISCED 6) или повисоко поврзано со ОНРД (или
образование) согласно прописите од највисоко ниво. За повеќе информации и конкретни белешки по
држава, види слика Ц1 во целосниот извештај.
(12) Во Шведска, за да работи со деца на шестгодишна возраст, или поголеми во предосновни одделенија, кадарот треба да биде
квалификуван на ISCED ниво 6 или 7.
11
Слика 5: Задолжителен континуиран професионален развој (КПР) за целиот кадар и
услов за иницијални квалификации за асистенти, 2018/19
Дали има образовни упатства од највисоко ниво или не во многу зависи од видот на
органот на управување кој е надлежен. Во речиси сите држави каде што еден орган е
одговорен за целата фаза на ОНРД, образовните цели или содржина се утврдени за
сите возрасни групи ( 14). Спротивно на тоа, онаму каде што има двојни органи, има
(13) Белгија (заедницата што зборува германски), Бугарија, Чешка, Грција, Италија, Кипар, Холандија, Полска, Португалија,
Словачка, Обединетото Кралство (Велс и Северна Ирска), Албанија и Швајцарија.
(14) Данска, Германија, Естонија, Ирска, Шпанија, Хрватска, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Австрија, Романија, Словенија,
Финска, Шведска, Обединетото Кралство (Англија и Шкотска), Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Република Северна
Македонија, Норвешка и Србија.
12
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
Извор: Евридика.
Појаснување
На сликата се прикажани прописите за услуги во центар. За повеќе информации и белешки по држава види
слика Д1 во целосниот извештај. За услуги во дом, види слика Д1 во целосниот извештај.
13
Степен на интеграција на системот и политиките во ОНРД во Европа
Согласно четирите критериуми во врска со квалитативните димензии дискутирани
претходно: средина (унитарна или посебна), органи (еден или два),
висококвалификуван кадар во целата фаза на ОНРД (минимум ниво ISCED 6) и
образовни упатства што важат за сите средини, европските држави може да се
распоредат во континуум од интегрирани до поделени системи. На слика 7 е
прикажан степенот на кохерентност на системот и политиките, од интегриран
(темнозелена) до поделен (црвена).
Децата во Европа
се сретнуваат со
Интегриран
многу различни
Донекаде интегриран
средини на ОНРД,
што води кон
На средина различни
искуства во
Донекаде поделен раното учење.
Поделен
Извор: Евридика.
Појаснување
Сликата го покажува степенот на интеграција според тоа дали системот на ОНРД има унитарна средина,
еден орган, висококвалификуван кадар (на ниво ISCED 6) во целата фаза на ОНРД, и дали образовните
упатства важат и за помалите и за поголемите возрасни групи. Пресекот по критериуми е достапен во Анекс
А во целосниот извештај. Темнозелена = за сите критериуми; црвена = ниту еден од критериумите.
(16) Во Литванија, Финска, Босна и Херцеговина, некои деца може за последната година од ОНРД (предосновно одделение) да се
префрлат на истата локација кај основното училиште.
14
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
Донекаде поделен (портокалова): во овие држави сите деца кои почнуваат ОНРД
на рана возраст обично треба да преминат од средина за нега на деца во
предосновна средина. Само еден од критериумите важи за целата фаза. Во Белгија
(француската и фламанската заедница), Унгарија, Лихтенштајн и Турција, иако има
образовни упатства за целата фаза на ОНРД, нив ги издаваат различни органи за
возраст над и под 3 години, и главните практичари кои работат со мали деца не
треба да бидат висококвалификувани. Спротивно на тоа, во Бугарија, Грција, Кипар
и Потугалија нема образовни упатства за средини за помали деца, но главните
практичари мора да бидат висококвалификувани за целата фаза на ОНРД.
(17) Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска, Шведска и Норвешка. Меѓутоа, не сите интегрирани системи на ОНРД
обезбедуваат гарантирано место.
(18) Стапките на учество во ОНРД за деца помали од 3 години се приближно 20% или помалку во Хрватска, Литванија, Република
Северна Македонија и Србија. За Босна и Херцеговина и Црна Гора нема статистички податоци од Евростат.
15
ЕВАЛУАЦИЈА НА СРЕДИНИТЕ:
НАЧИН ЗА ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ
Квалитетот и на
структурата и на
процесот
Само квалитетот на
структурата
Нема надворешна
евалуација на
средината
Одговорност на оној
што обезбедува ОНРД
Извор: Евридика.
Појаснување
За повеќе информации и конкретни белешки по држава види слика E1a во целосниот извештај.
16
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
17
Слика 9: Мерки од највисоко ниво за олеснување на преминувањето на децата во
основно образование и локацијата на последната година во ОНРД, 2018/19
A+Б. Комбинирано (A и Б
коегзистираат)
Мерки за преминување
препорачани на највисоко ниво
Извор: Евридика.
Појаснување
Сликата не ги зема предвид групите за ОНРД организирани во основните училишта во помалку населените
области. За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика Д9 и Д10 во целосниот извештај.
Една третина од
Без оглед на тоа дали станува збор за физичко префрлување на децата или не, на
европските
ниво на средина за ОНРД може да се применат серија мерки за да се воспостави
континуитет и соработка со основните училишта, со цел да се промовира непречена образовни
транзиција. Две третини од образовните системи препорачуваат средините, или системи не
локалните власти, да воспостават практики што го олеснуваат преминувањето.
обезбедуваат
Мерките ги вклучуваат децата, кадарот и родителите. Со организирани посети на
основното училиште, или со водење заеднички проекти кои ги вклучуваат децата и упатства за
од ОНРД средините и од основните училишта, може да им се помогне на децата да се олеснување на
запознаат со новата средина. Препорачаните практики за соработка меѓу кадарот во
преминот од
ОНРД и основните училишта за олеснување на преминот вклучуваат и пренесување
информации за достигнувањата на детето, взаемно запознавање со опкружувањето, ОНРД во основно
координирање на активностите за континуиран професионален развој или соработка образование.
во изготвувањето на курикулумот за двете нивоа на образование. Честопати се
препорачуваат средби со родителите за да се запознаат со новото опкружување и да
им се обезбедат информации како работи училиштето.
(21) Белгија (заедницата што говори германски и фламанската заедница), Германија, Естонија, Хрватска, Унгарија, Холандија,
Луксембург, Австрија, Словечка, Босна и Херцеговина, Лихтенштајн, Црна Гора и Србија.
18
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа
19
РЕФЕРЕНЦИ
Balduzzi, L. et al., 2019. Literature Review on Transitions across Early Childhood and
Compulsory School Settings in Europe. [pdf] Available at: http://start.pei.si/wp-
content/uploads/sites/11/2017/01/01_LITERATURE-REVIEW.pdf.
[Accessed 16 May 2019].
European Commission, 2014. Proposal for key principles of a Quality Framework for Early
Childhood Education and Care. Report of the Working Group on Early Childhood
Education and Care under the auspices of the European Commission. [pdf]
Available at: http://ec.europa.eu/assets/eac/education/policy/strategic-
framework/archive/documents/ecec-quality-framework_en.pdf
[Accessed 25 January 2018].
IEA (International Association for the Evaluation of Educational Achievement), 2016. Early
Childhood Policies and Systems in Eight Countries Findings from IEA’s Early
Childhood Education Study. [pdf] Available at: https://www.iea.nl/fileadmin/user_
upload/Publications/Electronic_versions/ECES-policies_and_systems-report.pdf
[Accessed 10 May 2019].
Kaga, Y., Bennett, J., and Moss, P., 2010. Caring and learning together: A cross-national
study on the integration of early childhood care and education within education.
Paris: UNESCO.
OECD, 2017. Starting Strong V: Transitions from Early Childhood Education and Care to
Primary Education. Paris: OECD Publishing. [Online] Available at:
http://dx.doi.org/10.1787/9789264276253-en [Accessed 29 June 2018].
Slot, P., Leseman, P., Verhagen, J. and Mulder, H, 2015. Associations between structural
quality aspects and process quality in Dutch early childhood education and care
settings. Early Childhood Research Quarterly, 33: 4, pp. 64-76.
20
EC‐02‐19‐391‐MK‐N
Задачата на мрежата Евридика е да разбере и објасни како се организирани и како
функционираат различните европски образовни системи. Мрежата обезбедува описи на
националните образовни системи, компаративни студии посветени на конкретни теми,
индикатори и статистики. Сите публикации на Евридика се бесплатни и се наоѓаат на веб‐
страницата или, на барање, во печатена форма. Преку својата работа, Евридика се стреми
да промовира разбирање, соработка, доверба и мобилност на европско и на меѓународно
ниво. Мрежата се состои национални одделенија лоцирани во европски држави и е
координирана од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура
(Education, Audiovisual and Culture Executive Agency). Повеќе информации може да се најдат
на http://ec.europa.eu/eurydice.
ISBN 978-92-9484-339-5
doi:10.2797/171761