Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Автара- Бавтара

Во речникот на авторот, тој за овој збор кажува дека ако нешто значи на некој јазик тој
јазик авторот не го знае, незнае ни што значат зборовите. Песната има четири строфи
со различен број на стихови. Песната набројува и реди кој се интересира за нојовите
јајца: главари,козари,лозари. Песната е детска, забавна, хумористична. Има рима и
рефрен: „автара-бавтара,бавтара-тавтара“. Можеби авторот сакал да ни прикаже со
оваа песна до каде може да го однесе љубопитноста човекот: „од такви удари, надошло
море,до сонцето горе, јајцата се поплавиле, за малку сите не се удавиле“.
Литературен род: Лирика
Литературен вид: хумористична лирска песна
Литературна форма: песна во стихови
Мотив:непознатите нојови јајца
Рима: главари-кравари, козари-лозари, автара-бавтара-тавтара, двајца-јајца, удари-
рудари, море-горе,поплавиле-удавиле
Чувства: љубопитноста на племенските главари,кравари,козари,лозари
Ликови: главари,кравари,козари,лозари

Што шепоти тревата


Има 6 строфи и се со различна големина, имаат различен број на стихови.
Во оваа песна авторот не води низ сонот на едно црно мало гвинејско дете, и се
прикажани сликовито настани во кои главен лик е слонот Џон и мајмунот Кон. Мајмунот
берел банани и го хранел слонот Џон а пак слонот го бранел од сите ѕверови мајмунот
Кон.Но еднаш мајмунот Кон сам пошол низ џунглата и бил изеден од еден гепард,
додека слонот со сурлата берел и јадел банани. Слонот останал сам и солзи леел и
срцето го болело од тага. Одделувањето од пријателот мајмунот го платил со својот
живот, можеби во некои животни ситуации е потребно да се биде во близина на
пријателот затоа што се знае двајца се посилни од еден.
Литературен род: Лирика
Литературен вид: хумористична лирска песна
Литературна форма: песна во стихови
Мотив: загубата на Кон
Рима: сон-Џон-Кон,кон-сон,хранел-бранел, спр-грб, речен-влечен, миг-крик, грее-лее,
бол-зол
Чувства: слонот бил тажен и солзи лее и во срцето носел болка за својот другар
Ликови: слонот Џон и мајмунот Кон

Суданска балада
Има 6 строфи од кои 1-та,3-та,5-та имаат по 6 стиха, а 2-та,4-та,6-та по 4 стиха. Песната
е лирска, има наслов и има рима.Навидум морничава а всушност е детска и
интересна.Во оваа песна авторот не води низ Африка. Прикажани се настани каде било
ноќ и најпрво тројца црни минувале а позади нив тоа не било нивната сенка туку гепард
и и чашка топло млеко, а млекото во Конго чул дека било од лилјак или од був.
Литературен род: Лирика
Литературен вид: хумористична лирска песна
Литературна форма: песна во стихови

You might also like