брод

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Брод (пловило)

Бродови — без разлика дали танкери или едноставни вдлабнати кануа, отсекогаш имале
голема улога во превозот на луѓе и стока. Повеќе од илјада години трговијата се одвива со
помош на бродовите.

Историја[уреди | уреди извор]

-Околу 3500 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови користејќи папирус.
- Околу 2450 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови од дрвени даски и нив ги
управувале околу 30 веслачи.
- Меѓу 500 и 323 година п.н.е. - доба на триери (стар хеленски воен брод кој се движи со
помош на весла и кој има статуа од бронзен овен на предната страна со чија помош ги
уништува непријателските бродови).
- 400-1200 година п.н.е. викинските дракари владеат со европските мориња.
- 1000 година Викинзите стигнуваат до копното на Северна Америка.
- Околу 1240 година започнува да се користи средно кормило.
- 1486 Бартоломео Дијас се обидува да ја заобиколи Африка и да пронајде нов поморски пат
до Индија. Не успева во тоа и стигнува само до ’ртот Добра Надеж.
- 1492 година Кристофер Колумбо обидувајќи се да најде нов поморски пат до Индија стигнува
до Средна Америка. Мислејќи дека стигнал до Индија домородците ги нарекува Индијанци.
- 1492 година Васко де Гама наоѓа нов поморски пат до Индија.
- 1501 - 1502 Америго Веспучи докажува дека континентот што го пронашол Колумбо е нов
континент и според него го нарекуваат Америка.
- 1519 - 1522 Фернандо Магелан го обиколува светот по морски пат.
- 1700 година - појава на бродови со кормило.
- 1850 - 1959 златна доба на клипери (брзи едреници).
- 1968 - 1969 прво едрење околу светот.

Видови бродови[уреди | уреди извор]

Патнички
- Линиски брод
- Траект
- Хидроглисер
- Брод со точак на крмата
- Лебдилица

Трговски

- Танкер
- Контењерски брод
- Клипер
- Трампер

Спортски и рекреациони
- Тркачки чамец
- Глисер
- Парен чамец
- Млазен скутер
- Чамец со весла
- Кајак
- Сплав

Рибарски

Воени

- Носач на авиони
- Крстарица
- Разурнувач
- Фрегата
- Миноловец

Специјални

- Полициски чамец
- Пловен багер
- Спасувачки чамец
- Метеоролошки чамец
- Светилник
- Кршач на ледови
- Подморница

Бродоломи и несреќи[уреди | уреди извор]

- 1588 година - Шпанската Армада


- 1872 година - Мари Целеста
- 1912 година - Титаник
- 1915 година - Луситања
- 1963 година - Дона Паз
- 1972 година - Квин Елизабет
- 1978 година - Амоко Кадис

Бродот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]


Бродови во охридското пристаниште

Бродот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

 „Како кога два брода“ — песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013
година.[1]

 „Бродови“ — кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под


псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.[2]

 „Најубав брод“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]

 „Црвените едра“ — новела на рускиот писател Александар Грин.[4]

 „Брод“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[5]

 „Бродолом“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[6]

 „Бродолом“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[7]

 „Пијаниот брод“ — песна на францускиот поет Артур Рембо.[8]

 „Седум брода“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[9]

 „Бродот Куманово“ — краток расказ на македонската писателка Оливера


Ќорвезироска од 2021 година.[10]

Бродот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

 „Параходот ми пристигна“ — македонска народна песна.[11]

 „Пинта, Нина, Санта Марија (Кон вечноста)“ (англиски: Pinta, Nina, Santa Maria (Into
Eternity)) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година.[12]

 „Кога пристига бродот“ (англиски: When The Ship Comes In) — песна на американскиот
рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[13]

 „Кристален брод“ (англиски: The Crystal Ship) - песна на американската рок-


група Дорс (The Doors) од 1967 година.[14]

 „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на Дорс од 1970 година.[15]

 „Дрвени бродови“ (англиски: Wooden Ships) - песна на американската фолк-рок


група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[16]

 „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на американскиот рок-музичар Џон


Кејл (John Cale) од 1974 година.[17]
 „Брод на слободата“ (англиски: Liberty Ship) — песна на британската рок-група The
La's од 1990 година.[18]

 „Брод на смртта“ (англиски: Death Ship) - песна на австралиската рок-група Худу


Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[19]

You might also like