Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

КРАТКОРОЧНО ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

ДНЕВЕН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН

Воспитна група: Средна 4 – 5 години / воспитувач –


РЕАЛИЗАТОР - Снежана Александровиќ / 142193 ДАТА 19.04.2024
(име и презиме/ број на индекс)

1. Стандард/и:
-Детето може да ги контролира деловите на телото;
-Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.

2. Наслов на дневната тема:


„Прошетка на пољанка“

3. Цели:
- Да се развива способноста да ги поставува телото и екстремитетите соодветно на
намерата;
- Да се подржува во јакнење на самодовербата и самопочитта.

4. Активности:

Воведен дел: Со цел да ги воведам децата во играта, да ги раздвижам и да внесам добро


расположение и интерес за вежбање, активноста ја започнувам со кратко
поздравување и запознавање и продолжуваме со разговор за пролетта. Ги поттикнувам
да размислуваат за тоа каква е природата во пролет. Разговараме дека природата се
буди, се будат цвеќињата, се будат инсектите, се е зелено, разиграно, сонцето силно
свети, се враќаат птиците преселници, се будат животните од зимски сон, пчелките
летаат од цвет на цвет и собираат сладок мед. Им објаснувам дека по вежбите за
раздвижување ќе направиме една замислена прошетка на една разиграна зелена
пољанка.

Подготвителен дел: За таа цел ги поканувам да направиме кругче и да ги направиме


основните вежби за раздвижување. Правиме неколку серии од следниве вежби :
движење на глава и врат(лево-десно, напред-назад); поткревање на рамењата и
спуштање; плескање со рацете горе над глава и зад тело; вежби за грб и р’бетен столб-
наведни се и допри ги прстите на нозете,

Главен дел: Замислуваме една група дечиња си играле на пољанка. Тие виделе
пеперутка(апликација од пеперутка)како лета, ајде и ние така да летаме. Пеперутката
застанала на едно цвеќенце(апликација од пеперутка на цвеќенце)и му рекла: добро
утро цвеќенце(клекнување и спуштање на рацете). А потоа пак летнале како
пеперутки. Едно детенце сакало да фати пеперутка и полека на прсти трчало по
пеперутката. Но на друго цвеќенце видело пчелка(апликација од пчелка на цвет) и
почнало како пчелка да лета и да зуи како неа зу, зу , зу. Летавме како пчели и
пеперутки, ајде да покажеме како летаат ластовичките, да летаме како
ластовички(апликација од ластовичка). На пољанката под едно дрво седела баба и
мотала конец(слика од баба што мота конец) - да покажеме како мотала бабата
конец(во почетокот бавно, а потоа побрзо). Конецот се скинал и бабата го врзувала –
движење само на дланките. Да пробаме дали конецот е добро врзан. Растегнете го
конецот(ги растегниуваме рацете). Одеднаш почнало да дува ветер и гранките на
дрвата се свиткувале на едната, па на другата страна(апликација/слика од дрво). Ајде
и ние да се нишаме како гранките на дрвата(со рацете кренати над главата се
нишаме). Да седнеме малку долу и да одмориме. Легнете на грб и дигнете ја едната
нога(ногата ќе ја замислиме како дрво). Со рачињата ќе се качуваме полека како на
дрво до крајот(од долу па се до прстите). Ајде сега по втор пат да пробаме. Станете
дечиња. Во пољанката имало и еден штрк кој стоел на една нога(апликација/слика од
штрк). Ајде да пробаме и ние да стоиме на една нога. Да пробаме на другата. На еден
крај од пољанката имало зајче, тоа скокало(апликација/слика од зајаче). Ајде и ние да
скокаме како зајачиња.

Завршен дел: Со цел да се смири детскиот организам, да се намалат возбудувањата и


да ги подготвиме децата за интелектуална работа седнуваме малку долу да одмориме.
Ги прашувам дали знаат како се вози велосипед. Ајде сега да возиме велосипед.
Дигнете ги двете нозе горе и возете (бавно, а потоа побрзо) – активност ја повторуваме
неколку пати. И на крај го пофалувам и им се заблагодарувам за убавата прошетка на
пољанката.
5. Место на реализација:
занимална / сала

6. Материјали и средства за реализација:


Апликации/слики од цвеќе, пчелка, пеперутка, штрк, баба , зајаче.

7. Користени стратегии за учење и подучување:


-Метод на игра; метод на опишување; метод на разговор;метод на усмено излагање;
метод на демонстрација.
- Фронтална форма на работа, индивидуална форма на работа и групна форма на
работа.

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА
Индикатори

Детето успешо ги комбинира моторичките движења;


Детето стекнува самодоверба.
Рефлексија

You might also like