Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

НОВ ЛЕК ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ - ДЕМЕНЦИЈА,

"ЛЕКАНЕМАБ" - ЗНАЧАЈНО ОТКРИТИЕ ТВРДАТ ЛЕКАРИТЕ


И ГОЛЕМА НАДЕЖ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА АЛЦХАЈМЕРОВА
БОЛЕСТ
- МОЛЕКУЛАРНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ПОЈАВА НА АЛЦХАЈМЕРОВА
БОЛЕСТ

Уште Д-р Alois Alzheimer германскиот невро-патолог 1907год ги


опишал микроскопските мали лезии, т.н. сенилни плаки (Бета
Амилоид) и неврофибриларните клопчиња НФТ на
хистопатолошките препарати на средишниот темпорален лобус и
кортексот на мозочното ткиво кај својата прва пациентка Аugsta
D 52 години.Тие промени заедно со дегенерацијата на нервните
клетки и синапсите се карактеристични за пост мортални наоди
кај заболени од АБ.

Различни патолошки механизми кои би можеле да бидат


причина за таквите промени биле предмет на првите
истражувања.Агрегацијата на Амилоид - Б пептидот (АБ) и
неговото таложење во форма на плаки - хиперфосфорилација на
протеинот TAУ кој резултира со појава на акумулирани
неврофибриларни клопчиња.

Хипотезата на амилоидната каскада се смета за мошне веројатен


механизам за настанување на Алцхајмеровата болест.Оваа
хипотеза претпоставува дека пептидот на амилоид Б (АБ) има
централна улога во патогенезата на Алцхајмерова болест.

Во средината на 80тите години од 20ти век научниците успеале


да ја откријат секвенцата на амино киселини на пептидот АБ која
ја изолирале од плаките.Наскоро е и клониран и ген за
прекусорниот протеин Амилоид - Б (АПП) кого го кодира
трансмембранскиот протеин АПП од кои се добива пептидот
АБ.Изменетото процесирање на протеинот АПП од аспект на
зголемување на пептидот АБ се смета за главен иницијатор за
појава на Алцхајмерова болест.

Во нормални услови пептидот АБ се разградува и одстранува од


мозочните клетки.Денес помеѓу научниците преовладува
хипотезата дека токму нерамнотежата помеѓу продукција и
разградување (отстранување) на АБ пептидот во мозокот е
примарен настан кој на крајот доведува до невродегенерација,
умирање на невроните и појава на Алцхајмерова болест.

Лекот “Лекаменаб“ е антитело како и другите антитела прави се


да го извести имунолошкиот систем да го отстрани патолошкиот
амилоид од мозокот.Засега ова е најголемото откритие за
пронаоѓањето на ефикасен лек за Алцхајмерова болест.Бета -
Амилоид е протеин кој се таложи помеѓу нервните клетки
(неврони). Во текот на испитувањата 1.795 доброволци во раната
фаза на болеста добивале инекција на лекот на секои 2
недели.Резултатите претставени на конференција во Сан
Франциско објавени во весникот за медицината NEW ENGLAND
дека лекот сеуште не е чудотворен меѓутоа лекот го забавил
напредокот на болеста за четвртина во текот на 18 месечно
тестирање.Водечки светски невролози како професорката Spires -
Johns истакнува дека е добро да се продолжи со
истражувањата.Развитокот на болеста се забавува и може да
обезбеди додатни 19 месеци на животот.Лекот треба да се дава
во почетни фази на болеста додека не дошло до големо
оштетување на мозокот.

Докторката Elizabeth Cultart која лекува пациенти во болничкиот


центар во северен Бристол, кажува дека луѓе во просек може да
живеат уште 6 години доколку имаат благо когнитивно
оштеутвање на мозочното ткиво.Дефинитивна дијагноза на
Алцхајмерова болест - деменција е ХИСТОПАТОЛОШКА.

Д-р Илијевски Драгиша Специјалист Невролог Претседател на


здружение за Алцхајмерова болест Македонија

You might also like