Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 22

V I I

Интроекција
ЕКСПЕРИМЕНТ 15: Интроектирање и Јадење

При справувањето со интроектите ние повторно ќе ги користиме


техниката на концентрација и развивање кои ги користевме кај
ретрофлексијата, но постои една значајна разлика во процедурата. Кај
ретрофлексијата, и ретрофлективниот акт и однесувањето кое ја држи
личноста во шах позиција се делови од самата личност, и тоа што мора
да се направи е најнапред да се прифатат овие два дела и да се направи
идентификација со нив а потоа да се најде една нова интеграција во
која и двата дела ќе можат отворено да се изразуваат. Интроектот пак,
се состои од материјал – начин на однесување, чувствување,
проценување – кој сте го присвоиле во вашиот систем на однесувања,
но кој не сте го асимилирале на таков начин за да постане автентичен
дел од вашиот организам. Сте го примиле на база на присилно
прифаќање, присилна (а со тоа и лажна) идентификација, така што, и
покрај тоа што вие ќе се спротивставите на неговото отстранување како
да се работи за нешто скапоцено, сепак тоа е страно тело.
Физичката храна која е соодветно сварена и асимилирана, станува
дел од организмот; но храната која „е тешка за стомакот“ е интроект.
Свеснисте за тоа и сакате да го повратите. Ако го направите тоа, ќе го
„извадите надвор од вашиот систем“. Да претпоставиме дека, напротив,
вие сте го потиснале непријатното чувство, гадењето и тенденцијата да
го исплукате надвор. Тогаш или ќе го „задржите“ и некако ќе успеете
преку непријатна дигестија да го сварите или тоа ќе ве отруе.
Кога не се работи за физичка храна туку за концепти, „факти“ или
стандарди на однесување, ситуацијата е иста. Една теорија која сте ја
совладале – свариле во детаљи така што ја чувствувате како своја –
можете да ја користите флексибилно и ефикасно бидејќи таа станала
ваша „втора природа“. Но некои „лекции“ кои целосно сте ги
проголтале без разбирање – на пример, „ние сме авторитет“ – и сега ги
користите „како да“ се ваши, тоа се интроекти. Иако сте ја поттиснале
првичната збунетост во однос на она што е принудно во вас, вие не
можете вистински да го искористите ваквото знаење и, како што ја
1
преполнувате вашата личност со заплеткани делчиња од сè и сешто,
така ја намалувате вашата способност да размислувате и да дејствувате
според вас лично.
Во оваа точка ние не се согласуваме со Фројд. Тој настојуваше
дека некои интроекции се здрави; на пример, моделите и имитациите
кои го овозможуваат развојот на личноста кај детето – особено
интроектирањето на родителите кои се полни со љубов. Во однос на
ова тој очигледно е дека не успева да направи разлика помеѓу
интроекција и асимилација. Тоа што е асимилирано не е земено здраво
за готово, туку најнапред е комплетно разрушено (де-структурирано) а
потоа трансформирано – и селективно апсорбирано во согласност со
потребите на организмот. Што и да добие детето од неговите родители
кои се полни со љубов, тоа ќе го асимилира, бидејќи тоа му одговара и е
соодветно на неговите лични потреби во текот на неговиот развој.
Родителите пак кои се полни со омраза мора да бидат интроектирани,
да бидат целосно проголтани, иако тоа е во спротивност со потребите
на организмот. Заедно со ова оди и ‘гладувањето’ на детето во однос на
неговите лични потреби како и поттиснувањето на отпорот и гадењето.
„Јас“ кое е составено од интроекти не функционира спонтано, бидејќи е
составено од концепти за селфот – обврски, стандарди, и погледи на
„човековата природа“ кои се наметнати од надвор.
Кога би можеле да ја разберете потребата од агресивно,
деструктивно и реконструктивно однесување во однос на било кое
искуство како би можеле вистински да го доживеете, тогаш би можеле
да ја увидите потребата која претходно ја спомнавме за високо
вреднување на агресивноста а не слаткоречиво да ја прогласиме за
„анти-социјална“ – врз основа на некој интроект. Вообичаено, зборот
„социјално“ се користи во смисла дека постои добра воља за
интроектирање на нормите, кодексот и институциите кои се страни на
човековите здрави интереси и потреби, во процесот на губење на
вистинското заедништво и способноста да се искуси вистинско
задоволство.
При елиминирањето на интроектите од вашата личност нема
потешкотии како кај ретрофлексијата, да се прифатат и да се
интегрираат дисоцираните делови од вас. Повеќе би се рекло, да се
стане свесен за она што не е вистински ваше, да се стекне селективен и
критички однос кон она што ви се нуди, и пред сè, да се развие
способноста „да се загриза“ и „да се џвака“ за да можат да се
искористат хранливите вредности.

2
За го објасниме подобро процесот на интроекција, може да ги
разгледаме најраните години од животот. Фетусот е во комплетна
конфлуенција со мајката, која го обезбедува со кислород, храна и сè
останато. По раѓањето, новороденчето мора самото да се снабдува со
кислород и да започне сетилно да ја диференцира околината, но
неговата храна, иако сега е повремено достапна, сè уште ја добива
целосно подготвена за дигестија. Сè што е потребно да направи е да
цица и да голта. Ваквата течна храна е еквивалент на целосната
интроекција, бидејќи материјалот цел се голта. Но ова е соодветно за
пре-денталната, орална фаза.
Во следната фаза на орален развој – гризање и џвакање –
новороденчето станува поактивно во однос на храната. Тоа почнува да
селектира, присвојува и да го менува до одреден степен она што му го
нуди околината. Со растењето на секачите тоа преоѓа од фаза на
цицање во фаза на „гризање“. Бебето почнува да прави разлика дека
пупката на градата не е за гризање туку за цицање, но од останатиот
дел од храната која ја добива, иако е делумно обработена, може да
одгризува парчиња. Со никнењето на катниците, тоа преоѓа во фаза на
џвакање која е од огромно значење, бидејќи дозволува целосно
разложување на храната. Наместо да го прифати тоа што му е дадено и
некритично да го интроектира, со „џвакањето“ го обработува тоа што
го добива од околината и ја обезбедува неговата асимилација. Врз
основа на ваквата способност комбинирана со речиси комплетно
развиената сензорна дискриминација и перцепција на објектите, детето
почнува да зборува и го започнува процесот на формирањето на
неговото „јас“.
Процесот на одвикнување – терање на детето да се откаже од
цицањето – секогаш се смета за тежок и трауматичен. Но многу е
веројатно дека ако претходно немало гладување и пропусти во
афективната сфера (тоа значи да немало премногу прекинувања,
дисторзии или недовршени аспекти на претходните фази), тогаш детето
ќе биде спремно и желно ќе сака да ги вежба неговите ново развиени
моќи како и да ја остави зад себе интроективната конфлуенција.
Трагично е тоа што оваа нормална секвенца од развојот речиси
никогаш не се случува во нашето општество – затоа постои несовршено
гризање и џвакање од самиот почеток – и токму ова ги води Фројд и
другите да ја толкуваат „парцијалната интроекција“ како нормална и
дека е нормално голтањето на слабо изџваканите залчиња од сè и
сешто.

3
Преку гризањето, џвакањето и движењето како многу важна
функција, детето располага со главните видови на агресија, истите се
под негова контрола и го помагаат неговиот развој. Очигледно е дека
ваквата агресивност не е „анти-социјална“ иако тие се самата антитеза
на пасивната конфлуенција. Но, доколу овие биолошки активности не
се користат во развојна насока – како на пример иницијативност,
селекција, надминување на препреки, искористување на приликите,
разложување на нешто со цел да се асимилира – тогаш вишокот на
енергија се празни како поместена агресија – доминација,
иритабилност, садизам, алчност за моќ, самоубиство, убиство, и
нивниот најголем еквивалент, тоа е војната! Во тој случај, организмот
не се развива со постојано креативно прилагодување кон околината –
со оглед на тоа дека „јас“ е систем на извршни функции кои се
однесуваат на ориентацијата и манипулацијата. Наместо тоа,
организмот е оптоварен со „јас“ кое претставува збирна колекција на
неасимилирани интроекти – особини и квалитети превземени од
„авторитетите“ кои не може да ги поднесе, релации кои не ги загризал и
соџвакал, знаење кое не го разбира, фиксацијата на цицање која не
може да ја разреши, гадење од кое не може да се ослободи.
Кога, преку преобраќање на ретрофлексиите, ќе се ослободи
одредена количина на агресивна енергија која до сега била насочена
кон селфот како жртва, истата може да се искористи за гризање и
џвакање на психолошката храна и нејзината копија: проблеми со кои
мора да се соочите, фиксации кои мораат да бидат разрешени, концепти
на „Јас“ кои мораат да бидат уништени. Тоа е главната намера во
експериментите кои следат, но исто како претходно при работењето со
мускулните контракции, морате полека да одите и да не се присилувате
себеси бидејќи во спротивно ќе бидете разочарани и обесхрабрени.
Главните отпори за кои ќе станете свесни ќе бидат нетрпението и
алчноста, кои се совршено нормални за фазата на голтање, но не и за
позрелата диференцирачка фаза на селекција, одгризување и
преживање. Бидете задоволни најнапред со развојот на свесноста. Ќе
постигнете многу кога, преку концентрирањето на вашиот начин на
јадење, ќе научите да правите разлика помеѓу течната храна која може
да е најсоодветно да биде испиена и цврстата храна која не може
адекватно да се обработи доколку само биде проголтана.
Концентрирајте се на начинот на кој јадете без да читате нешто
или да „размислувате“. Едноставно само насочете се кон вашето тело.
Оброците за нас најчесто се социјални пригоди. Примитивниот човек

4
сам оди да јаде. Следете го неговиот пример така што ќе одредите еден
оброк во денот кој ќе го јадете без присуство на други, и при тоа ќе
учите како да јадете. Ова може да потрае и два месеци, но потоа, ќе се
стекнете со осет за нови вкусови, нови извори на задоволство и нема да
се враќате на старите навики. Ако сте нетрпеливи, ова ќе ви се чини
дека премногу долго трае. Ќе сакате да има магични ефекти, брзи
резултати без многу напор. Но, за да се ослободите од вашите
интроекти, вие лично мора да го направите уништувањето а потоа и
реинтеграцијата.
Забележете ги вашите отпори кои се однесуваат на храната. Дали
ги вкусувате само првите неколку залаци и потоа паѓате во транс на
„размислување“, мечтаење, или разговор – а во меѓувреме го губите
контактот со вкусот? Дали одгризувате залаци од храната со јасна и
ефикасна активност на предните заби? Со други зборови, дали
одгризувате парчиња од хамбургерот кој го држите во рака, или само ги
соединувате вилиците и потоа откинувате едно парче? Дали некогаш ги
користите вашите катници до степен на комплетна деструкција на
храната и нејзино претворање во течна состојба? Само забележете што
правите, што и да е тоа, без при тоа намерно да менувате нешто. Многу
промени ќе се случат спонтано доколку го одржите контактот со
храната.
Додека јадете со свесност, дали чувствувате алчност? Нетрпение?
Гадење? Дали ја обвинувате брзината и метежот на модерното време за
тоа што само ја голтате храната? Дали е тоа поразлично кога имате
слободен ден? Дали ја избегнувате храната која е еднолична и без вкус,
или едноставно ја голтате без противење? Дали доживувате
„симфонија“ на вкусови и текстури од храна, или толку сте се
десензитизирале така што речиси сè е некако исто?
Кога не станува збор за физичка туку за „ментална“храна, како
стојат работите? Поставете си ги истите прашања со посебен осврт, на
пример, на вашето восприемање на печатената страница. Дали ги
прескокнувате потешките параграфи или ги обработувате? Дали барате
само убави и лесни теми – измислени приказни – кои можете да ги
проголтате без многу заморување? Или се принудувате себеси да
читате само „тешка“ литература, иако добивате малку задоволство од
вложениот напор?
Што се случува со визуелното восприемање на филмовите? Дали
паѓате во некој вид на транс и ги голтате сцените? Проучувајте го ова
како пример за конфлуенција.

5
Во истот контекст може да го разгледаме алкохолизмот кој, иако е
многу комплициран и со многу последици (вклучувајќи и соматски
промени), е поврзан со оралниот незавршен развој. Ниту еден лек нема
долготрајни ефекти ниту пак може да биде нешто повеќе од
поттиснување освен ако алкохоличарот („возрасно“ цицалче)
прогресира до фаза на гризање и џвакање. Во основа, пијаницата сака
да ја испие својата околина – да биде во конфлуенција без да ја
почувствува возбудата од контактот, уништувањето и асимилацијата
(бидејќи тоа за него е болно напрегање). Тој е бебе кое се храни со
шише, тој е само голтач кој не е подготвен да зема цврста храна и да ја
џвака. Ова се однесува и на цврстата храна и на поголемиот дел од
проблемите кои ги има во неговите животни ситуации. Тој сака
хранливите состојки да бидат во течна форма, претходно подготвени, за
да може само да ги испие.
Во друштво, тој сака веднаш да влезе во конфлуенција и да го
прескокне подготвителниот контакт со другата личност. Познаникот
моментално станува пријател за него, на кој може „да му го отвори
срцето“. Тој ги занемарува оние делови од неговата личност кои би
практикувале дискриминација; и тогаш, врз основа на овие наводно
длабоки и искрени, а всушност многу површни социјални контакти, тој
нетрпеливо поставува екстравагантни барања.
Исто толку некритично, тој ги прима социјалните осудувања и ги
прифаќа како да доаѓаат лично од него, бидејќи во себе има силна само-
агресивна совест. Тој може да ја замолчи оваа совест давејќи ја во
алкохол, но кога ќе се отрезни, неговата осветољубивост ќе биде
дуплирана. Со оглед на тоа дека неговата агресивност не ја користи за
разградување на физичката храна или актуелните проблеми, истата ја
насочува кон груби, ирелевантни тепачки.
Пиењето е адекватен начин за практикување на одредена
непостојаност, а опијанетоста овозможува пријатна и топла дружба. Но
ова се само фази на искуството, а не целото искуство, и кога пиењето
континуирано го окупира она што треба да е во преден план како да е
неодложна потреба, тогаш не постои можност за други видови и фази
на искуство.
Сличен механизам се случува и при сексуалната
промискуитетност. Овде се јавува потреба за моментално крајно
задоволство, без воведен контакт и постепен развој на релацијата.
Бидејќи промискуитетната личност е ладна и е жртва на тактилно
гладување, таа бара груба тактилна близина со површината на кожата

6
како крајно сексуално постигнување. Иако постојат, се разбира, и други
комплицирани фактори, она што повторно се јавува како проблем е
нетрпеливоста и алчноста.
Кај повеќето, нашите погледи на интроекцијата предизвикаа
речиси едногласно несогласување уште на самиот почеток. Ќе
цитираме неколку коментари од студентите:

„Јас ја негувам илузијата – која вие со сигурност ќе ја дијагностицирате како


невротска – дека да се биде човечко суштество подразбира да се покаже поголема
почит кон величенственоста на душата а не да се насочиме кон храната.“

* * *

„Не можам да разберам како може менувањето на навиките за јадење да помогне


и да ја подобри вашата способност да ги отфрлите интроектираните идеи. Едноставно
не гледам како. Дури и да се поврзани раните навики за јадење со сето ова,
едноставното менување на сегашните навики нема одеднаш да ве направи способен да
согледате дека Фројдовиот концепт за интроекција е погрешен а овој овде дека е до
некаде точен. Зошто не можеме да работиме на нешто што навистина би било корисно,
наместо да се заморуваме со овие глупости?“

* * *

„Целата работа во врска со правењето паралела помеѓу насилното земање на


храна и насилното превземање на некое однесување е некако несигурна, особено кога
носење на минатото со себее само фигуративен начин на изразување. Организмот не
може наеднаш да исфрли некое однесување, ниту пак може да ги гриза и џвака
искуствата. Вистина е дека комплексното однесување може да биде интроектирано, но
според мене тоа нема речиси никаква врска со функцијата на јадењето, особено не кога
станува збор за возрасен човек. Јас ги изоставив експериментите со јадењето бидејќи
мислам дека се бескорисни, а приори, и нема да им посветам ни најмалку внимание
како што им посветив на другите експерименти – тогаш го правев тоа само од
љубопитност. Кажано со зборови на авторите, одбивам да го интроектирам тоа што тие
имаат да го кажат за интроекцијата.“

* * *

„Не сум нешто повеќе импресиониран или поттикнат од оваа вежба во споредба
со претходните. Иако, во текот на читањето можеше многу да се научи, имено, за
акутното чувство на свесност за сопствените мисли, мотиви, навики, итн., како и да се
добијат трајни придобивки кои потекнуваат оттука, сепак јас сè уште не можам да ја
разберам есенцијалната мисла која стои во позадината на целиот овој збир на вербална
конфузија. Претпоставувам дека водечка мисла на сето ова е да може идивидуата
повеќе да ги препознава процесите внатре во неа, а со тоа и да ги отфрли несаканите
фактори кои се присутни во нејзините мисли и акции. Како што претходно беше
кажано, имено, имам чувство дека авторите ставаат преголем акцент на студентот, а

7
исто така чувствувам и дека вежбите вклучуваат преголема окупираност со себеси – ова
може да биде дефинитивно опасна работа доколку не е под стручно водство.“

Во сите погоренаведени извадоци се става вообичаениот модерен


акцент на вербалните докази. Впрочем, постојат бројни „објективни“
експериментални откритија кои може да се наведат во овој контекст, а
кои ќе бидат доволни за да ги обврзат погоре цитираните студенти да
дадат интелектуално одобрување на материјалот кој е презентиран
овде; во секој случај, она што ние го бараме не е вербална согласност
туку динамички ефекти кои можете да ги добиете преку дирекно
откривање и докажување на целите на вашето сопствено невербално
функционирање.
Неколку лица, очигледно не можејќи туку така да ја отфрлат
теоријата, па ја отфрлиле само привремено така што го одложиле
нејзиното невербално тестирање:

„Ставам знак прашалник на сето ова и се мислам како, по ѓаволите, може да


постои функционален идентитет од било каков вид? Целата оваа работа ќе морам да ја
одложам за периодот кога летово ќе си одам дома и тогаш ќе поработам на ова.“

Какви и да имале сомнежи во однос на теоријата, повеќето


студенти завземаа експериментален став во однос на испитувањето на
процесот на јадење и пријавиа различни откритија за нивниот
вообичаен начин на хранење:

„По концентрирањето на начинот на кој јадам, видов дека јас не знам како да јадам,
туку само лакомо и ненаситно ја голтам храната. Не можам да престанам да јадам брзо
дури и кога немам причина да брзам. Открив и дека речиси воопшто не ги користам
моите катници.“

Проблемот со одржување на видлива силуета доминираше во


многу извештаи.

„Пробав еден фустан кој прекрасно изгледаше во списанијата Вог и Харперовиот


Базар. Тоа што го видов во огледалото воопшто не личеше на мојот виток, висок и
русокос идеал. Се изнервирав и се згрозив од себеси и се заколнав дека ќе држам диета.
Но пота ми стана толку жал за себеси што седнав и изедов едно парче торта и уште
нешто благо.“

Ќе цитираме во детаљи неколку обиди за џвакање на храната до


степен на нејзино доведување во течна форма:

8
„Со оглед на тоа дека јас сум добро познат во семејството како тип што „голта
храна“ и како „некој што чита додека јаде“, со нетрпение ги чекав експериментите со
јадењето. Тие беа добри, но некако имав страв дека ќе бидат премногу функционални,
па престанав пред да отидам предалеку.
„Најнапред забележав како ја земам храната, и не бев премногу изненаден кога
видов дека сум „делумно-гризај, а остатокот кини го“ вид на оператор. До некаде беше
лесно да забавам доволно и да почнам да ја одгризам храната целосно, пред да почнам
да ја џвакам. Но бидејќи јас ретко јадам без да читам, едноставно оваа концентрација на
одгризување на храната наместо нејзино кинење ме понесе кон фантазирање. Само
седев немо, несвесен за тоа што го правам и не размислував за ништо – така што
буквално пред да станам свесен, храната веќе беше голтната.
„Значи, дали јас некогаш ја претворам цврстата храна во течност? Одговорот е
категорично не (веројатно ова е реакција контра мојот татко кој е закоравен Флечерист
– иако тој не мисли така – и тој е најбавниот јадач кој некогаш сум го видела). Се
обидов да џвакам и џвакам се додека храната не стана онолку течна колку што можев
да поднесам, и тогаш забележав две реакции:
„Најнапред, почна да ме боли јазикот во задниот дел. Обично, откако ќе ставам
храна во устата, ништо не се случува сè додека храната не почне да оди надолу низ
езофагусот – значи, не сум свесен за џвакањето, голтањето, дишењето или било што
друго. Кога се обидов комплетно да ја соџвакам храната, увидов дека останувам без
воздух. Јазикот почна неподносливо да ме боли. Се чинеше како да го задржував
здивот. Тогаш морав да ја туркам храната на двете страни од устата, да правам движења
за голтање (иако ништо не голтав), а пота длабоко да вдишам пред да продолжам
понатаму. После овие воведни вежби, ќе морам да ја вратам храната од страните на
устата каде што ја расфрлив и тогаш да ги обработам сите остатоци од последниот
залак.
„Овој опис со многу детаљи за мене е одвратен бидејќи така се почувствував
после неколку залаци – ми се повраќаше. Храната почна да добива одвратен вкус а јас
се фатив себеси како намерно избегнувам да се обидам да ја вкусам или да
почувствувам (насензорен начин) што се случува во мојата уста. Вообичаено, јас не
вкусувам или чувствувам што се случува во устата на било кој начин, но овој
експеримент успеа да ми го врати осетот за вкус така што сега, за да се ослободам од
поттикнатата непријатност, морам да се обидам да се „десензитизирам себеси“.
„Тоа што го мислев погоре кога напишав дека го прекинав експериментот пред да
отидам предалеку, е дека почувствував таква одвратност од она што се случуваше во
мојата уста и ми се појави многу силен нагон за повраќање. Веднаш се пренасочив кон
фантазирање, при тоа велејќи си ‘Ајде да не го расипам целото јадење со овие мачнини;
на крајот, секогаш постои граница’. И така престанав со експериментот. Иако е
очигледно дека се работи за отпор, јас ова го повторив два пати.“

Еден студент кој смета дека има добри навики во однос на


јадењето, го наведе следново:

„Кога бев дете, овие добри навики во однос на јадењето не беа присутни. Јас многу
слабо џвакав и веројатно го интроектирав сето она што го јадев, при тоа обидувајќи се
да размислувам или да разговарам за било што само за да не бидам свесен за тоа што го
јадев. Промената се случи кога имав од десет до тринаесет години. Главен настан во

9
мојот живот во тој период беше тоа што татко ми реши повторно да се ожени и тогаш
конечно си заминавме од куќата на мојот чичко каде што до тогаш живеевме.“

Одреден број на студенти дадоа коментари како што е следниов:


„Крајно сум изненадена од тоа колку начинот на кој јас се справувам со проблемите, со
текстот што го читам, со филмот што го гледам, итн. е сличен со начинот на кој се
справувам со храната.“

ЕКСПЕРИМЕНТ 16: Отстранување и Дигестија на Интроектите

Интроекцијата се карактеризира со посебна констелација на


емоции и бихејвиорални тенденции: нетрпение и алчност; гадење и
неговата негација преку губење на осетот за вкус и апетитот;
фиксација, со очајно држење за нешто кое не е веќе хранливо за нас.
Дозволете да го проучиме ова подетално.
За бебињата и малите деца се вели дека се нетрпеливи и алчни.
Овие термини, соодветно е да се користат за возрасни лица кои се
„недозреани“, но не е соодветно да се коритат и за децата. На пример,
бебето кога е гладно, ја бара дојката. Доколку не ја добие, тоа вреска.
Ова е нетрпение? Не, бидејќи врескањето е сѐ што може да направи во
насока на задоволување на своите потреби. Ова не е нешто што треба
да се корегира, туку повеќе да се надмине во текот на развојот.
Нетрпението нема никакво значење доколку се разгледува одвоено од
неговиот опозит, трпението. Возрасните имаат шанса да ги
диференцираат овие начини на однесување преку техники на работа
кои, кога ќе се применат, го создаваат трпението. Детето ги нема овие
техники.
Доколку мајката е полна со љубов, „плачењето за храна“ на бебето
за неа е адекватен и неотповиклив сигнал. Со давањето на дојката,
бебето може лакомо и во истиот момент да го проголта млекото. Ова е
алчност? Не, бидејќи за течната храна не е потребно никакво
задржување пред ингестијата. Однесувањето на бебето погрешно е
наречено нетрпеливо и алчно, бидејќи е очигледно дека тоа е агресија
која е целосно адекватна за ситуацијата во која постои конфлуенција со
мајката. Само кога оваа примитивна агресија не се диференцира во
техники за справување и надминување на препреките и истата останува
кога детето ќе порасне, тогаш може да зборуваме за нетрпение и
алчност. Иако веќе е обезбедено со техники и има можности самото да

10
се грижи за себеси, ваквото „возрасно дете“ – сѐ уште ја користи
својата агресија во нејзината оргинална, примитивна форма –
инсистира дека треба нешто да се направи за него и дека тоа треба
веднаш да се направи!
Доколку ја проучувате сопствената нетрпеливост, веројатно ќе
бидете во можност да го потврдите ова. Ќе сфатите дека тоа е
примитивна агресија – груба реакција со лутина при фрустрација. Ако
кажете „Јас немам трпение за тебе“, тоа е исто како да сте кажале „Лут
сум на тебе бидејќи не го правиш тоа што го сакам во моментов, а јас
не сакам да вложувам дополнителни напори (уништување на пречките)
за да те натерам да го направиш тоа“.
Кај новороденчињата и бебињата можеме лесно да ја набљудуваме
понатамошната диференцијација на агресијата кога преминуваат во
фаза на гризање. Тие сакаат да ја испробаат оваа нова способност со
заривање на забите во сѐ што може да се загриза. Устата исто така,
станува орган на манипулација. Подоцна, рацете ја превземаат раната
експлоративна функција на устата и потоа манипулираат со околината.
Како што се зголемува потребата од диференцијација и разградување
на храната, така следствено устата се специјализира за вкусување и
уништување.
Родителското влијание сериозно се забележува во фазата на
гризање. Имено, гризањето се казнува бидејќи се смета за „грубо и
палаво“, а истовремено храната која детето не ја сака или не ја сака во
тој момент, насилно му се става во устата. Тенденцијата на бебето,
при вакви околности, да направи со забите бариера кон храната која не
ја сака, насилно е поништена. Адекватната експресија е ускратена, па
затоа оралната агресија кај детето мора да биде преместена. Еден дел
од неа е ретрофлектиран за да се поттисне казнивото одбивање на
храна. Другиот дел се насочува кон личноста. Ова се случува и кај така
наречениот „канибализам“ кај оние кои „сакаат да те изедат“.
Со цел да може да ја проголта и да ја чува внатре во себе
несаканата храна, детето мора да го поттисне чувството на гадење.
Освен тоа, спонтаното користење на неговите заби е ускратено; детето
е казнето заради неговото „грубо и палаво“ гризање како и за тоа што
ги стиска забите за да не ја прими храната која не ја сака. Само
цицањето како начин на однесување – кое детето започнало да го
надраснува – е целосно безбедно. Развојот и надминувањето на фазата
на цицање е попречено и, бидејќи со тоа се одложува „гризачкото“
однесување, детето до одреден степен го задржува цицањето и

11
продолжува да биде „нетрпеливо и лакомо“. Само течната храна сѐ
уште има добра вкус, но таа веќе не е доволна за да го задоволи гладот.
Поради „хранењето според часовник“ и други „научни“ практики
кои можеби биле применети и на вас кога сте биле бебе, блокирањето
на оралната агресија како што е опишано погоре е веројатно до одреден
степен присутно и кај вас. Оваа состојба е основен предуслов за
тенденциите кон интроекција – да го проголташ целосно она што не
припаѓа на твојот организам. Поради тоа, ние ќе го нападнеме
проблемот таму од каде што потекнува, имено од процесот на јадење.
Решението вклучува ремобилизација на гадењето, кое не е пријатно и
сигурно ќе предизвика силни отпори. Поради тоа, во следниот моторен
експеримент ние не предлагаме да го правите истиот како нешто што
треба да се проба на спонтан начин и да се види што ќе се случи, туку
ќе бидеме насочени кон вашата храброст со намера да ја зголемиме.

Во текот на секој оброк, земајте по еден залак – запомнете, само еден единствен
залак! – и целосно соџвакајте го за да стане како каша. Не дозолувајте ниту едно делче
да остане неиситнето, пребарувајте со јазикот и доколку најдете неиситнети делчиња,
продолжете да ги џвакате. Кога ќе бидете задоволни од степенот на соџваканост на
храната, тогаш проголтајте ја.

При правењето на оваа вежба, вие можеби „ќе се заборавите“ и во


текот на џвакањето ќе голтнете. Ќе станете невнимателни. Ќе немате
доволно време. Повремено ќе чувствувате дека сте го „расипале“
вкусот на нешто што било добро. Кога ќе се појави гадењето, ќе ви
биде жал што воопшто сте го започнале експериментот. Но порано или
подоцна како добредојден нуспродукт од експериментот, ќе се појави
многу поголем осет за вкус, хранливост и задоволство од секој залак
какво што не можете ни да замислите, а сето ова ќе го зголеми вашето
чувство дека сте активен учесник во процесот.
Задачата е ограничена на еден залак од секој оброк, и ова без разлика
колку звучи како едноставна работа, ќе биде тешко да се изведе. Тоа
бара реорганизирање на големо количество на енергија. Вниманието не
е насочено кон самото џвакање туку кон однесувањето со кое се
разградува и се асимилира реален материјал. Избегнувајте било какви
опсесивни практики како што е броење на движења на вилицата
(Флечеризам), бидејќи ова само ќе ви го пореметува вниманието.

Исто како што го направивте експериментот со соџвакување на еден залак од


храната, пробајте тоа да го направите во интелектуалната сфера. На пример, земете
една комплицирана реченица од некоја книга која е „тешка за разбирање“, и

12
анализирајте ја, така што темелно ќе го разгледате секој дел. Најдете го точното
значење на секој збор. За реченицата во целина одлучете колку е таа јасна или
неодредена, вистинита или лажна. Кажете ја како што ја разбирате, или пак објаснете
си на себеси кој дел од реченицата не го разбирате. Можеби не е дека вие не успевате
да ја разберете, туку едноставно реченицата е неразбирлива. Одлучете го ова за себеси!
Уште еден корисен експеримент, кој во целост го користи функционалниот идентитет
помеѓу јадењето физичка храна и „варењето“ на некои интерперсонални ситуации, е
следниов: Кога сте во некое нетрпеливо расположение – лути, вознемирени, бесни – и
поради тоа сте наклонети кон голтање, насочете ја агресијата кон намерно напаѓање на
некоја физичка храна. Земете едно јаболко или некое тврдо парче леб и покажете му ја
вашата желба за одмазда. Џвакајте колку што можете понетрпеливо, забрзано, брутално
и грубо, во согласност со вашето расположение. Но гризајте и џвакајте – не голтајте!

Невротското проклетство на агресијата има два исклучоци. Првиот


е кога агресијата е ретрофлектирана и насочена кон казнување на
себеси, и вториот е кога агресијата е инвестирана во свесно и морално
осудување при што е насочена и кон себеси и кон другите. Доколку дел
од агресијата биде искористена дентално – тоа значи, во биолошка
агресија на забите – тогаш соодветно ќе се намалуваат нападите врз
себеси и врз другите, и што е најважно, личноста ќе научи да ја
препознава агресивноста како здраво функционирање кое ја превенира
интроекцијата. Таа ќе научи да го одбие тоа што не е сварливо во
нејзиниот физички или психолошки систем како и да го гриза и да го
џвака тоа што е потенцијално сварливо и хранливо доколку адекватно
се раситни и асимилира. И, со почит кон интроектите кои веќе ги има,
таа ќе научи да ги препознае и да ги отфрли, или барем соодветно да ги
соџвака и на тој начин да ги подготви за вистинска дигестија.
Зборот гадење (анг.disgust) потекнува од префиксот dis-, што значи
„без“, и gustus, со значење „сласт“. Ова недоволно го објаснува тоа што
го доживуваме како гадење. Кога ни се гади имаме мачнина и физички
сензации кои одат заедно со обратна перисталтика во алиментарниот
тракт. Оваа променета насока на желудочните и езофагијалните
контракции е, се разбира, креирана за враќање на храната и со тоа да се
овозможи нејзина елиминација или понатамошно џвакање, како што се
случува кај преживарите како што е кравата, која ја прежива
несвраливата или несоодветно соџваканата храна.
Истиот процес се случува во организмот кога околината ни
презентира предмети или ситуации кои невозможно е да се помешаат
со физичката храна туку кои би можеле да се наречат „перцепциска
храна“. Ние ждригаме дури и кога гледаме некој распаднат коњ.
Можеби почувствувавте како малку да ви се „превртеа цревата“ додека

13
ги читавте овие реченици, а секако дека ќе се случеше и нешто повеќе
доколку почневме да ги разгледуваме можностите за земање на
мртвиот коњ како храна. Со други зборови, организмот реагира на
некои предмети и ситуации – и во однос на ова ние не можеме многу да
влијаеме - како тие вистински да биле проголтани и се наоѓаат во
нашиот дигестивен систем!
Нашиот јазик е преполн со изрази кои го опишуваат
психосоматскиот идентитет на гадењето кое произлегува од физичката
храна и кое е несварливо во психолошка смисла. На пример, „Ми се
лоши од тебе“, „Баш е давеж правењето на оваа работа“, „Погледот
беше одвратен“. Лесно е да се сетиме на серија од вербализми за
подригнувањето, кое е релативно слаб но сеприсутен индикатор за
лоша дигестија.
Гадењето представува желба за исфрлање, за повраќање, за
отфрлање на материјалот кој не е во согласност со организмот.
Личноста може „да набута“ нешто во стомакот само со отрпнување и
исклучување на здравите организмички природни процеси на
дискриминација, мирисање, вкусување, итн. При ваквите случувања
важно е личноста и после тоа да продолжи да го чувствува гадењето,
бидејќи тоа ќе и овозможи да го исфрли „она што е набутано“. Со оглед
на тоа дека интроектите се проголтани токму на овој начин, за нивната
елиминација неопходно е да го ремобилизирате гадењето.
Невротичарите многу зборуваат за тоа дека биле отфрлувани. Но
најчесто, ова е проекција кон другите на сопственото отфрлање (како
што и ќе видиме во следниот експеримент). Тоа што одбиваат да го
почувствуваат е нивното латентно гадење од она што го инкорпорирале
во сопствената личност. Доколку го почувствуваат гадењето, ќе мораат
да исповратат и да отфрлат многу од нивните „омилени“
идентификации – оние кои биле неприфатливи и омразени во времето
кога биле проголтани. Или пак ќе треба да поминат низ еден напорен
процес на вадење на површина на интроектите, нивно разработување, и
на крајот конечно асимилирање на истите.
Присилното хранење, присилната едукација, присилната
моралност, присилната идентификација со родителите и сиблинзите,
резултира буквално со илјадници интроекти од се и сешто сместени во
психосоматскиот организам. Сите тие се истовремено несварени и
несварливи. И мажите и жените, веќе одамна навикнати да го
применуваат начинот „како што треба“, продолжуваат да го држат
носот затворен, непцата десензитизирани, и само голтаат и голтаат.

14
Во психоаналитичката пракса пациентот може да лежи и вербално
да ги искажува сите несварени работи кои се насобрале од претходната
сесија до сега. Ова му обезбедува одредено олеснување, бидејќи на овој
начин пациентот го практикува психолошкиот двојник на повраќањето.
Но терапискиот ефект од ова е ништожен, бидејќи интроекцијата
продолжува. Во моментот кога го голта новиот интроект, пациентот не
чувствува гадење, но поради него подоцна вербално ќе повраќа.
Доколку почне да чувствува гадење, тој веднаш ќе го отфрли и нема да
го чува за терминот кога ќе има тераписка сесија. Тој не научува да
џвака и да го обработува она што е хранливо и неопходно. Тој само ги
голта зборовите на својот аналитичар, како нешто ново со кое треба да
се идентификува, наместо да размисли за нив и потоа да ги асимилира.
Пациентот очекува дека интерпретацијата е работа на неговиот
терапевт, а токму оваа интерпретација подоцна ќе му ја исповрати на
својот здодевен пријател. Во спротивно, со „интелектуалното
прифаќање“ на интерпретациите – без конфликти, патење и гадење –
тој како да си става нов товар на грбот, а тоа е уште една компликација
во концептот за себеси.
Ортодоксната психоанализа прави грешка со тоа што не ги третира
сите интроекти како „незавршени работи“ кои треба да се разработат и
асимилираат; според тоа, таа ги прифаќа како нешто што е нормално
присутно во секојдневното однесување, а кое всушност пациентот не го
чувствува за свое и не е нешто спонтано. Наместо да се ограничуваат
себеси само на работење на сонови и некои поспектакуларни симптоми,
аналитичарите доколку почнат да се концентрираат на секој аспект од
однесувањето, тогаш ќе можат да увидат дека интроектираното „Јас“ не
е здравото „Јас“. Зборот „Јас“ е комплетно динамичен, составен од
функции и променливи граници помеѓу тоа што е прифатено и тоа што
е отфрлено.
Кога некој гледа на интроектот како на „незавршена работа“,
тогаш неговата генеза лесно се поврзува со ситуацијата во која се
поттиснува возбудата. Секој интроект претставува преципитат на
конфликтот од кој сме се откажале пред да го разрешиме. Еден од
натпреварувачите – вообичаено тоа е импулсот да се однесуваме на
одреден начин – го напушта полето; настанува замена, со цел да се
обезбеди одредена интеграција (иако таа е лажна и неорганска) која е
во склад со замислата на принудните авторитети. Селфот е освоен.
Со откажувањето, се создава секундарен интегритет – како средство за
преживување – со тоа што се прави идентификација со освојувачот а

15
потоа и вртење против себеси. Самата личност ја превзема улогата на
принудувач со тоа што се покорува себеси, ретрофлектирајќи го
непријателството кое претходно било насочено кон надворешниот
принудувач. Ваквата ситуација вообичаено се нарекува со
конвенционалниот термин „само-контрола“. Тука, иако всушност
поразена, жртвата е охрабрена од победничкиот принудувач да го
овековечи својот пораз со вечно славење на лажната претстава дека
таа е победникот!

Иако е несомнено дека е непријатно, сепак не постои друг начин за да откриете


што во вас не е ваш дел освен преку мобилизација на гадењето и потребата за отфрлање
која го придружува. Доколку сакате да се ослободите од сите страни тела во вашата
личност кои се интроекти, вие морате, во прилогна експериментот со џвакање, да ја
интензивирате свесноста за вкус, да ги најдете точките кога сте „слепи за вкусот“ и да
ги ресензитизирате. Станете свесни за промените на вкусот во текот на џвакањето, за
разликите во структурата на храната, за конзистентноста, температурата. Со правењето
на ова, со сигурност ќе го оживеете чувството на гадење. Тогаш, како и со било кое
друго непријатно искуство кое е лично ваше, и со ова морате да се конфронтирате, да
станете свесни за тоа и да го прифатите. Кога конечно ќе се појави нагонот за
повраќање, направете го тоа. Ќе го почувствувате како да е нешто страшно и болно
само поради вашиот отпор кон него. Малото дете повраќа со перфектна леснотија и со
силен млаз; веднаш потоа детето е прилично задоволно и среќно дека се ослободило од
страната материја која го вознемирувала.

„Фиксациите“ формираат еден друг важен дел од интроективната


констелација. Тие представуваат тенденција кон ригидност и цицање
иако веќе е достигната фазата во која активното гризање и џвакање се
неопходни. Да се биде фиксиран значи да се биде во конфлуенција со
цицањето, со допирањето по кожата, со потребата некој да не држи, со
прелистувањето на спомените, итн. Од наша гледна точка фиксацијата
не е резултат на некое трауматско или Едипално искуство, туку се
работи за структура на карактерот, тоа е ригидна шема која постојано
се повторува во животот на невротичарот. Можете да го препознаете
фиксираниот и конфлуентен тип на личност по неговата стегната
вилица, неговиот карактеристичен глас и неговото мрзливо џвакање.
Тој „истрајно“ се држи до своето. Тој нема да го пушти тоа што го
има, иако тоа – и ова е клучниот момент – веќе не е „хранливо“ за него.
Тој останува во празната врска иако ниту тој ниту партнерката немаат
веќе корист од тоа. Тој ги чува веќе износените алишта, спомените,
забелешките кон него. Тој нема да го заврши тоа што не е завршено и
да проба нова авантура. Таму каде што има ризик, тој ги гледа само
можните загуби, но не и компензирачките добивки. Неговата агресија,
16
која е врзана за вилиците и ги држи стегнати – нешто како да се
обидува да се гризне самиот себеси – не може да биде искористена за
уништување на објектот на кој е фиксиран ниту за било какви препреки
на патот до целта. Тој е премногу чувствителен во однос на
повредувањето и – проектирајќи ја својата неспозната желба да
повредува – има страв дека ќе биде повреден.
Како главна компонента на стравот од кастрација е силниот страв
да повредите некого или да бидете повредени, а vagina dentatа како
честа фантазија при кастрациската анксиозност, е сопствена
незавршена работа на мажот која ја проектира на жената. Многу малку
може да се постигне во работењето на кастрациските фантазии сѐ
додека денталната агресија не се ремобилизира; но еднаш штом оваа
природна деструктивност ќе се реинтегрира во личноста, не само
стравот од оштетување на пенисот туку и стравот од други оштетувања
– на честа, на поседот, на сетилото за вид, итн. – ќе се намалат до
соодветни размери.
Еве една едноставна техника за мобилизирање на стегнатите вилици. Доколку
забележите дека вашите заби се постојано стиснати или сте во состојба на строга
детерминираност, наместо да работите со леснотија и интерес, направете вашите горни
и долни заби лесно да се допираат. Држете ги така да не бидат стиснати, но да не бидат
ни раздвоени. Концентрирајте се и чекајте да видите што ќе се случи. Порано или
подоцна забите ќе почнат да тропкаат, како кога ви студи. Доколку се појави, дозволете
му на ова тропкање да се прошири во општа возбуда со треперење на мускулите.
Обидете се да му дозволите на треперењето и тресењето да се прошири низ целото
тело.
Доколку успешно го направивте овој експеримент, обидете се да ја олабавите и да
ја зголемите амплитудата на вашата вилица. Допрете ги горните со долните заби во
различни позиции – секачите, предните катници, задните катници – а истовремено
притиснете ги со прстите со точките на главата каде што се допираат вилиците со
ушите. Доколку пронајдете болни места кои се тензични, ставете ги во фокусот на
вашата концентрација. Исто така, доколку доживеавте општо треперење во овој или во
некој друг од експериментите, искористете го тоа како прилика да се откажете од било
каква ригидност – до степен на зашеметеност или целосно губење на тензијата.
Пробајте сега да ги стиснете забите силно во повеќе позиции – како да загризувате
нешто. Ова ќе предизвика болна тензија во вилиците која ќе се прошири на гингивите,
устата, грлото и очите. Концентрирајте се на шемата на тензии кои се појавуваат, а
потоа колку што можете побрзо ослободете ги вилиците.
За да ја мобилизирате вашата стегната уста, отворете ја пошироко додека зборувате и
„загризете “ ги вашите зборови. Исплукајте ги како да се куршуми кои излегуваат од
митралез.

Процесот на џвакање не е поврзан само со вилиците, туку и со


грлото градите, а го засега и дишењето и нараснувачката анксиозност.
17
Исто така се проширува и кон очите, доведувајќи ги до фиксирано
зјапање и спречувајќи го „продорниот“ поглед. Доколку вашата
анксиозност се зголемува кога зборувате – на пример, пред публика,
или дури и пред мала група – ќе имате корист доколку го земете во
предвид следното: зборувањето е организирано издишување. Со
вдишувањето се внесува кислород кој е потребен за метаболизмот; со
издишувањето се продуцира гласот. (Проверете колку е тешко да се
зборува додека се вдишува.) Кога сте возбудени, ја зголемувате
брзината на говорот (нетрепение и алчност кои не се манифестираат
при внесувањето туку при изнесувањето) но недоволно вдишувате, а
тоа го отежнува самото дишење.

Еден експеримент кој изгледа како да е едноставен, но во суштине е тежок за


изведување, може да ви помогне за надминување на овој проблем, а освен тоа е и
одличен начин да го почувствувате вашето невербално постоење во однос на вашата
вербализација. Експериментот ги координира дишењето и мислењето (субвокалното
зборување). Ова веќе го имате правено кога претходно работевте на вашата внатрешна
тишина. Зборувајте во вашата фантазија, безгласно и субвокално, но пред одредена
публика или барем една личност. Внимавајте на вашето „зборување“ и дишење.
Обидете се да немате ниту еден збор во грлото („умот“) во текот на вдишувањето;
потоа пуштете ги вашите мисли и дишењето во исто време. Забележете колку често го
задржувате здивот.
Ќе забележите, повторно, колку вашето размислување е едностран
интерперсонален однос, а не давање и земање; вие секогаш држите предавања,
коментирате, осудувате, или се браните, испитувате, итн. Следете го ритамот на
зборувањето и слушањето, давањето и земањето, издишувањето и вдишувањето. (Оваа
координација на дишењето со мислењето е главна и основна терапија кај пелтечењето,
но секако дека е потреба примена и на други методи.)

Експериментите за интроекција псровоцираат најмногу насилни


протестирања од сите други кои претходеа.

„Авторите ги прејдоа сите граници со џвакањето и свесноста за храната. Најчесто


не сме свесни за начинот на кој јадеме, но сигурно постојат полесни начини тоа да се
забележи.“

* * *

„Вашите изјави се ништо повеќе од организирана ирационалност.“

* * *

„Ако вие буквално не каните да џвакаме некое парче храна сѐ додека не ни се


згади од него до степен да го повратиме, тогаш ова е најглупавата работа со која сум се
сретнал воопшто. Се согласувам со тоа дека се случува често да ни се повраќа од некои
18
работи, и веројатно би се чувствувале подобро ако навистина повратиме; сепак, како и
сѐ друго, такак и ова може да ни стане навика а потоа и да бидеме фиксирани за тоа.“

* * *

„Јадењето е јадење и тоа е сѐ. Следејќи ги вашите сугестии, гризнав еден залак и
џваква и џвакав сѐ додека не можев да џвакам повеќе. Потоа го голтнав. Во ред, тоа е
сѐ. Не почувствував гадење. Не можам да разберам како некој може да оди во толку
детаљи во однос на повраќањето. Што има тука да се повраќа? Тоа е само храна! Ја
јадеме секој ден. И сега одеднаш, откако го прочитавме вашиот експеримент, повторно
јадеме и потоа повраќаме. Секако дека сме отворени за сугестии!“

Последната изјава доаѓа од еден од ретките студенти кој беше


запрепастен од тоа дека храната, кога целосно ќе се соџвака, може да
предизвика одвратност кај било кого. Повеќето луѓе едноставно го
земаа здраво за готово тоа дека соџвакувањето на храната до степен да
стане течна може да предизвика гадење, или уште повеќе, дека тоа ќе
продолжи перманентно да се случува! Но зошто? Како што е кажано
погоре, „Што има тука да се повраќа? Тоа е само храна!“
Доколку нема ништо од внатре што е одвратно во врска со ова
особено парче храна – со други зборови, ако тоа е добра храна, а вие сте
гладни – тогаш ако во текот на џвакањето се појави гадење, мора
некаде да грешите! Вие мора да допирате до некоја поттисната
одвратност, која била побудена но не била изразена во некои минати
ситуации. Кога сте принудени да проголтате нешто невкусно, вашиот
метод за справување со ситуацијата бил да го инхибирате џвакањето и
да се десензитизирате во однос на процесот на јадење. А сега се
однесувате како сѐ уште да морате да го правите тоа – и го правите тоа
во однос на секоја храна.
Всушност, сега сте во позиција да можете да избирате. Немате
потреба веќе да бидете, како што вели еден студент, „доброто дете кое
јаде сѐ“. Она што ви е одвратно можете да го отфрлите; она што е
хранливо за вас и со апетит го јадете, можете да го конзумирате со
уживање. Но само откако ќе ја ремобилизирате и изразите
поттиснатата одвратност!
Ајде да го повториме ова уште еднаш. Одвратноста е природна
бариера која ја поседува секој здрав организам. Тоа е одбрана од
внесувањето на нешто во организмот кое не припаѓа таму – нешто кое е
несвраливо или кое е неприродно за телото. Како и да е, со големи
напори, родителите и другите авторитети можат да го натераат детето
да ја демобилизира одвратноста – тоа значи, напад и ставање вон сила

19
на сопствената одбрана кон она што е штетно. Детската природна
способност – која експериментално беше демонстрирана повеќе пати –
за избирање на балансирана исхрана која е соодветна на неговите
потреби е соборена со арбитрарното планирање на официјално
означената „соодветна“ храна во „соодветни“ количини дадена во
„соодветно “ време. Детето нема избор освен да се „прилагоди“ на тоа
да голта што и да му е дадено и колку што е можно да има помалку
контакт со тоа. Еднаш штом природните механизми на одбрана ќе се
соборат, тогаш е многу полесно да се натера детето да голта било каква
неприродна и произволна „ментална храна“ и на тој начин „да се зачува
општеството“ за уште една генерација.
Здравиот начин на јадење кај еден организам – или поточно
кажано, неговиот начин на селектирање и асимилирање на тоа што му е
потребно од околината за неговиот опстанок и развој – за жал не може
да се обнови преку ноќ. Целосната ремобилизација на одвратноста кон
она што е одвратно подразбира и прекин на понатамошното
интроектирање, но тоа веднаш не предизвикува исфрлање на она што
веќе било интроектирано и сега „тежи во менталниот стомак“. За ова е
потребно време и преоден период на повеќе или помалку често или
хронично гадење.
Има големи разлики помеѓу луѓето во однос на нивниот став кон
повраќањето. За некои тоа се случува релативно лесно и носи целосно
олеснување. Други пак имаат високо организирани механизми на
одбрана насочени против повраќањето.
„Јас не можев да го мобилизирам чувството на одвратност за кое се зборуваше,
веројатно поради големиот страв од повраќање. Не се сеќавам од каде потекнува овој
страв, но се сетив дека кога бев многу мал со часови се измачував да го спречам
повраќањето. Не знам дали можеби ова е поврзано со присилното хранење, но мајка ми
сѐ уште зборува за тоа како, кога сум бил мал, таа морала присилно да ме храни, залче
по залче.“

* * *

„При правењето на експериментот почувствував одвратност и желба сѐ да


исповратам. Кога разбрав дека тоа би било добро за мене и кога сакав да пробам да
повратам, секогаш наидував на потешкотии. Се обидов насилно да предизвикам
повраќање пикајќи ги прстите длабоко во грлото, но секогаш се појавуваше силна
болка во градите и поради тоа морав да ја поттиснам желбата за повраќање.“

* * *

20
„Јас можам лесно да повратам. Кога бев дете, ако ми се појавеа проблеми со
стомакот, моите родители ме носеа во тоалетот со инструкции како да повратам. Како
резултат на тоа, за мене повраќањето е совршено природен и извонреден процес на
олеснување.“

* * *

„Кога ја голтам храната, многу често потоа ми се јавува некој притисок во


стомакот или, што е уште почесто, притисок во горниот дел на езофагусот. Имам
чувство како нешто да е заглавено таму не може да се движи ни напред ни назад. Ова е
истото чувство што го имав кога, како дете, доцнев за во училиште. Во таквите
ситуации јас често повраќав на патот до училиштето.“

* * *

„Кога бев мал, времето за ручек често беше прилика татко ми да изигрува строг
родител и да „ни држи предавања“. Понекогаш тоа ми го уништуваше апетитот и не
можев да пробам ниту едно залче, а се сеќавам и дека неколку пати морав да се извинам
што ќе станам од масата и одев да повраќам.“

Со ремобилизација на одвратноста поврзана со јадењето може да


испливаат на површина бројни минати искуства кои треба да се
преиспитаат.

„Веројатно тоа беше само генерализирање, но резултатите кои ги добив од


експериментите со јадењето ме поттикнаа да размислувам за многу работи во мојот
живот. Татко ми постојано ми се вртеше во мислите. Тој е авторитарен тип на човек,
кој сака да ги спречи неговите деца да пораснат. Мислам дека изигрувањето родител за
него е животна задача која е многу поголема од неговите работни ангажмани, и мислам
дека од ова тој никогаш нема се откаже. Многу од идеите со кои ми ја полнеше главата
мислам дека почнав ‘да ги повраќам’. Тие ми го преплавуваат умот, а јас се обидувам
да ги анализирам во согласност со денешните социјални и морални норми. Просто е
неверојатно колку многу работи сум ги земала здраво за готово и сум ги прифатила
како свои, иако сега ми е совршено очигледно дека тоа се негови. Тие не вклопуваат во
мојот живот, и веќе чувствувам огромно олеснување откако се ослободив од неколку од
нив. Тие ми го направија животот непотребно комплициран.“

Еден студент го опиша со многу детаљи освестувањето и


ослободувањето од „интроектираното чувство на вина“ кое е поврзано
со случајната смрт на неговиот брат, кога тој бил мало дете. Процесот
на вадење на интроектот започнал со бурни реакции во стомакот. Ова
почнало да се случува откако извесен период ги правел експериментите
со јадење.

21
Друг студент го опишува напад на бурни реакции во стомакот
речиси уште на самиот почеток на овие експерименти, но тие не
продолжиле да се развиваат сѐ до работата со интроектите:

„Размислувајќи за тоа какви интроекти можеби сум сместил во себеси како страни
тела, јас се вратив на работата со конфлуенцијата каде ги разгледувавме своите
особини, говорот, облеката, итн., како и тоа од кого сме ги присвоиле. Станав свесен
дека размислувам за проблемот со толеранцијата. Тогаш ми дојде: ‘Колку ја мразам
неа!’ Зборовите ‘Јас’ и ‘неа’ беа нагласени – вистински нагласени, со стиснати
тупаници, контрахирани бицепси, стиснати усни, стегнати заби, намуртени веѓи,
пулсирачки слепоочници, и како целото тело да силно да притискаше на земјата и на
клупата на која седев (овој експеримент го изведував во парк). Истовремено – и ова е
нешто кое сметам дека е важно – тензијата и претходното слабо жежење во стомакот
толку се зголемија што почна да ми се лоши. Тогаш ми дојдоа зборовите ‘Тетка Агнез!’
– и целата тензија, жежењето, притисокот и пулсациите исчезнаа. Единствениот
симптом кој продолжи – и тоа само за неколку минути – беше киселиот вкус во устата.
‘Тетка Агнез’ беше јака, доминантна, авторитарна жена која привремено беше
одговорна за мене кога одев таму.
„Пред да започнат експериментите за свесност, колку што се сеќавам, порано кога
ќе си легнев веднаш заспивав и ретко кога сонував. Токму пред да започнам со
експериментите за конфлуенција, почнаа да ми се јавуваат кошмари, и ги имаше секоја
вечер. Откако успеав да го „исплукам“ овој интроект на омраза, кошмарите исчезнаа и
од тогаш многу мирно спијам.“

22

You might also like