Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

:

САМОУБИСТВА
Изработиле
2020
Терминот самоубиство т.е. suicidum се однесува на свесно, намерно одземање
на сопствениот живот. Во судската медицина за да може да кажеме дека станува збор
за самоубиство, мора да се исполнети три услови, и тоа:

1. Свесност за сопствените постапки и последиците кои произлегуваат од тоа


2. Мора да постои намера за да се изврши самоубиството
3. Неопходно е самоубиецот сам, без помош од други лица да ја изведе
целокупната постапка на самоубиство.

Со внимателна анализа на секое самоубиство може да се откријат фактори кои можеле


да влијаат да лицето изврши самоубиство. Тие фактори се:

 Суицидогена диспозиција- природна или стекната состојба на намалување


на животните нагони за самоодржување или неадекватна психичка реакција
на внатрешните и надворешни дразби
 Суицидогени мотиви- проблем кој самоубицеот го сфаќа како доволна
причина за да си го одземе сопствениот живот. Мотивот може да биде еден
или да станува збор за повеќе мотиви: тешка болест, економски причини,
морални причини, причини од емотивна природа и слично
 Суицидогена симулија: алкохол, дроги

Самоубиството не е кривично дело, но наведување на самоубиство и негово помагање


се сметаат за кривични дела.

Начинот на извршување на самиот акт на самоубиство многу зависи од


различни фактори и тоа: достапноста на методот, социоекономскиот статус на
индивидуата, влијанието на религијата и верувањата како и културолошките
карактеристики на општеството.

Еден од почестите начини за извршување на самоубиство е преку бесење пришто


телото е целосно или делумно суспендирано на вратот, а се разликува од странгулација
т.е. давење бидејќи во тој случај вратот е затегнат од надворешна сила а не од тежината
на самото тело. Бесењето најчесто резултира со смрт со асфиксија.

Скок од висина е истотака чест начин за изршување на самоубиство.

1
Горење т.е. самозапалување е поретка форма на извршување самоубиство при што
самоубиецот пред извршување на самиот акт се полева со леснозапаллива супстанца
(најчесто керозин).

Чест начин на извршување на самоубиство е преку ингалација на отровна супстанца


(како на пример јаглерод моноксид кој е издувен гас од автомобилите), ингестија на
една или повеќе супстанци и тоа најчесто лекови (нивното присуство може да се
докаже во крвта на самоубицеот) или преку користење на пестициди, детергенти т.е. со
користње на хемиски методи.

Со цел да се утврди за кој облик насилна смрт станува збор потребна е заедничка
соработка од стручни лица од различни профили. Постапката вклучува некоку етапи а
најзначајни се: иследување и форензичка обработка. Најважно во самиот процес е
судско- медицинското вештачење т.е. самите судско медицински карактеристики.

Механички повреди

Убодите се среќаваат многу почесто кај убиства споредено со самоубиства.


Поголем број убоди се среќаваат во случаи на убиство, како и неприступачност на
повредениот дел од телото со сопствената рака, нанесување на повредата кроз облека,
убоди низ градната коска како и повреди на ребрата. Посебно значење имаат
одбрамбените посекотини на рацете и дланките. Тие се карактеристични за повреди со
нож, настануваат на подлактицата и надлакотната страна на шаката кога жртвата се
брани од напаѓачот со поставување на раката во заштитна положба кон напред и
високо. Може да настанат и во ситуации кога жртвата се обидува да го фати ножот со
својата дланка. Предилекционо место за самоубиствени убоди е пределот на срцето,
вратот и абдоменот (харакири). Самоубиецот е притоа најчесто гол.

Посекотини се среќаваат почесто во случаи на самоубиство а предилекциони


места се пределот на вратот и раката. Кај самоубиствени посекотини на вратот,
посекотината ја зафаќа спротивната страна на вратот од раката која самоубиецот ја
користи. По локализација се наоѓаат на горната третина на бочната страна на вратот а
правецот на протегање е од горе кон доле и напред. Покрај тоа што постои една главна
посекотина, често се наоѓаат и неколку пробни посекотини кои настануваат на истиот
принцип. По длабочина, самоубиствените посекотини не се многу длабоки, обично
достигаат до големите крвни садови на вратот, ретко до душникот. При преглед на

2
телото на починатиот може често да се откријат и свежи обиди за самоубиство и на
други локации.

При убиства, посекотината на вратот е на предна страна на врат и најчесто ја следат и


убоди на тело како и одбрамбени посекотини и оштетувања на облеката. Раната е
повеќе хоризонтална и длабока- до ‘рбетниот столб.

Кај стрелни рани постојат одредени сличности и разлики во зависност од тоа


дали се нанесени со оружје со кратка или долга цевка и во едниот и во другиот случај
најчести таргет органи се срце и мозок. Во секој случај мора да бидат земени трагови
од барутната експлозија од и околу раната, дланките како на потенцијалниот
самоубиец и убиец.

Во случаи на самоубисто, кога е употребено оружје со долга цевка, сомоубиството се


изведува така што цевката се прислонува кон телото. Пушката притоа убиецот најчесто
ја прислонува кон пределот на срцето, под брадата, во уста и на чело а ретко на
абдомен. Наодот на влезна стрелна рана на други места, особено на ззадната страна на
телото оди во прилог на убисто исто како и наод на повеќе стрелни рани.

На убиство треба да се мисли кога повредата е нанесена од релативна близина особено


од далечина. Кај самоубиство со оружје со кратка цевка обично се работи за
прислонување на оружјето, предилекциони места се главата и срцето.

Кај стрелни рани во пределот на срцето, насоката на каналот е од напред кон назад
обично од десно кон лево. На глава повредите се забележуваат во пределот на
слепоочниците, усните, под брадата, ретко на други места. Најчесто повредите се во
пределот на десната слепоочница кога правецот на каналот е од десно кон лево, од
доле и напред кон назад.

Тапите повреди најчесто се со механичко оружје, пад од висина.

Од тапите механички предмети најчесто се користат разни занаетчиски алати и алатки


од земјоделитео како и предмети од домаќинството. Со нив најчесто се нанесуваат
повреди на поглавината и главата.

При пад од висина не постои нитуеден медицински наод кој би укажал на тоа дали
станува збор за случаен пад, туркање или намерен скок. Сепак доминираат случајни
падови и самоубиствени скокови а убиства се исклучително ретки. При обдукција

3
осовено се обраќа внимание на заживотните повреди за да не се превиди случај на
накнадно фрлање на лешот од висина со цел покривање на претходно извршеното
убиство.

Асфиктични повреди

Од асфиктични повреди, најчест судскомедицински проблем се стегањата на


вратот со јамка. Во тие случаи се поставуваат неколку прашања:

- Дали трагата на вратот е вистинска или лажна? Лажните траги на стегање на


вратот може да настанат помеѓу набори на кожата кај доста гојазни особи и на
тие места под влијание на бактерии и габи настануваат повреди кои после
смртта се сушат и може да личат на траги на стегање.
- Ако трагата е вистинска, дали потекнува од давење или врзување?
- Дали трагата е заживотна или посмртна? Во решавање на оваа проблемати
помагаат виталните реакции- крвни поливи во меките тквиа и околу преломите
на рсквицата и подјазичната коска, точкести крварења и слично.
- Дали постои обид за прикажување на убиство како самоубиство со цел
прекривање на злочинот.

Физички повреди

Меѓу физичките повреди најсериозни во судската медиицна се лешеви од


пожари кога треба да се издиференцираат заживотото горење од посмртно запалување.

На отворен просор најчесто страдаат земјоделци кои палата остаоци па пламенот


случајно им ја зафаќа облеката. Доколку облеката е од некој синтетски материјал,
пламенот за многу кратко време го зафаќа цело тело. При обдукција покрај изгореници
од различен степн, се среќаваат апсолутно витални изгореници за усни, јазик, грклан
поради вдишување на пламен. Бидејќи станува збор за отворен простор, во крвт нема
високи количини јаглероден моноксид но сепак концентрациите се секогаш над 10%.

Самоубиствено самозапалување е од демонстративен карактер и се изведува пред


голем број сведоци.

Во затворен простор каде гори поголема количина материјал, се развиваат поголеми


температури, изгорениците се потешки, често водат до јагленисување на телото.
Постојат апсолутни витални реакции но процентот на јаглероден моноксид во крвта е
4
многу висок. Смртт може да настане поради труење со јаглероден монноксид или
оради пламен кој го зафаќа телото. Наод на смртоносни количини т.е. концентрации на
јалероден моноксид во крвта е доволен да ја разјасни природата на смртта.

Во сообраќајни незгоди, после судар може да се развие пламен кој ги зафаќа самите
патници во колите и нивната смрт мпже да биде резултат на тој пламен а не поради
повреди од самиот судар. Крајниот заклучок се носи после обдукција, после
утрврдување на тежината на повредите, зафатеноста на дишните органи и
концентрацијата на јаголерод моноксид во крвта.

При обдукција на јагленисани лешеви, се откриваат случаи на убиство и посмртно


палење. Во тие случаи нема заживотни промени во дишните органи, а од друга страна
постојат траги за заживотно насилство на други начини: стегање на врат, убоди,
прострели.

Користена литература:

1. https://www.termedia.pl/Analysis-of-suicide-cases-in-post-mortem-examination-
files-of-the-Department-of-Forensic-Medicine-at-the-Medical-University-of-
Bialystok-2003-to-2015-,82,30687,1,1.html
2. Valipour, Rooholah MSc∗,†; Shekari, Ahmad MSc∗,†; Setareh, Mehrdad MD∗,†; Soltaninejad,
Kambiz PharmD, PhD† Pattern of Suicide Methods and Postmortem Toxicological
Findings in Suicide-Related Deaths, The American Journal of Forensic Medicine and
Pathology: March 202 - Volume 42 - Issue 1 - p 23-29 doi:
10.1097/PAF.0000000000000607
3. Janica M, Szeremeta M, Bondar A, Lomperta K, Drobuliakova P, Niemcunowicz-Janica
A. Analysis of suicide cases in post-mortem examination files of the Department of
Forensic Medicine at the Medical University of Białystok (2003 to 2015). Arch Med
Sadowej Kryminol. 2017;67(1):1-15. English. doi: 10.5114/amsik.2017.70334. PMID:
28972355.
4. Mohanram, Arun & K, Yoganarasimha & Kar, Nilamadhab & Palimar, V & Mohanty,
Manoj. (2006). Methods of Suicide: A Medicolegal Perspective.. Journal of Indian
Academy of Forensic Medicine. 28. 22-26.
5. M. Tasic Sudska Medicina,

You might also like