Professional Documents
Culture Documents
ФТ Спортисти Усно 1
ФТ Спортисти Усно 1
Дисторзии и луксации
Дисторзија претставува истегање на зглобните врски и капсула. Најчеста
причина е насилно, нефизиолошко истегање на зглобот, при што често доаѓа
до крварење. Болниот чувствува силна болка, зглобот е отечен, осетлив на
палпација и секој обид за движење е болен. Може да има поткожни хематоми.
Лекувањето е конзервативно со гипсена имобилизација. Рехабилитацијата има
за цел подобрување на трофика на мускулатура и обем на движења во зглобот
и опфаќа:
Кинезитерапија
Хидрокинезитерапија
Работна терапија
Електротерапија
Сонотерапија
Термпотерапија – во подоцен стадиум ако има контрактури
Кинезитерапија
Хидрокинезитерапија
Работна терапија
Електротерапија (ДД, ИФ, ЕФ, магнет)
Термотерапија – ако има контрактури
Сонотерапија
Фототерапија
Контузија на колено
Контузија на колено е повреда која настанува со пад или со директен удар со
тап предмет на меките ткива или зглобните површини, при што доаѓа до
крварење на меките ткива и излив на крв во зглобниот простот. Се јавува
најчесто кај груби спортови. Повредениот чувствува болка при движење и при
допир, се јавува оток и црвенило. Прв метод на терапија е примена на
криотерапија, за намалување на болка, оток, излив и крварење. Се
дијагностицира со физикален преглед и РТГ снимка. Неопходна е
имобилизација од 7 до 14 дена, по што се применува ДД, ТЕНС, ИФ, ЕФ со
новокаин, ласер на болни точки, УЗ, од кинезитерапија активни вежби за цела
нога, статички вежби за квадрицепс, активни вежби на соседни зглобови,
пасивни или активно-потпомогнати вежби на повредениот зглоб (коленото),
хидрокинезитерапија.
Луксација на рамо
Луксација претставува излегување на една зглобна површина од нејзиното
лежиште во зглобот под дејство на надворешна сила. Сублуксација
претставува некомплетно напуштање зглобната површина од лежиштето во
зглобот под дејство на надворешна сила.
Дислокација на рамо настанува најчесто како резултат на пад, при што раката е
екстендирана, во адукција и надворешна ротација, или при удар во заден ден
на рамо. Разликуваме антериорна и постериорна дислокација на рамо. При
антериорна дислокација, раката е во положба на надворешна ротација, а при
постериорна, раката е во положба на внатрешна ротација.
Пателофеморален синдром
Пателофеморален синдром е многу честа појава кај спортисти, а претставува
болка во преден дел на колено. Се смета дека е предизвикан од зголемен
притисок во пателофеморалниот зглоб, слабост на квадрицепс, коскени
абнормалности, слаба биомеханичка контрола, абнормална мускулна
рамнотежа итн.
Клиничка слика – Симптомите се јавуваат при активности при кои има голем
притисок врз зглобовите на колената – качување по скали, трчање по
надолнина, скокање, наведување итн. Најкарактеристичен симптом е
континуирана, тапа болка, која е лоцирана позади пателата и се јавува
неочекувано, особено при активностите кои ги спомнавме претходно.
Крепитации, атрофија на квадрицепс, и проксимална мускулна слабост која се
манифестира со отежнато стоење на една нога се исто така чести знаци.
Контузија на карлица
Контузија претставува повреда која настанува при директен удар по меки ткива
или зглобни површини. Во случајот на контузија на карлица, повредата
настанува при директен удар на карлицата при што освен меките ткива околу
неа, зафатена е и самата карлица со процесот на контузија. Вообичаено,
најчесто зафатени се главата на фемурот и гребенот на илиумот.
Спондилоза