дрога и психотропни ссссссс

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 19

Вовед

Основната тема на овој труд е феноменот на наркоманијата како еден вид од


мноштвото девијантни однесувања.

Дрогите им се познати на луѓето многу одамна Така С. Стојиљковиќ наведува


дека и праисториските луѓе, уште дваесет илјади години пред новата ера, биле
запознаени со дрогите, бидејќи примероците од архаичното сликарство од
пештерите од Јужна Франција и Северна Шпанија укажуваат на можноста дека се
создадени под дејство на наркотични средства за време на разни магиски
ритуали. Примерците на ова сликарство говорат за вештачки екстази, користејќи
го за таа цел дејството на разните видови на дрога во нивниот природен облик и
состав, сакајќи да се доведат себеси во посебни состојби и да навлезат во некој
друг, имагинарен свет на збиднувања. 1

Најстари пишани извори кои содржат податоци за дрогата се Сумерските табли,


кои датираат од 4000-3000 година пред новата ера, а говорат за дејствата на
афинот. На глинени плочи, откриени во Нипера пак, се наоѓаат лекарски рецепти.
Древните книги на старите народи кои зборуваат за религиозни и филозофски
поими на животот, здравјето и смртта, зборуваат за вистинска човечка потреба да
се изменат световните состојби, да победат бол или да најдат елексир на вечниот
живот. Од нив најпознати се Пента Сао во Кина, Веда во Индија, Пепири во
Египет, Библијата во Јуреја, Венд Авеста во Персијанчани и слично. 2

В. Јеротич наведува дека, според предавањето на Инките, кога "синовите на


сонцето” им го подариле клучот од своето кралство, им подариле и лист од кока.
Старите народи кои го населувале Крит, околу 3000та година пр.н.е., изградиле
кипови на божество кое го штитело афионот. 3

На јужноамериканскиот континент, во планините во Гватемала пронајдена е


камена скулптура од XV век пред новата ера, која претставува печурка од чие
стебло се создава божјата глава.

1
S.Stojiljković: Narkomanija kao socijalno-medicinski problem, Zbornik radova,
Galenika, 1965.godina, str.7.
2
M.Antonijević i drugi: Narkomanija mladih, Beograd, Kultura, 1971.godina, str.7.
3
A.Despotović i drugi: Čovek I droge, Beograd, Sloboda, 1971.godina, str.225.

1
Во XVI век, хроничарот Фрај Бернардин де Сахагун, говорејќи за печурките,
напишал: "Оние кои го јадат гледаат ужасни и смешни работи". Ова растение ги
поддржува, им дава храброст да се изборат, ослободувајќи се од стравот, тагата и
гладот. Се верува дека ги штити од било каква опасност. 4 Од средниот век па до
денес, самиот збор “дрога” се употребува за лековити средства. Од
Хипократовата ера до денес, поединечни дроги, заради своите фармаколошки
карактеристики, има незаменлива употреба во медицината, што е и услов за
нивното легално производство. Проблемот кај дрогата е нејзината употреба или
злоупотреба, кога супстанците се користат без притоа да има некаква медицинска
основа и друга потреба. Според тоа, правилната употреба на дрогата може да
биде лек, додека нејзината неправилна (зло)употреба доведува до болест. Зависно
од употребата, дрогата може да биде лек или отров. 5

1. Појава и поим на наркоманијата

Поимот на наркоманијата е тесно поврзан со поимот на дрогата и наркотиците


воопшто. Според дефиницијата за наркоманија, дадена од Светската здравствена
организација, произлегува дека појавата на наркоманија произлегува од
употребата на дрога и наркотици. 6

Самиот термин дрога може да се разбере во поширока смисла, подразбирајќи


супстанци од нелегална, но и од легална употреба, во рамките на фармацевтските
индустрии. Потеклото на самиот збор “дрога” сеуште не е со сигурност утврдено,
но се смета дека потекнува од арапскиот јазик, каде, како кованица од два збора
означува лековито средство. За прв пат, овој збор се употребува во едно англиско
издание од 1327 година (“Novem balas de drogges de spicerie”), а во XV век
вообичаено се споменува во медицинската литература во Франција и Италија. 7
Денес, овој збор означува необработен лек. 8 Самиот израз дрога е дефниран во
16тото издание на Извештајот на Комитетот на експерти на Светската
здравствена организација, како супстанца која при внесување во жив организам,

4
M.Antonijević i drugi: cit.delo, str.14.
5
P.Savić: Narkomanija i kriminalitet, (magistarski rad), Novi Sad, 1978.godina, str.18.
6
P.Savić: cit.delo, str.14.
7
Medicinska enciklopedija: Zagreb, Leksikografski zavod SFRJ, 1959.godina,
8
knjiga III, str.368-369. M.Vukajlija: Leksikon stranih reči i izraza, Beograd,
Prosveta, 1996.godina, str.253.

2
ја модифицира функционалноста на една или повеќе од неговите вообичаени
функции.

Светската здравствена организација и Комитетот за експерти за дрога сметаат


дека наркоманијата е “состојба на периодична или хронична интоксикација, која
е штетна за поединците и за околината, а до која се доаѓа со зачестено земање
некои природни или синтетички дроги.”

Нејзини карактеристики се следните:

 Несовладлива желба или потреба да се продолжи со земањето дрога и до неа


да се дојде по било која цена
 Тенденција за зголемување на дозата
 Зависност во психичка и физичка смисла во однос на ефектот од дрогата 8

Терминот “наркоманија” потекнува од грчкиот јазик, поточно е кованица од


зборовите narco – да успие, да омалакса и mania – термин кој се употребувал за
грчко божество на лудилото. Со него се означува страста и стремежот кон
уживање на опојни средства. Според многу автори, овој термин не соодвестува,
според тоа што предмет на злоупотреба не е секогаш наркотична дрога. .9 Затоа
некои автори предлагаат употреба на зборот “токсикоманија”(од грчки toksikos –
отров). “Токсикоманијата” е болна навика да се зема се поголема доза отровни
супстанци, кои можат да бидат алкохол, никотин, опиум, кокаин итн. 10 Овој
термин има проширено значење, бидејќи ги опфаќа сите отровни супстанци кои
му штетат на организмот. 11

Денес, доста писатели го употребуваат и зборот “зависност” како синоним за


наркоманијата, но сепак, тоа е само една од карактеристиките кои ги
предизвикува пшојавата на наркоманијата. Сепак, повеќето автори се на
стојалиштето дека наркоманијата-зависноста е болест која се состои во појава на
зависност од некое средство, било да се наоѓа во природата или да се добива по
синтетички пат, во лабораторија. Зависноста може да се манифестира психички и
физички, но и комбинирано. 9 Ако едно средство не предизвикува зависност, или

8
O.Perić: Sprečavanje zloupotrebe droga na međunarodnom planu, Zbornik Instituta za
kriminološka i sociološka istraživanja, Beograd, 1975.godina, str.239.
9
J.Ristić: Medicinski aspekt narkomanije, Zbornik radova I jugoslovenskog
simpozijuma o prevenciji i lečenju narkomana, Institut jugoslovenske i inostrane
dokumentacije zaštite na radu, Niš i Institut za alkoholizam i narkomanije, Beograd,

3
пак предизвикува само мисла – психичка зависност, можеме да говориме за
навика, која според степенување има послаб интензитет од зависноста. 10

Според професорот М.Милутиновиќ, наркоманијата “претставува постојано


уживање наркотични дроги во онаква мера која штетно влијае на способноста и
здравјето на човекот. Тие дроги можат да бидат различни: опиум и негови
деривати, разни алкохоли, морфиум, хероин, кокаин, кодеин, марихуана, хашиш
итн. Нивната постојана употреба ствара состојба на навикнатост, го уништува
човекот физички, морално и друштвено, а може да доведе и до медицински
компликации”. 11

Меѓутоа, наркоманијата не е болест, посматрано само од медицински аспект. Не


е само болест на една индивидуа – тоа е болест на едно цело општество, со оглед
на фактот дека човековиот развој и секојдневие е сочинето од биолошки и
социјални фактори. 12 Наркоманијата не е штетна само за наркоманот како
индивидуа, туку влијае и пошироко, на пријателите и семејството на наркоманот,
па и на целото општество. Колку наркоманијата во едно општество е
пораспространета, толку се поголеми и нејзините разорни ефекти. Според тоа,
можеме слободно да кажеме дека појавата на наркоманијата спаѓа во групата на
социопатолошки појави.

Л.Н.Анисимов вели дека наркоманијата стана една од најтешките социјални


болести на современиот капиталистички свет и дека расте употребата на
психотропни супстанции и наркотици. 13 Ова пак, поттикнува зголемен број на
невро-психијатриски болести, кои пак повлекуваат пораст на деликвенцијата. Тој

1972.godina, str.21. (dalje: Zbornik radova).


10
V.Hudolin: Odobrena poglavlja iz psihijatrije za liječnike opće medicine, Zagreb,
Udruženje liječnika opće medicine Jugoslavije, 1974.godina, str.116.
11
M.Vukajlija: Leksikon stranih reči i izraza, Beograd,
13
1966.godine, str.607. Opšta enciklopedija: Laurus,
Beograd, Vuk Karadžić, 1967.godina, str.883. 14
M.Vukajlija: cit.delo, str.957. 15 P.Savić: Narkomanija i
kriminalitet, (magistarski rad), Novi Sad, 1978.godina, str.2.
12
Dr M.Milutinović: Kriminologija, Beograd, 1973.godina, str.336.
13
L.N.Anisimov: Наркотики: правовој режим-международние и
унутригосударствение проблеми регулированија производства, примененија и
распространенија наркотичесних и психотропних вешчшеств, Ленинград,
1974.година, стр.81.

4
смета дека наркоманијата е болест, предизвикана од неповолните социо-
економски услови и одраз на неадекватните општествени односи на
капиталистичкиот поредок.

О. Јелачиќ во своето дело “Основи на судската медицина” ја дава следната


дефиниција: “Наркоманијата е морбиден стремеж кон една или повеќе супстанци
од растително или животинско потекло, кои делуваат претежно на централниот
нервен систем и од мали дози, предизвикуваат чувство на физичко и психичко
блаженсто, смирување, еуфорија, додека поголемите дози предизвикуваат
состојба на опијанетост, аналгезија, наркотичен сон.” 14

2. Наркоманијата како криминоген фактор

Лековите вклучуваат група на природни и синтетички изведени супстанции, кои


се комплексни соединенија и имаат способност да дејствуваат на човечкиот
организам, предизвикувајќи состојба на необично психичко и физичко
однесување, некаква несигурност, пијанство, прекумерна иритација,
невообичаена храброст, халуцинаторни соништа и визии, издржливост, зголемен
интелектуален капацитет и бројни други феномени. Овие супстанции создаваат
навика за повторно земање, тенденција за зголемување на дозата, психолошка, а
понекогаш и физичка зависност. 15 М. Милутиновиќ вели: "Употребата на дроги
може да се смета за фактор на криминал, дека индивидуалните лица, поради
нивното уживање, вршат кривични дела и други отстапувања, како што се
кражбата, трговијата со дрога, проституцијата итн".16 Ова се потврдува со
мислењето на генералниот секретар на Интерпол, Ж. Непота, дека "наркотиците
се индиректна причина за криминал17: со цел да се добие дрога, се ограбува, се
краде, се станува плен на продавачи или уценувачи". Ј. Релиќ наведува дека
спроведувачите на законот сметаат дека употребата на дрога сама по себе
претставува моќна причина за криминал, а Б. Басио вели18: "Токсичноста,
криминалот и мизеријата тешко можат да се одделат од тројството". Онаму каде

14
O.Jelačić: Osnovi sudske medicine, Novi Sad, 1974.godina, str.68.
15
Suzbijanje krijumčarenja, Lipice, Carinski pregled, 1972.godina, str.43.
16
Dr M.Milutinović: Kriminologija,
Beograd, 1973.godina, str.337. 28 Ž.Nepot:
cit.delo, str.141.
17
J.Relić: Neki aspekti narkomanije, Bezbednost, 1970.godina, str.450.
18
B.Basio: Psiha i droga, Zagreb, 1977.godina, str.32.

5
што постои очигледна злоупотреба на дрога, постои и веројатност да биде
кривично дело, вели Меихнер19. Се смета дека зависниците од дроги честопати се
ангажирани во поголеми или помали криминални активности и претставуваат
дел од "подземјето”. 20 Извршувањето на кривични дела и прекршоци од страна
на корисниците на дрога е доста честа појава. Се верува дека корисниците на
дрога прибегнуваат кон проневери, фалсификување, измама и затајување со цел
да добијат материјални средства за набавка на лекови. Тие често се изложени на
уцени, проституција, оддавање тајни и сл. Оттука, криминогеното значење на
зависниците од дроги се состои во фактот дека тие морално, општествено,
ненамерно и во очај - пропаѓаат, што е зараза и за самата околина, затоа што и
другите околу себе ги привлекуваат во нивниот круг. Зависниците од дрога е
лесно да потпаднат под влијание и да бидат принудени да издадат разноразни
информации, притоа и бизнис, воени, дипломатски и државни тајни.

Слика 1- зависник

Наркоманите влијаат и врз развивање на шверцот и скриената трговија со опијати


и психотропни супстанции, каде трговците дрогата често знаат и да ја поклонат
на ситните наркомани, кои пак ќе им донесат нови муштерии и профит. Губејќи
осет за време и за нормални човекови вредности, наркоманот полека станува
неспособен за работа, за основање семејство, го губи кругот на пријатели,
заменувајќи ги со уживатели на дрога, и полека но сигурно станува асоцијална 33
личност.

19
Meixner: Opojne droge, Bezbednost, 1970.godina, broj 5, str.409.
20
R.Šovljanski i M.Šovljanski: O otrovima i narkoticima u kriminalističkoj obradi,
Beograd, 1971.godina, str.25. 33 Dr D.Jevtić: Sudska psihopatalogija, Medicinska
knjiga, Beograd-Zagreb, 1959.godina, str.288.

6
Табеларен приказ – полова застапеност при злоупотребата на одделни видови
дроги

Наркоманот кај кој се оформила јака физичка зависност од дрога, не познава цена
ниту средства за да дојде до неа, бидејќи не може да го издржи
апстиненцијалниот синдром. Поради потребата да стаса до огромен степен на
задоволство и омаеност за кратко време, кое му го овозможува само дрогата,
наркоманот би ја прешол секоја разумна граница, па дури би посегнал и кон
тешки видови криминал само за да стаса до посакуваната супстанција.
Активноста на овие лица, бидејќи е нелегална, несомнено му припаѓа на
криминалот што е најмногу поврзан со зависноста од дрога како феномен на
социјална појава. 21 Од друга страна, наркоманите не само што вршат кривични
дела за да добијат средства за набавка на дрога, туку и вршат кривични дела под
директно влијание на дрогата што ја земаат, каде карактеристиките и видот на
кривичните дела директно зависат од видот на консумирани лекови, бидејќи
различните видови лекови, во зависност од нивните карактеристики, дејствуваат
различно на свеста и однесувањето, дури и кога тоа е криминално. Така, за
наркотиците, освен хероинот, карактеристично е тоа што предизвикуваат
летаргија, тие се еуфорични и релаксирачки. Луѓето кои уживаат во оваа група
дрога најчесто вршат провална кражба, кражба и фалсификат и не се склони кон

21
P.Savić: Narkomanija i kriminalitet, (magistarski rad), Novi Sad, 1978.godine, str.10.

7
насилство. Меѓутоа, однесувањето под дејство на дроги од групата стимуланси е
сосема поинакво. Така, на пример, кокаинот доведува до експитација и
истовремено делува раздразливо и стимулативно, доведувајќи го консуматорот
до ситуации кои се реална претпоставка на кривични дела како насилството 22,
при што тие убиваат најчесто од љубомора, а склони се и кон сексуални деликти.
Исто така, имаат халуцинации кои ги наведуваат на напади на замислени
противници. 23

Сепак постојат и други мислења. Така, W.Reckless во своето дело “The crime
problem”, ги изложува своите заклучоци дека не постои врска помеѓу уживањето
дроги и криминалитетот, туку дека го има сосема спротивниот ефект –
оддалечување на луѓето од проблемите и нервозите, а со тоа и намалување на
потенцијалните побуди за сторување кривично дело од страна на наркоманите. 24
Ова е едно од поосамените мислења во оваа проблематика. Точно е дека
наркотиците, опијатите и некои нивни деривати имаат и смирувачко дејство, кое
кај уживателите допринесува до подобрување на расположението и летаргија.

Табеларен приказ – однос на видот на употребена дрога со сторени насилни дела


22
R.Šovljanski i M.Šovljanski: O otrovima i narkoricima u kriminalističkoj obradi,
Beograd, 1971.godina, str.128.
23
Dr D.Jevtić: cit.delo, str.293.
24
Dr M.Milutinović: Kriminologija, Beograd, 1973.godina, str.337.

8
Намалената осетливост на физички и психички стимуланси креира
рамнодушност спрема околината и личната ситуација, така што во уживателот,
додека е под дејство имаме појава на потисната агресивност, па и потиснатост на
желбата за извршување на насилни кривични дела. Меѓутоа, тоа не го вклучува и
полесниот криминал, како кражба, фалсификување и слично. Штом наркоманот
дојде во ситуација да му недостасуваат средства да дојде до посакуваната цел,
односно, посакуваната супстанција, неминовна е појавата на апстинентски кризи,
проследени со потешкотии и тегоби, па тогаш тоа исто лице е спремно да изврши
и најтешки кривични дела за да дојде до потребната цел, односно, до потребната
доза. 25

3. Поделба и врсти на опојни дроги

Листата на опојни дроги и психотропни супстанци е утврдена на меѓународните


конвенции на предлог на Светската здравствена организација. Листата на опојни
дроги или психотропни супстанции кои имаат психоактивни ефекти е утврдена
со повеќе меѓународни конвенции на предлог на Светската здравствена
организација. Класификацијата на лекови се врши според различни критериуми:

- тип на токсичност - лекови со висока и ниска токсичност;

- тип на зависност - лекови кои предизвикуваат само психичка или психолошка


и физичка зависност;

- по потекло - природни и синтетички лекови;

- според влијанието на однесувањето на лекот врз човековиот организам, дрогите


се делат на: наркотици, депресанти, стимуланси, халуциногеници, кокаинот и
палета лекои кои се добиваат со обработка на конопот, односно,марихуаната

Дистрибуцијата на лековите според класификацијата направена од Дирекцијата


за контрола на лекови на ДЕА на американското Министерство за правда26

25
P.Savić: Narkomanija i kriminalitet, (magistarski rad), Novi Sad, 1978.godina, str.12.
26
P.Savić: cit.delo, str.19-20.

9
Психотропни дроги

НАРКОТИЦИ ДЕПРЕСАНТИ СТИМУЛАНСИ ХАЛУЦИНОГЕНИЦИ КАНАБИС


Опиум Барбитурати Кокаин ЛСД Марихуана
Морфиум Хлорал хидрат Амфетамин Мескалин Хашиш
Кодеин Метаквалон Феметразин Псилобицин Улје од
хашиш
Хероин Транкилизатори Метаамфетамин ДМТ -
Меперидин Други Други СТП -
депресанти стимуланси
Метадон - - Други -
халуционогеници
Табела 1 – Поделба и видови психотропни дроги

Нарркотичните лекови вбројуваат опиум, неговите деривати (морфиум, хероин) и


синтетички деривати. Опиумот е сушен млечен сок, кој се таложи на засечена
млада главица од бел афион. Најчесто се користи суров опиум, кој е во форма на
плочки или "опиумски колачи". Постојат три фази на дејство на опиумот, кога се
внесува интравенски: 1. Фаза на ударното дејствие, која се карактеризира со
телесна сензација, чувство на топлина и забрзано отчукување на срцето,
2. еуфорично-медитативна фаза, која се карактеризира со смиреност, блага
еуфорија, отсуство на болка, и интроспекција, односно, повлекување на лицето
во себе и 3.хипнотичка фаза, која се карактеризира со поспаност и желба за
одмор и спиење. Од опиумот се добива морфиум илиморфин, кој е бел прашок,
кој кога се внесува интравенски, предизвикува еуфорични ефекти проследени со
хипнотичка релаксација, мускулна релаксација, појава на анксиозност и
инхибиција. Доколку се прекине консумацијата, лицето кое го консумирало брзо
доаѓа во фаза на високо мизразена депресија, бидејќи неговото тело, без
непосредното присуство на оваа дрога, не може да произведе доволно ендорфин
и серотонин – хормони од чие лачење зависи нашето расположение.

Полусинтетичкиот дериват на морфиумот е бел прашок без мирис, кој лесно се


фалсификува со додавање на други супстанции. Тој се внесува во телото на
различни начини – со пушење, со шмркање или со интравенско инјектирање.
Зависноста од хероин доведува до убрзано социјално и морално распаѓање на

10
личноста на консумерот, а често и до ненадејна смрт, особено при интравенското
консумирање.

Слика 2 - семе од афион

Постојат три главни региони во кои, на плантажни полиња се одлгедува афион


кој содрѓи опиум – подрачјето ткн. “златен месец”, во Пакистан, Авганистан и
Иран – уште попознато како “златниот триаголник”. Плантажно одгледување на
афион има и во Лаос, Бурма, Тајланд и Мексико.

Депресантите се синтетички препарати на наркотични супстанци кои се користат


при хируршки интервенции, епилептични напади и чувство на напнатост.
Делуваат на централниот нервен систем, со различни ефекти кои се движат од
поспаност се до раздразливост.

Стимулансите го појачуваат интензитетот на физичките и менталните активности


и предизвикуваат исклучиво психичка, а не и физичка зависност. Поради тоа,
честа група која го злоупотребува нивното дејство се спортистите, а појавата е
наречена “допинг”.

Халуциногените дроги предизвикуваат изразити психолошки ефекти, визуелни


ефекти во времето и просторот, но и ефекти кај личноста. Најпознатата дрога во
оваа група е ЛСД-25, полусинтетичка дрога добиена од лисергична киселина,
која се наоѓа кај паразитите кои го напаѓаат оризот и 'ржот. Оваа дрога влијае на
промена на психата на една личност и води кон необични и неочекувани реакции
и сетилни манипулации и нарушувања. Какви ќе бидат психичките

11
манифестации и искуства, ќе зависи од количината на внесена дрога, исто така,
бидејќи има психолошки ефекти, ќе зависи и од самата личност, но и околината
има свое влијание. Оваа дрога, според статистиката, најчесто е уживана во групи,
кои предводени од поискусни наркомани и уживатели, стекнуваат чувство на
припадност на некоја повисока цел. Под влијание на оваа дрога, уживателите
доживуваат нарушувања во перцепцијата на просторот и времето, ја "слушаат"
бојата, "го гледаат" звукот, светот се доживува во течна состојба, исполнет со
чувство на ирационалност, како и брзо менување на расположението. Ефектите
на ЛСД дрогата се манифестираат со тешки психолошки нарушувања, акутни
психички реакции на паника, рекурентни психотични реакции, пролонгирани
психотични реакции, како што е шизофренијата и слично.

Слика 3 - ЛСД-картонче

Дрогите добиени од канабисот, односно, од смолата на ова растение се хашишот


и марихуаната. Се добиваат од таква врста на коноп, која се одгледува во
различни делови во светот – од марихуаната од областите во Мексико се
произведува ткн. “Canabis meicana”, додека пак од конопот одгледуван во
Индија, на пример, наречен“Canabis sativa” се произведува хашиш.
Производството на марихуана и хашиш е концентрирана главно во 4 региони:
Блискиот Исток, каде најистакнат производител е Либан, Средниот Исток, каде
се спомнуваат Авганистан, Пакистан и Иран. Од индиската област се
споменуваат Индија, Непал и Шри Ланка, додека пак во југоисточна Азија –
Тајланд, Лаос и Малезија. Најголем производител на коноп на афричкиот
континент е Мароко, додека на америчкиот – Мексико.

12
Слика 4 - лист и плод од марихуана

Процесот на производство и обработка е следниот – листот од коноп се сече, се


суши и откако е добро исушен, се мели и се пуши во облик на цигари, или пак со
луле. Исто така, како и секое друго растение, не е исклучена можноста и од
негово обработување и припремање како храна, како зачин, а најпознати рецепти
има во областа на слаткото кулинарство. Консумирањето на марихуаната е тесно
поврзано со “хипи движењето” кое настанало во 60те години во Америка, од каде
интензивно започнало да се шири меѓу младите, по школите, на универзитетите и
колеџите, а исто така силен бран завземало и со ширењето меѓу музичарите,
уметниците и авангардната сцена на Холивуд. Светската здравствена
организација во 1989 година проценила дека, на светско ниво, биле регистрирани
35 милиони активни консуматори и потрошувачи на марихуана.

Најголемиот социјален импакт, исто така проширен низ филмската индустрија и


Холивуд го има токму јужноамериканската билка наречена кока, од која се
произведува кокаин. Коката се одлгедува исклучиво во Јужна Америка, со оглед
на климатските услови потребни за нејзиниот развој. Огромните плантажи
насадени со кока се наоѓаат на падините на планината Андрау, која се наоѓа во
Боливија и Перу. Во последните години, во изразито значителните
производители на кокаин се вбројуваат Колумбија, Бразил и Еквадор. Во тој дел
на светот, постојат тајни лаборатории за добивање кокаин, особено во Колумбија.
Сепак, најголемиот потрошувачки пазар е Америка, така што најголемите канали
за криумчарење и нелегална трговија се токму меќу Колумбија и и Северна
Америка, но и спрема Европа. Порано, коката била користена како лековита
билка и стимуланс, додека пак во традицијата на древните Инки била
божанствена билка со магични и лековити својства. Меѓутоа, врз основа на

13
современи спроведени анализи, е потврден ставот дека како и секое друго опојно
средство и дрога, и кокаинот си има свои нус појави. Ефектите на кокаинот се
значително јаки и стимулативно влијаат на човековиот организам, но како и
секое друго средство, недостатокот од внесување манифестира разочараност,
депресија поради неможноста да се постигне истото темпо на функционирање на
човековиот организам без консумирање на средството со чија помош “движела
машината”.

Слика 5 - плантажа со кока

Екстрактот наречен кокаин е бел кристален прашок, кој најчесто се внесува со


шмркање. Честата и секојдневна употреба на оваа дрога доведува до изразита
психичка зависност, со тоа што, во состојба на апстиненција, можат да се
манифестираат и знаци на физичко пореметување и зависност. Последиците од
зависност се манифестираат со ментално и физичко пропаѓање на личноста,
додека пак во случај на предозираност се јавува ткн. “кокаинско лудило” и
значително зголемено лачење на адреналин. Употребата на кокаинот како дрога
потекнува многу одамна, но во современиот свет – од 19 век, кога го добила
статусот на “ексклузивна дрога” која ја консумирале личности од повисоките
друштвени и социјални кругови. Со оглед на нејзината цена, која, со оглед на
процентот на чистина на кокаинот може да допре и до 100 долари по грам,
несомнено е зошто го добила токму овој назив.

Во САД, во 80те години, се појавиле два нови вида на кокаин – крекот, кој се
добива со комбинирање на сода бикарбона и кокаин, а се манифестира со
исклучително јак прв удар во психата на личноста и предизвикува моментална

14
еуфорија и експлозија на сите сетила, и таканаречениот “free basing” кој се
добива со мешање на амонијак и кокаин.

Екстазите се синтетички добиена дрога и нова модерна лудост на современото


општество, со кој се случува вистински “хемиски рулет ” кој кај личноста
предизвикува различни емоции, од тага до необјаснива еуфорија.

Слика 6 – различни видови на екстази

Оваа дрога се појавила во 1988 година во Холандија и Белгија, каде на


концертите на таканеречената “рејв музика” се продавале како дополнителни
стимуланси за еуфоријата. Денес, целосната субкултура на младите, од
деведесетите па наваму, може да се нарече “екстази генерација”. Според
хемискиот состав, екстазата е слична со амфетаминот и мескалинот, а се
манифестира со стимулирање на менталната активност, а може да предизвика и
илузии и халуцинации. Брзо се раствора во организмот, удира директно на
централниот нервен систем како и на периферниот нервен систем (затоа се
видливи и изички манифестации на “ударот” на оваа дрога), а консумирањето на
екстази остава трајни последици во менталниот склоп на личноста и нејзиното
нормално функционирање, но и на телесното здравје. Овој дериват на
амфетаминот уште се нарекува МДМА – метилендиоксиметамфетамин.

Зависно од количината на дозата и индивидуалните особини на консуматорот, се


јавуваат психички симптоми, меќу кои доминира стравот, депресивноста, како и
визуелни и тонски манипулации и халуцинации. Токсична психоза се појавува
кај личности кои имаат предиспозиции да оболат од некои душевни болести, кои
можат да бидат пропратени со суицидални мисли и стремежи. Таблетите се
консумираат претежно на “рејв журки” кои се карактеризираат со гласна музика
и видео ефекти, кои дополнително допринесуваат за градење на вештачкиот

15
филм во главата на консуматорот, како и поради фактот што даваат неизмерна
енергија27, па допринесуваат до доброто расположение и непрестајното играње на
овие журки.

Во поглед на пшсихолошките карактеристики и психолошкиот профил на


наркоманите, Бергер (1971) констатирал дека повеќето наркомани имаат
просечна интелегенција, низок креирачки потенцијал (мрза), емоционална
рамнодушност и изразита криза на идентитет. 28

4. Борба против криминалитетот поврзан со наркоманијата

Производството, посредувањето и продавањето на дрога се кривичноправно


забранети дејствија во сите земји во светот. Но во последните години, поради
докажаното лековито својство на марихуаната, одредени нејзини деривати се
легализираат во одредени земји, до одреден степен, познати под името “лесни
дроги”.

Така, на пример, почнувајќи од 1989 година, во Холандија под поимот “лесни


дроги” се подразбираат хашишот, марихуаната, сенсемилата. Тие се продаваат
легално во кафулињата низ Амстердам. Исто така, во оваа земја, одгледувањето
на марихуаната не е забрането, а покрај тоа, постојат и “банки за семиња” за сите
врсти лесни дроги. Во октомври, 1977 година, холандскиот парламент го
поддржа и усвои предлогот на Министерството за здравје – хероинот бесплатно
да се дава на долгодишни регистрирани наркомани. Овде всушност станува збор
за еден експеримент кој има за цел да определи кои дроги би се сметале за тешки
а кои за лесни, а воедно и да се спречи продажбата и трговијата со тешки дроги.
Експериментот започнал во март, 1988 година, каде најпрво 50, а потоа и 750
долгогодишни уживатели на дрога земале учество. Слични експерименти се
забележани и во Швајцарија и Шведска и останатите скандинавски земји. Пред
неколку години, во Цирих, еден градски парк е оставен на располагање на

27
Dr S.Kostantinović-Vilić, dr V.Nikolić-Ristanović: Kriminologija, Niš, 1997.godina,
str.336-339.
28
Špedijer-Đenić: Samoubistva u Vojvodini, Institut za kriminološka i sociološka
istraživanja, Beograd, 1966.godina.

16
наркоманите за нивните потреби, а ова е знак дека самиот корен на
ресоцијализацијата и рехабилитацијата на наркоманот почива во рамките на
општеството и другите луѓе, а не само во личноста на наркоманот.

Поддржувачите на легализацијата на “лесните дроги” истакнуваат дека, на овој


начин, се сузбива криминалитетот директно поврзан со наркоманите, а самиот
факт што тие одлучиле да бидат уживатели е нивно лично право. Противниците
пак, на легализацијата на “лесните дроги” настапуваат со фактот дека овие дроги
се само влез во светот на наркоманијата и преодна фаза кон другите посериозни
тешки облици на дрога.

На меѓународен план, постои ангажирање на меѓународни организации од


супранационален карактер во борбата со наркоманијата – Фондот за контрола на
злоупотребата на аркотици при Соединетите Нации, Меѓународната полиција –
Интерпол, за забрана за производство и продажба на илегални супстанци, со
ставен акцент на поврзаноста на овој вид криминалитет со организираниот
криминал. На ова поле би ги споменала озлогласените “нарко мафии” –
Сицилијанската, “камарите” од Наполи, кинеските “тријади”, јапонските
“јакузи”, турските и пакистанските кланови, латиноамериканските злосторнички
банди, како и добро организираните мафии од Украина, Русија, Полска и Чешка.

Се поинвентивни и нови начини на криумчарење на дрога произлегуваат од


имагинацијата на дрогираниот ум. За транспорт се кроистени разни средства, од
кајчиња до авиони и воени хеликоптери. Забележани се случаи на криумчарење
хероин во џебни батеријски ламби, корици на книги, во чоколадни бонбончиња,
конзерви за храна, сирење, постави на облека, рачки од чадори, музички
инструменти и нивните футроли, во шаховски фигури, цигли за термо печки и
уште толку повеќе неоткриени начини на криумчарење.

Заклучок

Наркоманијата, како социјално патолошка појава, која, според нашето кривично


законодавство не е инкриминирана како кривично дело сама по себе, неоспорно е
според горенаведеното, дека е во тесна корелација со криминалитетот. Врската
помеѓу наркоманијата и криминалитетот може да биде посредна и непосредна.

17
Посредната условеност се огледува во фактот што голем број наркомани
потекнуваат од ткн. “криминална околина” с што стануваат склони кон
криминалитет, бидејќи бил дел од нивното секојдневие, дури и пред да станат
зависници. 29

Непосредната врска се огледува во поврзувањето на кривични дела, како што се


илегално производство, поседување, криумчарење и продавање дрога со фактот
дека овие дела се сторени или под дејство на дрога, или со цел да се дојде до неа.

Според тоа, најчестите форми на однесување на зависниците од дроги се


поврзани со набавка на дроги и контакти со трговци со луѓе кои се однесуваат
агресивно и насилно да собираат дроги. Со цел да се добијат пари за купување
дрога или дрога, зависниците од дрога вршат тешка кражба, фалсификуваат
рецепти, препродаваат дроги и така натаму. Освен тоа, отуѓувањето на нештата,
и сопствените и семејните, е едно од девијантно однесување кое претходи на
криминалното однесување.

На кривичното однесување му претходат клевета, питање и просење и


проституција. Сепак, како и во последните години, во светот беа објавени голем
број истражувачки студии за врската помеѓу зависноста од дрога и криминалот,
најголем дел од истражувањето не даде одговор на главното прашање за
интеракциите со дроги и криминал: дали злоупотребата на дрога претходи на
криминално однесување или криминалот претходи на злоупотреба на дрога. 30

Библиографија

1. ЗКП на РМ
2. Извештај за следење на ризици од корупција и организиран криминал
3. M. Antonijević i drugi: Narkomanija mladih, Beograd, Kultura, 1971.
4. L.N. Anisimov: Narkotiki, pravovoj režim meždunarodnie i unutrigosudarstvenie
problemi regulirovanija, primenia i rasprostranenia narkotičesnih i
psihotropnih veščestv, Leningrad, 1974.
5. A.N. Bakulev i F.N. Petrov: Populjarnaja medicinskaja enciklopedija, Moskva,
Sovjetskaja enciklopedija, 1965.
6. B. Bisio: Psiha i droga, Zagreb, 1977.

29
S.Petrović: Droga i ljudsko ponašanje, Dečje novine, 1989.godina, str.254.
30
Dr S.Kostantinović-Vilić, dr V.Nikolić-Ristanović: Kriminologija, Niš, 1997.godina,
str.341.

18
7. S. Stojiljković: Narkomanija kao socijalno-medicinski problem, Zbornik radova,
Galenika, 1965.
8. A. Despotović i drugi: Čovek i droga, Beograd, Sloboda, 1971.
9. P. Savić: Narkomanija i kriminalitet, Novi Sad, 1978.
10. Medicinska enciklopedija: Zagreb, Leksikografski zavod SFRJ, 1959.
11. M. Vukajlija: Leksikon stranih reči i izraza, Beograd, 1966.
12. M. Vukajlija: Leksikon stranih reči i izraza, Beograd, 1996.
13. Upoređenje i procena metoda za lečenje i rehabilitaciju ljudi koji uzimaju droge od
njihove zavisnosti i zloupotrebe-izveštaj radne grupe: Frankfurt, 1973.
14. O. Perić: Sprečavanje zloupotrebe droge na međunarodnom planu, Zbornik
Instituta za kriminološka i sociološka istraživanja, Beograd, 1975.
15. S.Petrović: Droga i ljudsko ponašanje, Dečije novine, 1989.
16. Правен лексикон: Beograd, 1964.
17. J. Ristić: Medicinski aspekti narkomanije, Zbornik radova I jugoslovenskog
simpozijuma o prevenciji i lečenju narkomana, Institut jugoslovenske i inostrane
dokumentacije zaštite na radu, Niš i Instituta za alkoholizam i narkomanije,
Beograd, 1972.
18. J. Relić: Neki aspekti narkomanije, Bezbednost, 1970.
19. Opšta enciklopedija: Laurus, Beograd, 1967.
20. V. Hudolin: Odobrena poglavlja iz psihijatrije za liječnike opće medicine, Zagreb,
Udruženje liječnika opće medicine Jugoslavije, 1974.
21. Ž. Nepot: Droge u svetu, Revne internationale de police Criminalle, 1960.
22. M. Milutinović: Kriminologija, Beograd, 1973.
23. O. Jelačić: Osnovi sudske medicine, Novi Sad, 1974.
24. D. Jevtić: Sudska psihopatologija, Medicinska knjiga, Beograd-Zagreb, 1959.
25. S. Kostantinović-Vilić, V. Nikolić-Ristanović: Kriminologija, Niš, 1997.
26. Сузбивање на криумчарењето: Lipice, Carinski pregled, 1972.
27. Meixner: Opojne droge, Bezbednost, 1970.
28. R. Šovljanski i M. Šovljanski: O otrovima i narkoticima u kriminalističkoj obradi,
Beograd, 1971.
29. Špedijer-Đenić: Samoubistva u Vojvodini, Institut za kriminologiju i sociološka
istraživanja, Beograd, 1996.

19

You might also like