Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

До сопствениците на становите на зграда на

Бул.”Илинден” бр.79 КО Центар-Скопје

ПОНУДА

Јас, Трпески Александар имам интерес за инвестирање на надградба на


Вашата заедничка тераса во кој ќе се сместат 2 станбени единици колку што е
пропишано со ДУП-от на општина Центар, град Скопје.
Од Вас како станари во оваа станбена зграда барам да ми ја отстапите
заедничката тераса за да може да ја инвестирам надградба на истата, а за возврат како
дел од инвестицијата ќе бидат вклучени и следниве позиции кои што ќе ја подобрат
термо-изоалцијата, сигурноста и визуелниот изглед на целата станбена
зграда, која ќе биде и во сечиј интерес.
Позиции што ќе се опфатат со инвестицијата:

1.Изработка на Идеен проект по сите нормативи и стандарди за


проектирање на станбени и станбено-деловни објекти од овој вид, следејќи ги
правилата и прописите на деталниот урбанистички план

2.Изработка на Основен проект за надградба на станбена зграда во кој


се вклучени следните фази:
Aрхитектонски проект
Градежно-конструктивен проект
Електротехнички проект
Проект за водовод и канализација
Термотенички проект
Проект за партерно уредување и сообраќај
Елаборат за заштита од пожари
Елаборат за енергетска ефикасност и
Сообраќаен проект, изработени по сите нормативи и стандарди за
проектирање на станбени и станбено-деловни објекти од овој вид, протребен за
обезбедување за одобрение за градба, со кое ќе може да се отпочне со
градба.

3.Наведената проектна документација од точка 1 и 2 ќе биде изработена


од лиценцирано архитектонско студио ПАРАМЕТАР дооел Скопје, проектанско
биро кое има 12 години активно искуство во областа на проектирање на секаков
тип на објекти , вклучувајќи ги и овој тип на колективни станбени објекти.
4.Обезбедување на позитивно мислење од Институт за земјотресно
инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) -Скопје за
конструктивната носивост на надградбата, мислење со што ќе се докаже дека
надградбата нема да ја наруши носивоста и стабилноста на постоечкиот објект.

5.Обезбедување на Надзорен орган кој ќе врши контрола на


квалитетот на изградбата, со водење на сите потребни документации со кои ќе
се евидентираат сите вградени количини и со сите сертификати ќе се докаже
квалитетот на вградени материјали. Надзорот ќе биде следен од страна на
лиценцирана фирма РУМЕН ИНЖЕНЕРИНГ- Охрид фирма со 16 годишно искуство
во областа на проектирање и надзор на ваков тип на објекти.

6. Обезбедување на високо квалитетни изведувачи кои во точно


дефиниран рок и висок квалитет ќе ги изведат сите предвидени работи.

7. Покривање на сите такси за Ваша согласност заверени на Нотар,


како и сите останати трошоци потребни за обезбедување комплетна техничка и
проектна документација спрема зададените услови од општина Центар;

8. Поставување на нова влезна врата во зградата од ПВЦ профили со


исполна од термоплан стакло со д=4к+12+4+12+4мм заедно со сите потребни
елементи како: Брава, електрично заклучување и отклучување, кваки и шарки, со
која ќе се гарантира безбедност на станарите.

9.Изработка на нов домофон за 28 станови, заедно со цела потребна


електро инсталација, како и санирање на електро-инсталација во целото
скалишно јадро од приземје до 6ти кат.

10. Постоечкиот лифт ќе биде исконтролиран од страна на Експерти за


лифтови и во зависност од нивниот извештај за состојбата на лифтот, ќе се
премине кон сервис и замена на потребните делови, промена на Лифтовска
кабина. Доколку се утврди дека лифтот е во лоша состојба ќе се премине кон
замена на цел лифт со нова хидраулична механизација за движење на лифтот
заедно со нова лифтовска кабина, обработка на лифтовското јадро и санирање
на влезните врати во лифтот.
11.Изработка на нова термоизолациона фасада со д=8см – демит
фасада, како и изработка на елаборат за фасадно обликување заедно со
3Д визуелизации со кои ќе имате можност да го видите изгледот на зградата пред истата
да биде изведена.
12.Изработка на хортикултурно уредување на целиот партер околу
зградата, санирање на влезните патеки со павер елементи или санирање на
постоечките бетонски стази, поставување на корпи за отпад како и поставување
на клупи за одмор и рекреација на станарите.

13.Замена на искршените стакла од подрумските прозори како и


поставуавње на заштитни челични решетки на подрумските прозори каде
недостасува истата.

14.Поставување на Метална кровна конструкција и покривање со ребраст


пластифициран лим на целата површина од објектот 18х18.3м или приближно
околу 400м2 на целата кровна површина, со која ќе се заштити објектот од
течење и прокиснување. Покривањето ќе биде слично како зградата на
ул.Илинденска бр.81 - со проект- прилог.

15.На главната влезна водоводна мрежа во станбената зграда ќе се


постави соодветна пумпа која ќе го зголеми потребниот притисок на вода во
целата водоводна мрежа, за станарите да имаат постојан притисок на вода.

16.Поставуавање ВИДЕО НАДЗОР со мониторинг за поголема безбедност


во вон станбената зграда.
17. Поставување на нови поштенски сандачиња на влезот во
објектот.
18. Обработка на скалишното јадро со нова глет маса и боење со
поликолор , со претходно стругање на постоечкиот малтер и глет. Колоритна
обработка на катовите како и графичка обработка со нумерирање на катови.
19. Набавка на нови ПП апарати и санирање на постоечките ПП
сандачиња.

Доколку горенаведената понуда е прифатлива од Ваша страна, ве молиме за


писмена согласност заверена на НОТАР, за да може веднаш да отпочнеме со сите
припремни работи за комплетирање на потребната документација, а по добивањето на
одобрението за градба, веднаш ќе се отпочне со изведба на надградбата.

Со почит

Инвеститор
Трпески Александар

23.02.2024год

You might also like