н е р е з и к у р б и н о в о к о м н е н и

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 7

КОМНЕНСКИ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНИЈА

Свети Пантелејмон, Нерези, Скопје (подигната и фрескоживописана 1164)


ктитор/донатор - византискиот принц Алексеј Комнен

Архитектура
Свети Пантелејмон е скромна и мала црква, со основа (фото горе, десно) на впишан
грчки крст во квадратна основа и со аголни простории над кои се наоѓаат 4 помали
куполи и една централна поголема купола. што ја прави петокуполна црква. Нејзиниот
дизајн со пет куполи ја одекнува формата на дел од црквите во византиската
престолнина Константинопол одраз на врските на Нерези со главниот град и царското
семејство.
Како и повеќето византиски цркви, и Свети Пантелејмон е поделена на три главни
дела, украсени со фрески.
нартексот на западниот дел од црквата, кој функционира како влезно предворје,
наосот - главниот дел на црквата – каде верниците присуствувале на црковните
богослужби;
и светилиштето, каде што се наоѓа олтарот и каде што свештенството ги водело
богослужбите
Фрескоживопис
Византија е добро позната по своите светкави, златни мозаици. Но, средновековните
уметници од Византија исто така биле вешти во техниката на ѕидно сликарство
позната како фрескосликарство: помалку скап медиум од мозаиците во кои
уметниците нанесувале пигменти на влажен малтер, така што сликата станала врзана
за самиот ѕид. Малата црква лоцирана во селото Горно Нерези во Скопје има сочувано
некои од најдобрите примери на фрескосликарството од комненскиот период на
византиската уметност. Наречен комненски по владеењето на династијата Комнени.
Фрески
Во наосот и олтарот се зачувани голем дел од оригиналните фрески од дванаесеттиот
век. Наместо типичната златна позадина тука позадината на фреските е со сина боја.
Фигурите во Нерези се витки и често издолжени. Сликарите на Нерези многу
користеле линии за да ги дефинираат границите на облиците, моделните форми и да
ги прикажат емоциите во индивидуализираните лица на многу од фигурите на Нерези.
Ова издолжување на фигурите и повторување на линиите создава чувство на визуелни
ритми и движење и претставувало белег на византиското сликарство за време на
Комненскиот период.
Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на двајцата
главни мајстори. Тие се разликуваат помеѓу себе не толку само спорèд цртежот колку
и според колоритот. Некои сметаат дека живописот го работеле неколкумина мајстори
(четворица или петмина) и дека главниот мајстор е повиканиот мајстор кој дошол од
Цариград. Неговата рака го извела живописот на најодговорните и најосветлените
делови во црквата, а на тој дел му припаѓаат и најзначајните досега сочувани
композиции:Сретение, Симнување од крстот, Оплакување Христово и тн.
Високиот квалитет на живописот на Нерези и сличностите со другите уметнички дела
од Византија ги донело до заклучок многу научници дека сликарите на црквата
потекнуваат од византискиот главен град Константинопол, главниот центар на
уметничко покровителство и производство. Фреските на Нерези се особено вредни
бидејќи од овој период не преживеале насликани црковни програми од Цариград
(голем дел од црковната уметност во Цариград била уништена по османлиското
освојување на градот во 1453 година).
Наосот
Како што било вообичаено и во
Нерези во првата зона се
прикажани портрети на светци
со целосна должина, скоро во
природна големина, на ниво на
подот, а над нив има наративни
сцени од животот на Христос и
Богородица.
Епископите во Нерези (фото
лево) се појавуваат во три четвртини и прикажани се во подинамична поза,
иновативен пристап во тој момент. Наместо затворени книги, епископите во Нерези
држат разоткриени свитоци (или „ролни“) кои покажуваат молитви.
Во источниот дел на црквата, на челната страна, во посебни камени рамки украсени
со орнамент од преплет на лозница со широки листови и стилизирани пауни, се
насликани од едната страна патронот на црквата Св. Пантелејмон (фото горе лево), а
од другата Св. Богородица со малиот Христос в раце. Св. Пантелејмон е претставен
како висок, нежен и облагороден младич, кој во десната рака држи скалпел, а во
левата кутија со лекарски инструменти. Овие фигури со своите камени декоративни
рамки сочинуваат една целина со камениот иконостас (фото горе, десно).

Сретение Господово (фото горе лево) - овој наративен циклус се наоѓа во наосот, во
втората зона, над светците. Тука се прикажани, (по редослед) пророчица Ана, Марија,
табернакул, пророк Симеон и Јосиф. Наративот е Марија и Јосиф го носат
новородениот Исус во храм, а пророците Симеон и Ана го идентификуваат како
Месија/Спасител. Уметниците во оваа сцена ја насликале внатрешноста на храмот
како христијанска црква со олтар, табернакул и мермерни плочи од страна на нозете
на Симеон (фото горе десно) - мермерните плочи била популарна техника која
оставала впечаток на отворена книга, исти вакви се наоѓаат во Аја Софија, VI век, во
време на Јустинијан.

Симнување од крстот (фото горе)


Христовите следбеници жалат за неговата смрт. Оваа фреска е насликана на северната
страна од наосот. Во оваа композиција следбениците на Христос го симнуваат
неговото тело од крстот. Централната фигура, човекот со бела брада и коса, кој стои на
скалилото, гледа во гледачот/верникот со пробивен поглед од центарот на сцената,
како да го повикува да се инволвира во дејството и во она што следи, а тоа е
Оплакувањето на Христос.

Наративот продолжува со Тренос, или Оплакување Христово (фото горе), кој се наоѓа
веднаш до Симнување од крстот. Мртвиот Христос сега лежи на земја, но сè уште не е
ставен во гробот (што се појавува на левата страна на сликата). Христовите
следбеници ја оплакуваат неговата смрт. Линиите со кои зографот/сликарот ја
исцртува нивната тага создава емотивни изрази кои изостануваат во византиската
уметност. Богородица го опфаќа својот мртов син во скутот, можеби присетувајќи се
како го носела во храмот на Сретение Господово, сцената која се наоѓа на спротивниот
ѕид. Се дотогаш не е прикажана ваква длабока емоција каде Богородица е прикажана
како мајка која го оплакува својот син.
Христовата рака во центарот на сцената ја држи младолико момче (Јован евангелист).
Неговото свиткано тело создава огромни контури кои ги придвижуваат погледите на
гледачот кон мртвиот Христос и неговата мајка. Останатите оплакувачи се поставени
пред Христовите нозе, а ангелите кои се појавуваат на небото горе, ја одекнуваат
тагата на Христовите следбеници подолу. Овие човечки и ангелски фигури
прикажуваат низа емоции и гестови на жалење, дотогаш не прикажани, што сигурно
имало за цел да го „покани“ тогашниот верник емоционално да се инволвира и
вовлече во оплакувањето и да биде дел од оваа сцена.
Оваа сцена, нејзиниот натуралистички амбиент и акцентот на емоциите, всушност ги
предвидува случувањата, кои ќе се случат 100 години подоцна во Италија како
почеток на ренесансата.

Линк Гугл мапа-Св. Пантелејмон Нерези


h ps://www.google.com/maps/@41.9768565,21.3744898,3a,53.2y,104.24h,101.76t/data=!3m7!
1e1!3m5!1sAF1QipNO4ZbnXAgUduky0Zjrcc HFCzVhU18cjjAJvl!2e10!3e12!7i8704!8i4352
СВ. ЃОРЃИ, Курбиново
Друг претставник на ремек дело фрескоживопис на комненскиот стил, се наоѓа во
црквата Св. Ѓорѓи во с. Курбиново крај Преспа од 1191 година.

Фрескоживописот во црквата Свети Ѓорѓи, Курбиново, претставува оригинално и


уникатно уметничко мајсторство во времето на Комнените, кои владееле со
Византиската империја. Црквата Свети Ѓорѓи од Курбиново е исклучително
сведоштво за византиската уметност. Фрескоживописот во оваа црква е едно од
ретките сведоштва за византискиот стил на Комнен. Во оваа мала, скромна по изглед,
еднокорабна селска црква, работеле зографи во тајфа (група) како и во повеќето
цркви. Курбиново истотака претставува врв на комненскиот стил во Македонија, со
присутни провинциски одлики во одредени композиции.

Внатрешноста на црквата веројатно била украсена од карактеристична локална школа


на сликари. Нивните фрески се меѓу водечките дела на византиската уметност и
даваат извонреден пример за византиско сликарство. Иако станува збор за зографи кои
останале анонимни, тие провинциски одлики укажуваат дека станува збор за локални
зографи, кои ги надминуваат или отстапуваат од византиските канони/закони во
сликарството. Фреските во наосот и светилиштето се карактеризираат со уметничката
слобода на мајсторите и оваа слобода се рефлектира во голем број новини во однос на
обработката на телата, кои се издолжени, витки и зрачат со елеганција, мускулатурни,
со нагласени раменици, колкови и коленици што отстапува од византиската строга
церемонијална достоинственост. Насликани со мошне компликуваните драперии, кои
дури се прозрачни, со барокна разиграност како да лебдеат на ветар, карактеристика
за ова мошне значајно сликарство. Тој има суптилно чувство за ритам на движењата.
Движењата се лесни, лицата полни со жива изразност, на кои се гледа реализам во
страничното стрчење на веѓната аркада, слаби образи, нагласени јаболчници, широки
ноздри, а најкарактеристично е благото скршување на носната коска кон профилот,
што е реткост во зографисувањето.
Главниот зограф ни ја дава вешто убавината и елеганцијата на обликот.
Фрески од Курбиново кои се извишуваат по својот квалитет и особеност се
Благовештение, фреските во олтарот и др. кои се вбројуваат во највредните дела, што
византиското фрескосликарство ни ги оставило во наследство воопшто.

Фрескоживописот е поделен на три насликани зони, освен во западниот ѕид каде се


четири. Во првата зона се насликани поединечни претстави на светители во целосен
раст, во втората циклусот на Големи празници, а во третата пророци.

Фреска „Благовештение“- Архангел Гаврил (лево) и Богородица (десно) (сцена во која


Арханīел Гаврил и īи соо ш ува вес и е gека ќе īо роgи Божјио син Исус)

сл. лево-Симнување на
Христос во адот (пеколот)
(северен ѕид)
Фрески на западниот ѕид

Сè до крајот на 13 век во македонскиот живопис доминира комненскиот стил.


Фреските во Нерези се сметаат за најсупериорни, но во исто време би можеле да се
постават и фреските од Курбиново кои се извишуваат над сите, една од нив е фреската
Благовештение.

Овие фрески се вбројуваат во највредните дела, што византиското фрескосликарство


ни ги оставило во наследство воопшто.

You might also like