Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ЧЕТВРТА ГЛАВА

Нова концепција за борба


Димитар Димески истакнува дека е можно, Гоце и Ѓорче Петров да имале постигнат
договор за бојкотирање на Солунскиот конгрес. Главни носители на востаничката линија
биле Иван Гарванов и Димитар Мирчев, поранешни дејци на Бугарското тајно
револуционерно братство. Гоце не можел да најде заеднички јазик со нив. Меѓу
другото, Димески истакнува дека Гоце застанал на чело на антивостаничката струја во
македонското револуционерно националноослободително движење.

Гоце бил убеден дека битката треба да се извојува внатре, во Македонија, преку
преточување на новата концепција за борба. Најдобро тоа можел да го стори со
серските револуционери, кои просто ги голтале неговите идеи. На 20 јануари 1903
година Гоце се упатил кон нив, па ако се изземе краткотрајната солунска епизода, тој
останал со нив сè до својата смрт. Во Серскиот револуционерен округ постоеле силни
цврсти столбови за Гоцевиот курс, како Јане Сандански, Таската Серски, Димитар
Гуштанов и др.

Веста за солунското решение, Гоце го примил во Неврокопско, коешто било насетувано,


го изненадило како зимска грмотевица. Веднаш потоа, Гоце се договорил со Јане
Сандански, Гуштанов и Пејо Јаворов, да вложат најголеми напори за отфрлање на
солунското решение. За таа цел било одржано февруарското советување на Серскиот
округ во селото Караќој, на тромеѓата помеѓу Серско, Демирхисарско и Неврокопско,
при што Гоце добил целосна политичка поддршка за својата концепција.

Гоце извесно време престојувал во пештерата Капе на Али Ботуш. Во ова време Гоце
фанатично се стремел да ги покаже предностите на новиот стил на борба пред едно
можно востание. Тој имал на располагање четири товари на распрснувачки материјал.
Дел од овој материјал бил искористен за еднонеделна обука на серските чети во
пештерата Капе на Али Ботуш. Делчев во почетокот сакал да го разнесе мостот на
Струма во Демирхисарско, но тој бил добро обезбедуван и затоа заминал за Драмско
каде на 18/19 март бил разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била
прекината железничката линија и две телеграфски линии. Делчев му пишал на Пејо
Јаворов сета акција во весникот Слобода или смрт да ја прикаже како дело на
Организацијата, а не како на чета. Овој став на Делчев не претставувал скромност, туку
желба за промовирање на новата тактика од името на целата Организација.
Последна средба со Даме Груев
Особено значење имала средбата меѓу срцето и волјата на револуционерна
Македонија. Средбата помеѓу Гоце и Даме била одржана во предвечерјето на
Солунските атентати. Оваа нивна последна средба била мошне исцрпна. Даме за оваа
средба оставил скржави зборови: Дојде Делчев во Солун. Правеше приговори. Главно
наоѓаше дека Серскиот санџак е наполно лишен од оружје. Ние го утешивме со
ветување дека ќе се достави потребното, Делчев се успокои. Дополнително светло за
оваа средба фрла Лазар Димитров кој бил единствената опозиција на Конгресот кога
била донесена одлуката за востание. Тој вели дека лично го информирал Делчев дека
тој и Даме постигнале согласност по прашањето на востанието, да започне кон крајот на
летото и да не биде масовно, односно да има четничко-партизански карактер.

Априлската средба ги разбила Гоцевите илузии за ревизија на солунското решение. Во


Солун, Гоце се сретнал и со гемиџии, но не успеал да ги убеди да ги одложат акциите за
подоцна. Гоце имал посебна слабост кон нив. Своевремено им донирал 5.000 лева од
мисстонките. Но тие не го послушале Гоце. По неговото напуштање на Солун, одекнале
Солунските атентати.

You might also like