Договор за дело

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

Склучен на ден 30.06.2015 год. помеѓу:

1. Име, адреса, со единствен даночен број____________, застапувано од


Управителот ______, како Нарачател на работата (во понатамошниот
текст Нарачател) од една страна и

2. Име, со адреса на живеење:, и ЕМБГ, како вршител на работата (во


натамошниот текст Вршител) од друга страна.

Член 1
Предмет на Договорот е регулирање на меѓусебните права и обврски
при извршување на работи кои се надвор од дејноста на Нарачателот.

ОБВРСКИ НА ВРШИТЕЛОТ

Член 2
Вршителот се обврзува, во име и за сметка на Нарачателот да:
- Совесно, одговорно, ефикасно и навремено да ги извршува
превземените работни обврски во согласност со добрите деловни обичаи.
- Навремено и редовно да го информира Нарачателот за текот на
извршувањето на работата, како и за евентуалните проблеми на кои ќе наиде
при извршувањето на работата.

Член 3
За секоја привремена или трајна спреченост од работа во смисла на овој
Договор, Вршителот или од него определено друго лице, веднаш да го известат
за тоа Нарачателот.

ОБВРСКИ НА НАРАЧАТЕЛОТ

Член 4
Нарачателот е должен на Вршителот да му:

- Обезбеди работни задачи на кои ќе работи Вршителот;

Член 5
- Како надомест за работата и обврските од овој Договор, Нарачателот на
Вршителот ќе му исплатува нето месечен надомест за изминатиот месец
најдоцна до 15-ти во тековниот месец, во висина срезмерно на работните сати и
извршената работа во изминатиот месец.
- Нарачателот ќе го исплатува нето месечниот надомест на трансакциска
сметка во банка на територија на Р. Македонија која ќе ја определи Вршителот.
- Персоналниот данок ќе биде на товар на Нарачателот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ

Член 6
Договорот се склучува на времетраење од три месеци, но доколку ниту
Вршителот ниту Нарачателот не го откажат неговото продолжување најмалку
30 дена пред истекот на трите месеци, Договорот по автоматизам продолжува да
важи секои наредни три месеци се до неговото откажување на барање на една
од договорните страни.

Член 7
Нарачателот и Вршителот имаат право да го прекинат важењето на овој
Договор и без отказен рок во случај кога:
- спротивната страна не работи согласно обврските од овој Договор;
- спротивната страна ги пречекорила овластувањата од овој Договор;
- спротивната страна несовесно, ненавремено или нестручно ги
извршува своите обврски;

Член 8
Договорните страни спогодбено ќе ги решаваат меѓусебните
недоразбирања и спорови што евентуално ќе произлезат од овој Договор.
Доколку тоа не успеат да го постигнат вонсудски, како надлежен ќе се
смета Основниот суд во Битола.

Член 9
За се што не е регулирано со овој Договор, ќе се применува Законот за
придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за облигациони
односи и другите позитивни правни прописи на Р. Македонија.

Член 10
Договорот влегува во сила од денот на заклучувањето, односно
потпишувањето и ќе се применува од наредниот работен ден.

Член 11
Договорот е склучен во 2 ( два ) еднообразни примероци од кои 1 ( еден )
за Нарачателот, а 1 ( еден ) за Вршителот.

Вршител, Управител,
Име Име

_________________ _____________________

You might also like