Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Договор за продажба на консигнација

На ден________________ год. Во Скопје се склучи Договор за консигнација помеѓу:

1. Уметничка галерија АЛЕГОРИ, Скопје со седиште на ул.ЛАЗАР ТАНЕВ бр.31, претставувано


од страна на Јосип Јовановиќ, од една страна, понатаму наречен КОНСИГНАТОР и

2. _____________________________________со ЕМБГ____________________од __________,


со живеалиште на ул.__________________________, бр.на л.карта___________,со бр.на
трансакциска сметка___________________________,__________________________ банка
понатаму наречен ПРОДАВАЧ.

Предмет на Договорот

· ПРОДАВАЧОТ врз основ на овој Договор му предава на консигнаторот стоки од својот


асортиман кои тој сам ги изработува за продажба на консигнација.
· Стоките,предмет на овој договор остануваат во сопственост на ПРОДАВАЧОТ до плаќањето
на секоја од нив од страна на КОНСИГНАТОРОТ.
· Предавањето на стоките за продажба на консигнација се изведува со попис на предметите
кои се даваат на консигнација или протокол за примопредавање.

Права и задолженија на КОНСИГНАТОРОТ

· Консигнаторот е должен да ги продава стоките предадени од страна на ПРОДАВАЧОТ


според условите наведени во Договорот.
· КОНСИГНАТОРОТ му доставува ивештај на ПРОДАВАЧОТ за реализираните продажби на
секои 30(триесет) дена
· КОНСИГНАТОРОТ е должен да му ги предаде на ПРОДАВАЧОТ реализираните суми од
продажбите на секои 30(триесет) дена
· Сите плаќања помеѓу договорените страни задолжително се придружуваат со писмен
извештај за продадените стоки, составен од страна на КОНСИГНАТОРОТ.
· КОНСИГНАТОРОТ е должен да води грижа за предадените стоки како добар сопственик.
· КОНСИГНАТОРОТ има право доколку стоките не се продадат или нема заинтересираност
за нив да ги врати на продавачот, без никакви понатамошни обврски или задолженија за
нив
· Плаќањата ќе се извршува според роковите и условите наведени во продажбата
Права и здолженија на ПРОДАВАЧОТ

· Продавачот има право да прими определена цена за стоките продадени од страна на


КОНСИГНАТОРОТ, согласно условите наведени во Договорот
· Одговорноста за недостатоците во предадената стока се одредува согласно Законот за
облигациони односи на Р.Македонија
· Продавачот е должен да го обештети КОНСИГНАТОРОТ за сите трошоци кои се појавиле
како резултат на рекламации на клиенти на КОНСИГНАТОРОТ за недостатоци на купената
стока
· ПРОДАВАЧОТ има право да биде благовремено информиран од страна на
КОНСИГНАТОРОТ за рекламации
· Вратената стока, оштетената стока, сите недостатоци, рекламации, уништени амбалажи и
пакувања се на сметка на ПРОДАВАЧОТ

Дополнителни Услови на Договорот

· Овој Договор се склучува за времетраење од __________________, почнувајќи од датумот


на негово потпишување
· Во случај на непредвидлив карактер, секоја од страните се ослободува од одговорност за
неиполнување на обрвските назначени во овој Договор.
· Страната која се повикува на настани од виша сила(поплави, елементарни непогоди и др.)
е должна во рок од 24 часа да ја извести другата страна. Во спротивно не може да се
повикува на такви настани освен ако и самиот настан не е причина за попречување на
јавувањето.
· За нарушување на условите од овој Договор споровите се решаваат пред надлежните
судови.
· Договорот е склучен во 2 (два) еднакви примероци за секоја договорена страна по еден.

ПРОДАВАЧ КОНСИГНАТОР
_____________ ___________________
Попис на предмети кои се дел од договорот за консигнација:

1._____________________________________________________________________________

2._____________________________________________________________________________

3._____________________________________________________________________________

4._____________________________________________________________________________

5._____________________________________________________________________________

6._____________________________________________________________________________

7._____________________________________________________________________________

8._____________________________________________________________________________

9._____________________________________________________________________________

10.____________________________________________________________________________

Забелешка:

You might also like