Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Осмомартовски подароци

Николин Јована
Учителката: Дамјан Глорија Михаела Каракачанова
ликови: а Ла

Се слуша пред празникот на мајките - Осми март - во училница


Ученити пишуваат, гледаат во тетратките на своите соученици, се врткаат,
шепотат.
ЛИНК: https://www.youtube.com/watch?v=BheTIc1_NOw&ab_channel=IlceVancovski
Учителката: Деца, ги напишавте ли честитките веќе?
Сите: Да-а-аа!
Учителката: Многу добро. Мајките треба да ги сакате многу, многу, од се срцето.
Дамјан : Ја сакам мама зошто е нај-нај-најубава од сите!
Николина: Твојата е убава, но мојата е уште, уште, уште поубава!
Дамјан : Не твојата, туку мојата, разбра!
Николина: Мојата, мајка! Таа изработува очила.
Дамјан : А мојата шие убави фустани.
Јована Каракачанова: А мојата е кондуктер во автобус, во голем аутобус.
Гласови: Мојата е лекарка ... Мојата е продавачка!... А пак мојата мајка работи во пошта! ... А
мојата прави чоколада...
Учителката: Тивко, ученици! Се радувам дека ги сакате свите мајки и се гордеете со нивните
професии, го цените нивниот труд. Утре е Осми март, празник на мајките. Ќе ги пречекаме со
песни и ќе им дадеме подароци. Кажи, Глорија, ти што ќе и дадеш на својата мајка?
Глорија: ( силно ) Ролерки! ( Во училната избувнување смев)
Јована Каракачанова: Их ама си смислила! Мајка ти нема време да си игра по улици.
Глорија: Ништо. Јас имам време ( Пак смев )
Учителката: А ти, Михаела, што ќе и подариш на мајка си?
Михаела: Бел фустан со ѕвездички - да светкаат, да светкаат.
Учителката: Јована , ти што ќеи подариш на мајка си?
Јована Л.: Мајка ми не е дома, таа е на гости.
Јована Каракачанова: Но ти имаш и баба. Дај и го подарокот нејзе.
Јована .: Да, но баба ми не е мајка. Таа е само баба.
Јована Ла: Зошто не е мајка? ( се исправа луто)
Учителата: Ученици, Осми март е празник и на бабите, и на мајките и на девојките - на сите
жени во светот! Ајде сега да ги прочитаме вашите честитки до вашите сакани мајки, тетки,
баби...
Најубавиот подарок за сите нив е оној кој се подарува со чисто срце. Оној кој го направиле
вашите вредни рачиња и во него ја ставиле цела љубов што ја имате во вашите срца за сите нив.
читаат на глас еден по еден
Дамјан : Во утра рани, штом зората руди,
со топол шепот, мама ме буди.
Над мене стои, и нежно се свила,
во својот поглед, насмевки скрила
Николина: Мила моја мамо,колку си ми мила,
љубов ти ми даваш,ти ми даваш сила.
Твојто лице свети,зрачи грижа блага,
вечно ќе те сакам,мајко моја драга.
Јована Ка: Мамо.мила мамице,
лична како цвеќе.
покрај тебе секогаш
бескрајно сум среќен.
Твојта топла насмевка
како сонце грее,
кога ти ми зборуваш
чинам славеј пее.
Глорија: Твоите зборови звучат мило,
мила мајко,секој час.
Мене твојот лик ме гали
Каде и да бидам јас.
Јована Ла: Мајчин збор е многу скап,
кога зло не дави,
кога падне духот слаб,
силни тој не прави.
Михаела: Ѓердан од ѕвезди,в ноќта што светат,
мајко за тебе јас денеска плетам.
Нај убав мајко, украс тој ќе е,
дење и ноке знај в блесок ќе грее.
НАСТАВНИЧКАТА: Браво драги ученици. Прекрасно напишано. Го разгаливте моето срце со
вашите прекрасни мисли создадени од љубов и почит. Ајде сега сите заедно да ја испееме
песната со која утре ќе ги поздравиме мајките!
ЛИНК : Мила , мила моја мамо https://www.youtube.com/watch?
v=dblDatrSSSo&ab_channel=Potocinja Децата почнуват да пеат.

You might also like